Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Од денеска нов играч на Вардар е Иван Николов, доскорешниот капитен на репрезентацијата на Македонија до 19 години.
Инфо од ФК Вардар
Заглавиле хахаИма некој инфо, стигнаа новите дресови?
Стигнати се и беа дадени на штампање. Мислам пишав пред недела дена. И претпоставувам ќе играат со нив утре.Има некој инфо, стигнаа новите дресови?
Влези со групата. Поединечно тешко, ќе ти бараат сигурно..Ќе може невакцинирани да се влезе? У кратово демек барале па се создало гужва па на крај сите влегле не ги проверувале темелно. За Скопје како ќе биде? Или да си дојдам па да си пробам среаќта?
Покажи некој сертификат, не обрнуваат внимание.Ќе може невакцинирани да се влезе? У кратово демек барале па се создало гужва па на крај сите влегле не ги проверувале темелно. За Скопје како ќе биде? Или да си дојдам па да си пробам среаќта?
Ај друже стварно треба на препознавање на играчите да те пратимеАјде бееееее!!!
Тежок натпревар. Одлично што дадовме и втор гол во последните моменти. Се деси урнебес на вториот гол, се преврти трибината.
Тепавме како што Силекс не тепаше во Кратово. Две шанси, два гола, они имаа поизградени акции, ама без завршница.
Овој Симов го испомеша составот. Скоро цел тим го смени од Кратово.
Не ги препознавам многу играчите, особено што ми личи дека ги менуваат головите.
Во одбрана игравме со Мишковски и претпоставував Стојковски, ко да не го препознав Стојанов. На бекови немам поим кој играа. Не беше ни Илиоски, ни Глишиќ, а мислам дека ни Шабани не играше. Во второ ко да влезе Давид Велковски, а влезе и Глишиќ.
Јас мислам сто играчи сменивме денес. Прво полувреме играа Блажевски, Љамче, Керим, Петров, Наумовски и ваљда Гроздановски во нападот. Второ полувреме играа и Костовски, новиот од Ѓорче, Шиле, Петковски, а и уште некој ко да се смени. Пеев го немаше.
Мишковски искина во одбрана, ама имаа една добра шанса од страна, со шут крај гол, во прво полувреме Илиќ еднаш излета лошо, а во второ Глишиќ лошо загради, имаа полушанса, ама Илиќ ја фати.
Ние освен головите немавме некоја посериозна шанса.
За првиот гол, жутоклунецот Наумовски добро прими во шеснаесетник и пласираше во агол, многу јак гол.
Во второ полувреме Воска притискаше јалово, па почнаа да играат грубо и да провоцираат. Ама помина времето кога бевме индијанска група, ниеднаш не навредивме и се навиваше само за Вардар. Ваљда одеа на прекин, но не го добија. Маваа лактици, паднаа сто жолти и за нас и за нив. Мишковски се онесвести при еден јак удар во глава, а они наместо да ја прекинат играта, испоскокаа сите од ложа дека наводно држиме време. Човеков ќе го голтнеше јазикот, нашиве доктори одма влетаа во терен. Цицмиловиќ свињата доби црвен картон.
И кога они притискаа за израмнување, некаде го 92 минута, одиме во контра, топка до осамениот Фичо, овој додека ја смири, додека ја загради, го стигнаа, ама ја сврте до Костовски кој одлично ја зачула во голот. И тука превртување...
Одлично исполнет стадион и прекрасна атмосфера. Имаше и кореографија и пиротехника и добро навивање.
Доказ дека без Вардар, прва лига е умрена лига.
Преважна победа, со директниот ривал. Опасна екипа се Воска, поубоити во напад, со побрзи играчи. Во прво полувреме на десниот бек му го испија паметот. Некој од поискусниве го седна на страна, да му објасни како треба да се гради, а не да плива во секој дуел.
Сега не чека уште потежок дуел, на гости со Велешта, кој мора да се победи. После ќе биде полесно.
Инаку, не сум многу сигурен во квалитетите на Симов како тренер...