Овие Бојкотирам више 3 години неможат асално име да најдат
Неможат зошто луѓето не разбираат колку е тешко да создадеш организација во Македонија од НУЛА. Пеколно тешко е. СДС ја наследија цела структура од КПМ, ДПНЕ имаше масовна и фанатична подршка на терен во 90тите преку која брзо создадоа инфраструктура. Денеска во 2021 и двете партии се товени со државни пари веќе 30 години.
Денеска во 2021 ако пробаш нешто почнуваш од -10 не од нула. Народот е комплетно обземан од чумата наречена циницизам и е невозможно да се создаде масовна популарна подршка како во 90тите што имаше ВМРО. А за да дојдеш до инфраструктурата на СДС и ДПНЕ треба огромни суми на пари ако немаш масивна популарна подршка.
Буквално е catch 22. Без инфраструктура не можеш до масовна подршка, без масовна подршка не можеш до инфраструктура. Сите што викаат абе не ти требаат штабови, не ти треба ова, не ти треба она. Еве земете пробајте организирајте партија, движење, што било. Ви гарантирам дека ќе се откажете за 2 месеци максимум.
Кажете им на потенцијалните партнери дека ќе треба од свој џеп да даваат барем по 300-500 денари месечно и барем по 8 саати неделно да трошат време, а во замена има скоро 0% шанса нешто да добијат назад и минус 20% шанса дека нешто и ќе постигнат. И ќе видите каков ќе биде одзивот.