Најефтин супермаркет

Член од
24 септември 2018
Мислења
48
Поени од реакции
23
Poleka, ne brzaj...
Mozno e, I toa kako...
Ke trgnam na strana toa "ne e cisto mleko" posto e druga, troa pogolema tema. Ama, I za cisto mleko, mozno e I toa vaka: Cenata na otkup na sirovo mleko, I vo primer, Germania, I Kaj nas, e slicna. Vo Germania e 0.32-0.35 euro. I Kaj nas e okulu 20 denari. Razlikata e vo mnogu raboti, najveke vo produktivnosta I vo rentabilnosta. Prosecna mlecnost na krava vo Germania ti e 8-10+ tona, kaj nas ti e 5-6, I toa na farmi. Kaj privatni stocari 3-4...Podobra genetika, tehnologija na ishrana, klima itn.. Ponatamu, na nasa farma kaj sto rabotat 20 luge, na ista takva golemina vo Germania raboti 1, (so bukvi: eden) poradi avtomatizacija... (ne mora Germania, duri I vo Bosna imas takov primer)
Да, прав си тука. Ама и тоа е голема тема и се дели од оваа. *Роботизацијата ќе го уништи светот. Ако фамилија, во Македонија зема 600-800евра плата, зошто да не може да си дозволи да земе млеко од 50-55 денари, за доброто на сите. Ние функционираме на друг модел. Е сега влегов во сосема друга тема, ама држава како нашата, и тоа како може да смени модел, за доброто на сите, реален стандарт... Проблемот пак го насочувам во немањето на средна класа, која може да си дозволи и поскапи производи.
Еве пример, како Персил во Кам е 460 денари, мислам.? За 2.9л зборам. Оти тој е за европски пазар. Дезедорансите ги има и за Европски и за Афрички пазар. Первол го произведуваат, Персил, и во Турција, поевтини се ама не се со ист квалитет. Јас сепак викам, ни многу скапо како во Веро, ни многу евтино како во Кам и Стокомак, зборам за непознатите производи. Тинекс и Жито по мое се маркети за таа средна класа. И да покажеш висок социјален статус, и да имаш слобода, и не превисоки цени, и одговорност(Тинекс плаќа 1200 вработени)... Ме разбираш што сакам да ти кажам.
Автоматски споено мислење:

Керфур беше на грчка фирма маринопулос под чива капа и тамошните маркети беа, ги затворија таму ваљда ради долгови па така пропадна и кај нас
Лидл секогаш пробува да се наметне како “домашен” маркет па сегде ги форсира домашните производи во земјата кај што се наоѓа и форсира тие да се произведени во истата а не ко Кам преставува домашно а произведено у Србија
Никад не сум отишол у Лидл демек да најдам нешто 5ден поефтин туку конкретно за одредени продукти кои ги има саму таму, мислам нереална слика околу ова се прави зашто се споредува со Германија каде пто стварно таму е лидл за сиротињи

Sent from my iPhone using Tapatalk
Сепак, јас не би пазарел немакедонски производи. Без разлика на цена, не сакам странски производи, особено не надвор од Балкан. Тоа што не се произведува во Македонија, го барам да е произведенл во Балкан. И да е 100 денари поскапо. Не сакам. Поминало километри за да дојде овде, плус, нема потреба. Можеби Лидл ги форсира домашните, не знам, но со 15 маркети не би можел да постигне цена како Кам, Стокомак...

Btw, off topic: Јајца во маркет, и јајца од село, некој што одгледува кокошки не се исти. Домашните се пожолти, се познава природата, а купените се бледи.
 
Последно уредено:
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419
Сепак, јас не би пазарел немакедонски производи. Без разлика на цена, не сакам странски производи, особено не надвор од Балкан. Тоа што не се произведува во Македонија, го барам да е произведенл во Балкан. И да е 100 денари поскапо. Не сакам. Поминало километри за да дојде овде, плус, нема потреба. Можеби Лидл ги форсира домашните, не знам, но со 15 маркети не би можел да постигне цена како Кам, Стокомак...
Зошто би пазарел македонски продукти, ако на рафтот има странски производ кој е поквалитетен/повкусен/подобар а воедно и поевтин? Или е подобар, но разликата во цена е незначителна?

Зошто со парите што ги поседуваме (еве јас на пример), да не си го купиме најдоброто за тие наши пари? Зошто да купам чоколадо од Европа, ако ми се свиѓа пример Дорина (го зимам како пример, мене Европа ми се подобри). Зошто да купувам млеко битолско 50-52 денари, кога има босанско/српско за 40-45 денари? Па и да има за 60, ако ми е подобро, ќе го купам тоа место македонското?

Имаме добри производи, не дека не и јас ги купувам, ама ги купувам зошто ми се повкусни/подобри, а не затоа што се македонски. Ама кај нас газдите сакаат преку ноќ да се збогатат, и лупаат цени. Ем увезени продукти, ем за 5-10-15% поевтини од МАКЕДОНСКИТЕ кои се домашни.

Баба ми не пазари у Веро, пошто парите иделе кај Грк. Да бевме уште со тој мајндсет, ќе возевме југовци, ќе пиевме Бест Кола, ќе купувавме само југословенски продукти.
 
Член од
29 септември 2015
Мислења
241
Поени од реакции
316
Абе какви крави, какви сини очи. Земале рачунаат крава колку литри давала цццц

Кравјото млеко се знаеше и како мириса и колку е мрсно и колку траеше. Последно кравјо млеко по маркетите кај нас беа оние во кесички што ги варевме по дома.

Ова што денес го пиеме купено од сите маркети е ИМИТАЦИЈА на млеко.
Во право си. Битолското па и другите млека на пазарот кај нас се млеко во прав. Ставаат вода и уште неколку глупости и го продаваат 50-60 денари литар. За огромна мафија станува збор.
Огромна заработка.

Нажалост мина времето кога пиевме убаво млеко (близу до природното). Кај баба ми порано во село, имаше одвишок млеко за 12 внуци. Се продавало млеко, се правело сирење, кашкавали.
Денес таму наеднаш снема луѓе. Останати се уште 2 роднини кои веќе не чуваат ништо.
Иста е приказната и со цел регион таму, каде народот кој порано произведувал огромна количина, денес купува и тој истиот од продавница. Нажалост бг пасошите ги испразнија сите тие мали места во многу брз рок, од кои порано излегуваше големо производство на храна, пченица итн.
Други отидоа за Скопје и други градови како полицајци, војници и администрација.

И одговорно тврдам дека веќе во тој регион нема ни 15% од производството на храна од тоа што се произведувало пред 20 години.

Зошто би пазарел македонски продукти, ако на рафтот има странски производ кој е поквалитетен/повкусен/подобар а воедно и поевтин? Или е подобар, но разликата во цена е незначителна?

Зошто со парите што ги поседуваме (еве јас на пример), да не си го купиме најдоброто за тие наши пари? Зошто да купам чоколадо од Европа, ако ми се свиѓа пример Дорина (го зимам како пример, мене Европа ми се подобри). Зошто да купувам млеко битолско 50-52 денари, кога има босанско/српско за 40-45 денари? Па и да има за 60, ако ми е подобро, ќе го купам тоа место македонското?

Имаме добри производи, не дека не и јас ги купувам, ама ги купувам зошто ми се повкусни/подобри, а не затоа што се македонски. Ама кај нас газдите сакаат преку ноќ да се збогатат, и лупаат цени. Ем увезени продукти, ем за 5-10-15% поевтини од МАКЕДОНСКИТЕ кои се домашни.

Баба ми не пазари у Веро, пошто парите иделе кај Грк. Да бевме уште со тој мајндсет, ќе возевме југовци, ќе пиевме Бест Кола, ќе купувавме само југословенски продукти.
Види во право е баба ти. Иако ти делува тебе можеби смешно нејзното размислување
Незнам дали луѓево се информирани и знаат колку штета ни направи Грција во клучните моменти по нашата независнот. Блокада и неможност да си ги оствариме правата во ОН цели 5-6 години, блокирање во СТО, да неможеме да извезуваме и да вршиме трговија, иако по распадот од ЈУГОславија имавме сериозни капацитети кои вршеја извоз и силни компании
Да не го споменувам Ембаргото и затварањето на Солунското пристаниште за Мк компаниите.
Со Неможноста да извезуваат многу компании беа принудени да затворат и да остават стотици-илјади луѓе без работа. И компании гиганти како Охис, Годел, МЗТ и уште многу други, да пропаднат.

Значи имало периоди кога Грција не оставила и без можност за храна и основни потреби, па ја почитувам максимално баба ти ако донела таква одлука.
Така да паметот/ размислувањето на баба ти е во ред.
Да беа сите такви, супер ќе беше. Само почит кон постарите, и малку информираност ќе значи многу.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Poleka, ne brzaj...
Mozno e, I toa kako...
Ke trgnam na strana toa "ne e cisto mleko" posto e druga, troa pogolema tema. Ama, I za cisto mleko, mozno e I toa vaka: Cenata na otkup na sirovo mleko, I vo primer, Germania, I Kaj nas, e slicna. Vo Germania e 0.32-0.35 euro. I Kaj nas e okulu 20 denari. Razlikata e vo mnogu raboti, najveke vo produktivnosta I vo rentabilnosta. Prosecna mlecnost na krava vo Germania ti e 8-10+ tona, kaj nas ti e 5-6, I toa na farmi. Kaj privatni stocari 3-4...Podobra genetika, tehnologija na ishrana, klima itn.. Ponatamu, na nasa farma kaj sto rabotat 20 luge, na ista takva golemina vo Germania raboti 1, (so bukvi: eden) poradi avtomatizacija... (ne mora Germania, duri I vo Bosna imas takov primer)
Плус субвенциите од ЕУ за млекото.
 
M

Macedon1um

Гостин
Да, прав си тука. Ама и тоа е голема тема и се дели од оваа. *Роботизацијата ќе го уништи светот. Ако фамилија, во Македонија зема 600-800евра плата, зошто да не може да си дозволи да земе млеко од 50-55 денари, за доброто на сите. Ние функционираме на друг модел.
И ова е дискутабилно
Ај за општо добро во државата и да платам повеќе во случајов млеко ама прво Битолска млекара работи фуш со своите производи за сметка на профит, и друго во ЕУ и тие современи фарми што го произведуваат млекото има високи стандарди во поглед на хигиена и чување на храната за животните. Не толку далеку беше аферата со афлатоксините во млекото и млечните производи, а тие се јавуваат поради несоодветно чување на храната за стоката што е чест случај кај нас

За овошје, зеленчук, вино и слични производи треба да си луд да купуваш пример увозно јаболко дупло повеќе пати третирано со хемиски средства од кај нас
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.386
Види во право е баба ти. Иако ти делува тебе можеби смешно нејзното размислување
Незнам дали луѓево се информирани и знаат колку штета ни направи Грција во клучните моменти по нашата независнот. Блокада и неможност да си ги оствариме правата во ОН цели 5-6 години, блокирање во СТО, да неможеме да извезуваме и да вршиме трговија, иако по распадот од ЈУГОславија имавме сериозни капацитети кои вршеја извоз и силни компании
Да не го споменувам Ембаргото и затварањето на Солунското пристаниште за Мк компаниите.
Со Неможноста да извезуваат многу компании беа принудени да затворат и да остават стотици-илјади луѓе без работа. И компании гиганти како Охис, Годел, МЗТ и уште многу други, да пропаднат.

Значи имало периоди кога Грција не оставила и без можност за храна и основни потреби, па ја почитувам максимално баба ти ако донела таква одлука.
Така да паметот/ размислувањето на баба ти е во ред.
Да беа сите такви, супер ќе беше. Само почит кон постарите, и малку информираност ќе значи многу.
Да, пошто тој рандом грк бизнисмен сопственик на Веро продавница е крив за државната политика на земјата.
Не се срамете со вакви антички трескања у гради. Сигурно е боље да идеш у Охрид на одмор и да те дерат 450 денари Смедеревка македонска.

Батали тоа, и у Рамстор изгледа не идеш пошто 500 години турците владееле тука, што кур има да го богатиш пак. Или Ваикики.

Секако најбоље е да си купуваш од Здравје Радово на господинот Орце Камчев, еден од најголемите патриоти и друшебрижници за Република Македонија. Истото важи и за останатите фирми со македонски производи на газди што директно ти брцале у џеб.
 
Член од
24 септември 2018
Мислења
48
Поени од реакции
23
Дел од производите на Кораб Трница се од Србија, па затоа стриктно само мешаниот кашкавал го купувам од кај нив, јогурт и кисело млеко Бучен Козјак, а ако не земам канта сирење, тогаш од Кораб сирењето исто не е лошо.
Многу пазам каде што имаме квалитетни наши производи, да не купувам увозни (млеко и млечни производи, вода!, фармацевтски производи..)
Да не бидам скроз офтопик, еве конкретно за кашкавалот на Кораб трница, во Веро е 412 денари, додека во Стокомак е мислам околу 360-370.
Мене на 500м ми се сите маркети, најблиску ми е Стокомак, Кам, Зур и Кипер, големи пазарења во првите 2 маркети, Зур за работи што ги нема во првите 2, а Кипер го избегнувам од принцип, не сакам да читам 3 јазици за да купам производ за иста цена како во Кам/Стокомак.
Пазарам и од Веро/Рамстор за специфични работи зашто стварно имаат избор, особено првите.
Да, ама во Веро ќе најдеш многу производи, Битолско, Тетовско, Кораб... А во Стокомак нема таков избор.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419
Немојте бе со вакви муабети од 90-тите... Што да правам кога сум роден во држава полна со непријатели на политички план? Да не јадам донер пример бидејќи албанците не не сакаат? Или убаво ти дадоа пример со Рамстор, бидејќи сме биле под турско 5 века? Ако не, да не користам компјутери и интернет, зашто Америка е пријател со Албанците кои нас не напаѓаа? Глупости.

Тоа се затуцани мислења, и реално иако пазарам во Тинекс, порадо би пазарел во Веро, и би му ги давал парите на Гркот, отколку да пазарам у Кам/Стокомак, сомнителни производи, со никакво средување внатре и работење на една каса. Да одам во Охрид на одмор, само затоа што е наше? Грција/Бугарија за истите пари нудат доста поголем квалитет. Сега во игра се вмешува и Албанија, иако претходно не беше толку популарна.

Замисли Полјаците да не идат во Германија/Австрија, само затоа што Германија ги има нападнато Полска? Па пола од Полјаците радо би се пишале Германци заради бенефиции што би ги имале во Германија, отколку да останат хардкор патриоти (иако доста од нив се).

Ако гркот дава подобар производ од било кој македонец, одма ќе му го купам. И како што рече Џонтра, кај нас најголемите газди се криминалци и лопови, што не би сакал да ги богатам, иако индиректно со моите пари, ги хранам нив и нивните деца.
 
Член од
24 септември 2018
Мислења
48
Поени од реакции
23
Абе, Кам, Стокомак, и Киппер функционираат, ама јас не купувам од таму, очигледно нивната таргет група се пензионери, посиромашни, и да не речам не образовани. Зошто? Колку пати сум слушал, дека пошле, ама немало тоа, залихите не им биле убаво планирани, ова она. Кисело млеко 10 денари 400гр., се тегне цело, НЕМА ладни пијалоци (не ладат, во 21 век, еј.) И нормално можат цените да ги намалат. Сега земам пиво, топло, да го ладам дома, па има место, нема место у фружидер. Локалните маркети, секогаш имаат на залиха, колку и да им побараш, продаваат од сите брендови, исто како Тинекс. А не Кам само Скопска, па Стокомак само Прилепска, тоа е за мене стрес и непотребно. Ама пензионерите, како што се тепаа во Србија, така и овде размислуваат. Немаат што да работат, седат по цели денови, затворени во стан, и само тоа мислат и калкулираат. Некои не им се работи, се мрзи, па мислат со Кам, Стокомак, ќе заштедат. Будала работа.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Зошто Кит-Го завршена приказна?
За Рамстор се согласувам. Кам има приходи од 170 милиони евра, Киппер Стокомак и Жито, заедно ваљда, или без Жито.
Лидл ќе заврши како Керфур( тие беа?). Киппер и Стокомак не ми се верува дека ќе успеат на долг период, катастрофа се со логистика, услуга... Е сега имаат капитал стекнато па можат да бидат послободни. Има и локалци кои се јаки доволно, поготово во големите градови. Работат со увоз-извоз... Во Прилеп имаш цени како во Стокомак. И Стокомак во Прилеп е завршена приказна.
Мене чудно ми е како во Прилеп локални маркети имаат цени како и Стокомак?
Која им е математиката?

Иначе Лидл ти е огромен, простран маркет полн со се и сешто. Маркет за неделно/двонеделно/ месечно пазарење.
Во Лидл се иде ако сакаш да наполниш количка-две, буквално да изназимаш работи за подолг период.
Не гледам како Лидл би ги уништил Кам и Стокомак или пак малите маркети. За секојдневно пазарење на ситно во Скопје барем Кам и Стокомак пак ќе си имаат многу муштерии, но се повеќе луѓе би оделе во Лидл да пазарат "на велико". Затоа и Лидл би си бирал добри стратешки позиции, 1-2 маркети највеќе во Скопје со добар паркинг и огромен простор внатре.
Може и еден маркет накај Тетово/Гостивар и маркет или два во внатрешноста на Македонија.

Мислам дека Лидл би удриле прво на големо, блиску до Косово (Тетово, Гостивар) и Скопје. Каде што би имале најголем пазар т.е највеќе муштерии. Па после би се фокусираме во внатрешноста на Македонија.
На Лидл не верувам дека ќе му биде цел да ги "затвори" Стокомак и Кам или другите маркети, едноставно не се таков тип на маркет да зимаат дуќани во згради итн. На големо си идат со малце но огромни маркети.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.846
Поени од реакции
10.442

Веќе е договорено мислам во Скопје, Штип, Тетово и Охрид..
во Скопје сигурно отвараат негде во Илинден, Визбегово и делот кај Охис

Нема математика, Прилеп е голем град. Со околните места има 100 000 жители. Центар е, во тој дел. Има поголем обрт. Во Прилеп маркетите имаат заработка, па да не претерам, половина од Кам. Не е Кам најевтин, или Стокомак. Еве. Црвена Ружа од Струмица има 700 000евра профит, има маркети, и работи со увоз. Ама нема врска. А Кам, 4.5 милиони евра е добивка. Е сега, ако Кам опслужува 400 000 луѓе, 200 000 семејства, или 300 000, а Македонија има 1.9милиони жители, има друга логика. Кам, Стокомак, Киппер, имаат 270 некаде маркети заедно. А останатите? Епа и тие имаат обрт. Да не објаснувам многу ме мрзи да пишувам, ама меѓу редови ме разбираш, мислам.
Еве пример во Прилеп. Футура има цени како во КАМ. Ама ако КАМ нема фрижидери за ладење НА пијалокот, нема доволно работници, Футура има, плус продава голема палета на производи, не е специфичен како КАМ.
 
Член од
24 септември 2018
Мислења
48
Поени од реакции
23
Мојот кам, н. Лисиче. има фрижидери, не знам за дргите
Искрено, јас не одам многу во Кам, не знам. Ама имаше некој што рече дека во Кам, Стокомак и Кипер немало фрижидери за ладење на пијалоци, или само Кам рече, не знам. Не можам да го најдам. Нека објасни ако го види ова.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom