Не мора да значи дека нешто не е во ред. Платите се генерално мали (во споредба со други екипни спортови), па речиси сите играчи се обидуваат да зграбат колку што е можно повеќе кога имаат шанса за истото. Во исто време, договорите (најголемиот дел од времето) служат за бришење на газ. Уште кога ќе го додадеме фактот дека станува збор за играч кој има 34 години, со еден куп медали во својата кариера, ништо не ме изненадува.
Такви беа и случаите со Јотиќ (кој имаше договор на уште една сезона со нас) како и Периќ. Да не ја заборавиме и ситуацијата со Санталов, кој имаше важечки договор со Вардар, немаше обработено ниту тренинг со Вардар, a отиде во Мешков.
Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата, но во секој случај за мене Кевин Њокас не е достојна замена за Гурбиндо. Макар што ако бидеме реални, да најдеш десен бек во овој момент е практично невозможна мисија.