Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Ронче, што ќе му препорачаш ти, на заболен од Ковид, да земе? Ја виде табелата дека Ивермектинот има ефект врз справување со SARS-CoV-2? Зошто, не знам, ама напишав нешто и за негативните последици од овој антипаразитски лек кој сум ги видел со свои очи, во случај на предозирање.

Секој втор ни умира по болниците, тоа не е лекување, туку се оставени да милост и немилост. Ниту една држава во Европа, па и глобално, нема толку лоши статистики. Зошто умираат во толкав број? Ок, надворешните фактори (коморбидитетите). Што е со болниците, што е со персоналот? Го прочита ли мислењето на Мис Параноја?

Сега ќе одиш со процентот на имунизација. Ајде да се вратиме назад кога сите имаа 0% имунизирано население, и тогаш рушевме рекорди.

Лично, не би зел Ивермектин. Ама не е точно дека е лек за коњи (сега знам дека гледаш CNN, ABC, NBC...). Ако самиот лек покаже ефикасност, зошто да не се користи? Или Фаучи така рекол и така и ќе биде.

Џо е жив и здрав, на општо незадоволство (и Трамп беше опоравен за 2-3 дена). Да, не го следам. И да, имало терапија. Зошто таа не се користи во болниците? Или се мисли на парите, а не на животите кои треба да се спасат?

И сега немало истражувања за Ивермектинот, а за вакцините за итна употреба, морало да се имплементираат, затоа што светот немал време за чекање!

Мислам дека само ти си единствениот наивен на форумов кој верува дека некој политичар се грижи за јавното здравје. Па и оние од Фан Клуб Венко не се засегнати за јавното здравје, туку за своите себични аспирации. Ама си се вакцинирал за бабичките. Секако. ;)

Дамби, мене не ми е гајле за политичарите. Јас ве гледам вас и све пишувате преку призмата на политиката, тешко ми е да најдам коментатор некој што не збори за политика у темава и има објективно мислење. Ти и сам пиша дека отпорот против вакцинацијата е политички. Така да сите муабети ви паѓаат во вода.

пи.ес. Отпорот кон вакцината, до одредена мера, е и еден вид на политички отпор, во форма на недоверба на власта. ;)

...моноклонални антитела се направени од идентични имуни клетки, клонирани од единечна клетка- ,,клон,, , ефектот се применува само после 5 ден од инфекција, ниту служи за превенција, ниту ојачува имунитет ако нема инфекција за што е наменета, а и не постојат витамински инјекции со што ќе се ојача имунитетот во моментот кога телото веќе е нападнат од вирусот,
... ивермерктин како средство против паразити, најде итна примена и е одобрен од СЗО исто како другите неодобрени лекови за лечење на КОВИД19, но само за итна употреба за уништување на коронавирусот впрочем затоа бепе вметнат во протокол за лечење на К19,
Sars-CoV-2 кој како сите други вируси кои предизвикуваат болест и се патогени во телото преставуваат еден вид паразит кој опстанува со инфицирање на нашите клетки, оти сам не може да опстане зљтоа нели е паразит!
Автоматски споено мислење:

Бијонс, ме импресионираш со своето знаење. Секој ден си нов експерт во нешто, вчера знаеше како фунционираат мрна вакцини и како рнк ја афектира днк-та на луѓето и влијае на појавувањето на неплодност, денес еве за моноклони тела знаеш све и кога и како се даваат.
 
Читај убаво што сум напишал, напишав дека е политички до одредена мера.

Ронче, вакцината ви беше морковот со кој беше најавуван спас и враќање во нормала. Сега си вакциниран, а со тоа, по дефиниција и треба да си заштитен. Но гледам дека ви го потпикаа морковот. Одредени држави не признаваат одредени вакцини, вакциниран во одредени држави мора да оди во карантин, се обележуваат цели држави со црвено и има забрани за патувања...секоја држава сама си го прави политиките. Па и дома, сем посета на одредени објекти (кои си ги посетуваме сите, тоа е јавна тајна), нема значителна разлика меѓу нас.

Sorry, but im not. Ете ви ги вакцините, ете ви за ефикасноста, ете ви ја заштитата. Сега мора трета доза, која сега за сега, покажува ефикасност. Таа игра нема многумина да ја играат.

За ова сѐ е дебатирано, вклучувајќи го и моралот, па не гледам причина да се вртиме одново во круг.
Автоматски споено мислење:

Друже, или плаќаш 200 евра или блиски шо боцкаат да ја шприцнат у лавабо, одиш горе и уживаш додека не почнале овде да не ги важат двете дози па мора трета па десета.
Ова е добра идеја, чекај да видам кого имам по вакциналниве пунктови. Ќе ми среди за џабе. :sneaky:
 
Последно уредено:
гледам дека ви го потпикаа морковот.
Време е Дамби да признаеме дека овој светски заговор против човештвото ќе го дотераат до крај како што наумиле некои умоболни моќници.
Ронче и некои други, доброволно без отпор се натртиле да им го пикнат морковот, додека ние, јас, ти, Бафра,Бјонс идр.како во вицот со кокошката и петелот што ја бркал, чекаме да свртиме уште некој круг околу бунарот да не речат сме биле курви..хахаха...
Реков еднаш, јамката ни се затега околу вратот....ако сакаме да одиме на работа, у школо, да патуваме, МОРАМЕ да имаме примено од таа проклета мистериозна вакцина.
Нема бегање....дефинитивно....колку и да одлагаме, вакцината еден ден ќе ни ја збрцаат.
 
Читај убаво што сум напишал, напишав дека е политички до одредена мера.

Ронче, вакцината ви беше морковот со кој беше најавуван спас и враќање во нормала. Сега си вакциниран, а со тоа, по дефиниција и треба да си заштитен. Но гледам дека ви го потпикаа морковот. Одредени држави не признаваат одредени вакцини, вакциниран во одредени држави мора да оди во карантин, се обележуваат цели држави со црвено и има забрани за патувања...секоја држава сама си го прави политиките. Па и дома, сем посета на одредени објекти (кои си ги посетуваме сите, тоа е јавна тајна), нема значителна разлика меѓу нас.

Sorry, but im not. Ете ви ги вакцините, ете ви за ефикасноста, ете ви ја заштитата. Сега мора трета доза, која сега за сега, покажува ефикасност. Таа игра нема многумина да ја играат.

За ова сѐ е дебатирано, вклучувајќи го и моралот, па не гледам причина да се вртиме одново во круг.

работата е многу покомплексна отколку ти што ја гледаш. Не ги земаш во предвид новите соеви што испаднаа и огромниот број на дезинформации кој секојдневно се штанца да се предомисли обичниот граѓанин. Вакцинацијата не е борба против вирусот само, туку е борба со фејк њуз создаден од разни тутурутки кои имаат свое мислење во врска со вакцинацијата.
 
Копенхаген, прати малку. @Dumbledore јас се вакцинирав и допринесов да го постигнеме посакуваниот % за да ги мавнат мерките и луѓево да не банкротираат ( молови, ресторани ), ме чинеше 200 евра.
Друже, или плаќаш 200 евра или блиски шо боцкаат да ја шприцнат у лавабо, одиш горе и уживаш додека не почнале овде да не ги важат двете дози па мора трета па десета. Шо мислиш колку од вакцинираните се вистински вакцинирани? Бијонс докторка ( ако е ) шо мислиш оди на работа без пусулче и прај муабет против ковид вакцината? Кога системот сака да се зеза со тебе и ти се зезаш со него.
Цела среќа и во Данска шо не размислуваат како тебе.
 
Друже, или плаќаш 200 евра или блиски шо боцкаат да ја шприцнат у лавабо, одиш горе и уживаш додека не почнале овде да не ги важат двете дози па мора трета па десета. Шо мислиш колку од вакцинираните се вистински вакцинирани? Бијонс докторка ( ако е ) шо мислиш оди на работа без пусулче и прај муабет против ковид вакцината? Кога системот сака да се зеза со тебе и ти се зезаш со него.

Ако се лажеме.
 
Секој втор ни умира по болниците, тоа не е лекување, туку се оставени да милост и немилост. Ниту една држава во Европа, па и глобално, нема толку лоши статистики. Зошто умираат во толкав број? Ок, надворешните фактори (коморбидитетите). Што е со болниците, што е со персоналот? Го прочита ли мислењето на Мис Параноја?
За тие дополнителни болести на кои се правдаат, интересни се информациите од колумната на Ордановски. Практично сме далеку од првите десет како што сме на врвот по смртност. Дали имаме кадарни стручњаци (пиејџди и коекакви титули) кои ќе го изанализираат овој феномен, не знам.

Небаре македонскиве граѓани се (скоро) светски прваци по висок притисок, дијабетес, гојазност или целивање по свадби!
А не е така: на пример, на светската скала на заболени од дијабетес, Македонија се наоѓа на 148 место во светот; по кардио-васкуларните смртни случаи не сме ни меѓу првите 100 земји во светот; истото важи и за смртноста од пулмолошките компликации; од нас повеќе пушат во неколку дузини земји (не сме прваци ни на Балканот); по дебелината на населението сме рангирани како 77. земја во светот (добро, знам, тука јас своестомачно го влошувам просекот!); а за свадбарските обичаи, бакнувањата и улогата на бајачките во нашиот културен модел оставам самите да ја направите споредбата…
 
За промена аргументирана дебата нема да биде лоша опција. Во првите 5 држави сме по пушачи по глава на жител и во рак на бели дробови по глава на жител. И тоа со 2 мил жители, ништо чудно да се пробиеме и на самиот врв до крајот на оваа година. Тоа се статистички информации собирани години наназад.

Од друга страна има студии каде потврдуваат дека загадувањето има влијание врз стапката на смртност од 10-25% различно во секоја држава. Ние ги имавме 2та најзагадени градови во светот извесен период, заедно со неколку од Индија и Кина кои се Х пати поголеми од Тетово и Скопје.

Животниот стандард. 1/3 од населението ни живее во сиромаштија или на раб на сиромаштија. Дали исхрана влијае врз здравјето? Секако. Па и оние кои не припаѓаат во тие 1/3, дел немаат време за разноликост во исхраната, па бутаат се што ќе најдат. Тоа нема врска само со дебелината.

Тоа се факти. Факти се и лошите услови во болниците. Но од друга страна има држави во светот (во Африка и Ј. Америка) но полоши услови и стандард. Зошто и тие немаат волку црни статистики? Убедливи сме во Европа по смртност од Ковид на 100.000 жители!

Србија, која помина низ војни, санкции и кризи, држава која наследи најголем дел од долгот на Југославија, вчера имаше 27 починати на нешто над 5.000 граѓани позитивни, а ние 22 на 9 пати помалку позитивни! Да, умираат претходно заразени, ама не сме ни мерило за државите од регионот (држава која не е #WeAreNato или членка на ЕУ)!

Затоа нека не ме замара со јавното здравје. Нека започнат од индивидуалното здравје. Ако сметаат дека имаат потреба од заштита, нека претрчаат до најблискиот пункт и нека се боцнат, и така нема гужва. :)
 
Последно уредено:
Бијонс, ме импресионираш со своето знаење. Секој ден си нов експерт во нешто, вчера знаеше како фунционираат мрна вакцини и како рнк ја афектира днк-та на луѓето и влијае на појавувањето на неплодност, денес еве за моноклони тела знаеш све и кога и како се даваат.
...само тебе те дополнувам за да биде поточно твојот коментар, мене ми замеруваат за три точки и слично, па и ти потруди се да пишуваш поиздржливи коментари, не само колку да пишуваш, а не знаеш што пишуваш, некој ќе чита па погрешно ќе се информира!
 
Која е бре онаа моја сограѓанка вакцинални пунктови шо сака да затвора во знак на револт за Филипче ? На татка да не се вакциналните пунктови, ретардирано створење !
 
Ако се лажеме.
Или не живееме у иста држава, или не се движиш меѓу народ па не знаеш, или тие што те знаат не ти го кажуваат ова. Најпаметните антиваксери си ќутат, ни на форум не пишуваат ни на фејсбук. И у вибер групата на сдсм удба 100% имаш кој ги вози вика да да така е, да се вакцинираме сите, Филипче во срцето, а прави скриншот од муабетот.
 
Абе знае власта дека мора да остава невакцнирани во молови и кафани оти ќе затвореа досега.

Затоа уште му траат мерките.
 
Да, вистина е дека во нашата држава вадат сертификати за примена вакцина, и тоа во систем заведени се мислам.
И не знам шо ви е чудно истото беше и со фалсификат тестовоте.
И не знам шо ви е тоа чудно во ваква држава како нашата.
 
...Sars-CoV-2 кој како сите други вируси кои предизвикуваат болест и се патогени во телото преставуваат еден вид паразит кој опстанува со инфицирање на нашите клетки, оти сам не може да опстане затоа нели е паразит, затоа се примени антипаразитскиот лек ивермектин!
Шо ти значи логичар, а? Па како не ни текна да даваме ивермектин за сите други вирусни па и бактериски и габични инфекции. Лек за сѐ. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom