Најефтин супермаркет

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Тој што пиша дека на Стокомак газди биле двајца браќа што работеле исто како работници.
Епа еве што се случува. Стокомак пишува дека нештото е на акција, а во маркет го нема. Една цена на акција, ја наплаќаат реалната... На тој начин си заработуваат екстра пари. Истото е и со Киппер. Во Кичево, цела година го продаваа лебот сечен 10 ден. со загуба, за да привлечат муштерии, а сега си лупаат маржи. И јајцата ги даваа со загуба. Тој комплекс кај Кам го немам слушнато. Киппер и Стокомак добија лажна слава во периодот на Ковидот, и тоа многу ги удри. Иначе 2018 година ни Стокомак ни Киппер не беа вака распространети. Можно е зад Киппер да стои Турската Халк Банка, а зад Стокомак не знам.
Офф топик-Не може Витанез да се спореди со Ле Бон мајонез од Кам. А имаат слична цена.
Не може Тиквеш да се спореди со Чардак вината од КАМ. Иста цена, ама не чинат едноставно...
Автоматски споено мислење:


Тоа ви викам брат. Треба дома да ладам пиво, пример... Затоа Тинекс и Жито ми се подобри.
Впрочем и Стокомак има напишано дека нивната пониска цена на производите се должи на намалените трошоци.
Ама народот нема пари па мора да бара начин да преживее. Мислам дека Македонија има толку многу Дисконти, не знам дали во Германија е случај.
10 000 месечно да штедат за струја по маркет, 100 маркети, 200 000евра годишно, за вработени...
Сепак навика е, кој каде пазари...
Имаат дисконти ама стагнира пазарот. Дисконтите нудат да речам основното што ти треба за секој ден плус неделни акции разни други производи. ОД друга страна имаш маркети кои имаат све (Едека, Кауфланд) и во ковидот луѓето одеа во тие продавници оти со едно пазарење можеа све да купат. Плус помина времето кога Алди маркетите личеа како некоја гаража сите вложија пари да ги направат поатрактивни ете токму Лидл сега ги трансформира маркетите иако веќе пред 4-5 години имаше големо реновирање. Луѓето ем сакаат ефтино и квалитетно ем удобно да им е внатре. Па и марки, Алди почна пред некоја година марки да продава. Секако две различни пазари со поинаква куповна моќ али и дисконт маркетите мора да нудат некоја удобност ако сакаат во иднина да бидат успешни.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Од сите нив можа да земам по нешто.Некои работи ги имаш само кај еден маркет, некои се достс поефтини во друг итн.

Ама во последно време, отприлика со корона срањево паралелно сегде е паднат и квалитет на услуга, исто и број на вработени, производи итн.
Среде корона до една каса и 30 души редица (Стокомак, Тинекс).
Рамстор работат со 2 или 3 каси ама стално е преголема гужва во мојот град.И да, рече некој погоре тие акции со поените ептен им спласнаа.

Се почесто производи со различни цени на флаер/реклама и на фискална после (Тинекс последниот месец 3-4 пати).
Се почесто производи со оштетување (Стокомак на два пати).

Регирано кај двете фирми - не се одважиле ни да вратат на комуникација.
А цените растат на секое ново пазарење.
Битно профитот е стабилен.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.421
Не ми е верно да Рамстор е на дното.
Им враќаат на турците за 5 века под турско...

Има среќа Хитлер што не убивал македонци, иначе овие античкиве само мат-стар ќе носеа и ќе возеа дачија и застава, место мерцедес, ауди, бмв...
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
497
Поени од реакции
714
Рамстор е најскап, хаотично измешани цени, многу чкарт турски производи. Ич не ми е чудно што е последен.
 
Член од
29 септември 2015
Мислења
241
Поени од реакции
317
Пред неколку дена, излезе статистика во 2020 дека во маркетите граѓаните потрошиле скоро 350 милиони евра:

1.Кам Маркет - 170 милиони евра(2020) промет дневно: 466.000 евра

2. Тинекс - 97 милиони евра(2020) промет дневно: 266.000 евра

3.Веро - 88 милиони евра(2020) промет дневно: 241.000 евра

4.Стокомак - 78 милиони евра(2020) промет дневно: 214.000 евра

5.Кипер - 73 милиони евра(2020) промет дневно: 200.000 евра

6.Кит-Го - 65 милион евра(2020) промет дневно: 178.000 евра

7.Рамстор- 54 милиони евра(2020) промет дневно: 148.000 евра
Ете и статистиката покажува тоа што го велев.
Кажав и претходно, секој што нудел роба на поголемиве маркети, знаат кој продава највеќе.
Моделот на Кам е успешен. Плаќа веднаш, добива најдобра цена, веројатно има и најниски трошоци и нуди најевтино.



Кипер искрено ми е малку политички маркет. Одеднаш се отворија 40-50 маркети од кога оваа влада е актуелна. Со какви пари се отворени, не би шпекулирал, но ако гледаме пазарна економија од Запад, фирмите постепено треба да се развиваат а не одеднаш 40-50 маркети со сомнителен капитал.
Кам со години работи, прави промет и дел од средствата инвестира за проширување на бизнисот со нови маркети.

И Тинекс политички тоа го правеше во времето на Вмро со масовно отварање на маркети, ама овде кај Кипер е многу поочигледно. 40 маркети и повеќе во рок од 4 години е пречудно
Имам влезено два до три пати максимум.

Цените се добри, ама немам искрено доверба во фирма од Желино(или кое село беше во Тетовско)
Како увозник на 80% стока грото се наоѓа само он, а таму по тетовските села, контрола никаква нема.

И трето најбезврска ми е што во сред Аеродром, цените т.е производите им се истакнати на два јазици. Онака албанци на прсти се бројат во таа околина, ама он се решил да си ја тера политиката во сред Аеродром. Искрено не би пазарел пак. Некако немам сигурност дека добивам квалитет

Секој од нас си има свои предрасуди каде би пазарел највеќе, каде помалку, а каде по потреба.
Јас гледам најчесто да пазарам од места каде што се троши т.е каде што има пазарна економија, и газдата вложува постепено врз база на добивката од претходните години.

Тоа Кипер според мене неможе да биде, бидејќи оваа фирма, одеднаш гради голем број на маркети, кои јасно е дека не се од профитот од работењето, туку прсти има замешано политиката или влогот е од матни бизниси .
Да ми е најблиску можеби би пазарел, но со доза на претпазливост на многу од производите за кои се увозници.

Рамстор не ме изненадува да е на дно. Кај мене имаат блиску маркет до Тинекс и жив човек не влегуваше. А сум видел дека во други дуќани имаат луѓе. Но овде кај мене Ако влегуваа 20 луѓе дневно среќни беа луѓево. Дури и морбидно, толку роба наредено, а внатре сам пазариш.

А работеше повеќе од 8 години сигурно. Се чудевме со комшии, како не затворија порано. Чиста загуба беше Рамстор со тој маркет. Девојчињата и момците што работеа таму, цел ден си седеа на телефон од тоа што немаше што да прават.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Мене ме чуди за Рамстор оти Рамстор во Капитол мол растура, не знам како е на друго места. Рамстор и Веро се во близина и во Рамстор идат многу повеќе луѓе.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
Добро сега Веро не се толку застапени маркети надвор од Скопје, не им ги знам локациите, можно е да грешам но имаат помали маркети во Тетово и Битола само, па очекувано е да имаат помал приход од Кам и остали кои ги има во секој град.
 
Член од
5 март 2021
Мислења
36
Поени од реакции
44
Мене ме чуди за Рамстор оти Рамстор во Капитол мол растура, не знам како е на друго места. Рамстор и Веро се во близина и во Рамстор идат многу повеќе луѓе.
Во Топанско Поле има 2 Рамстора, првиот таму беше направен пред неколку години, и сред пандемијава направија уште еден безпотреба.Нема луге, скапи им се цените, во Топанско Поле, Вива Фреш им ги зема сите муштерии.Единствено Рамстор што има промет е во Капитол и во Рамстор мал нормално.Ова за Кипер си во право, одеднаш направија нивни маркети во доста места, но пак цените им се простојни.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Кит го маркети купени за 45 милиона евра од Виваа Фреш од Косова. Ми се свиѓа капиталот кој влегува во мк
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.849
Поени од реакции
10.443
Мене ме чуди за Рамстор оти Рамстор во Капитол мол растура, не знам како е на друго места. Рамстор и Веро се во близина и во Рамстор идат многу повеќе луѓе.
по Аеродром добро работат, барем секад има доста луѓе поготово на формула кај комаров, по моловите сигурно се добри...
како и да е треба да сме им благодарни зашто они почнаа со акциите, претходно ни акција ни бутур поготово веро и тинекс дереа


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
29 септември 2015
Мислења
241
Поени од реакции
317
Мене ме чуди за Рамстор оти Рамстор во Капитол мол растура, не знам како е на друго места. Рамстор и Веро се во близина и во Рамстор идат многу повеќе луѓе.
E да, во тој дел слабо е Веро доста. А на времето кога отвори таму се чекаше редици да се влезе. Имаше еден куп грчки производи кои беа со фин квалитет. Мислам дека тогаш за првпат ние во Скопје видовме голем маркет. Мислам дека пред некое време го реновираа и намалија. Или можеби денес ми се гледа мал.
Ех Времиња беа тоа кога беше сам Веро во тој дел и носеше убава роба.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.566
по Аеродром добро работат, барем секад има доста луѓе поготово на формула кај комаров, по моловите сигурно се добри...
како и да е треба да сме им благодарни зашто они почнаа со акциите, претходно ни акција ни бутур поготово веро и тинекс дереа


Sent from my iPhone using Tapatalk
Тој на Фрањо Клуз (Елена Лука) беше постојано празен, не сум поминал некое време тука, ама може и да го затвориле.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
Кит го маркети купени за 45 милиона евра од Виваа Фреш од Косова. Ми се свиѓа капиталот кој влегува во мк
Кит Го ги има само во Источна Македонија, така да ова е позитивно ќе се прошират во Тетово, Гостивар, Кичево, Струга.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.373
Поени од реакции
42.565
Не знам кој е најевтин, јас купувам од тој што ми е најблиску. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom