Најефтин супермаркет

Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Другарка тек лани почна да купува во Кам, впрочем од кога почна да заработува и да ги цени парите повеќе, зашто претходно тие продавници и биле ко магацини и идеше пеш 20 минути до Веро за пазар, иако Кам имаше на 5 минути. :D

Јас купувам од секаде. Работи што се поевтини во Кам/Стокомак, скроз истите, сигурно нема да ги купувам за поскапо. А пак во поскапиве маркети има работи што ги јадам и не би ги менувала зашо ги немало во поевтини маркети.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Пробајте го Бучен Козјак јогуртот во Кам и во Веро. Во Веро јогуртот е полош на квалитет и вкус.
Истото е и со сите други производи што се продаваат и во големите и во малите маркети.
Сирењето Осоговски во Стокомак и во Веро/Тинекс исто не е со ист квалитет.
Зборам за производите што се домашни и се произведуваат во Македонија, а ги има во скоро сите маркети.
Млечните производи се под сериозна закана со палминовото масло, кое е неутрално за разлика од сончогледово и маслиново. Не знам дали уште се продава едно овчо сирење во Кам, евтино, а солидно масно, без специфична овча арома, која е посебно изразита при повисока масленост. Не тврдам, ама можно е македонските добавувачи да праат различни серии за различни маркети, а играта да ја праат со палминото масло.

Инаку се стаписав кога видов на пакувањето на јогуртот на Кораб Трница дека се произведува во Ниш.
Не е лошо чоек да читнуе на амбалажа што стои, пошо се праат многу манипулации.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
@Almeida
Де направи да ти пишам ПП или пиши ми ти, да не одиме офтопик...
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.599
Поени од реакции
7.194
Млечните производи се под сериозна закана со палминовото масло, кое е неутрално за разлика од сончогледово и маслиново. Не знам дали уште се продава едно овчо сирење во Кам, евтино, а солидно масно, без специфична овча арома, која е посебно изразита при повисока масленост. Не тврдам, ама можно е македонските добавувачи да праат различни серии за различни маркети, а играта да ја праат со палминото масло.

Инаку се стаписав кога видов на пакувањето на јогуртот на Кораб Трница дека се произведува во Ниш.
Не е лошо чоек да читнуе на амбалажа што стои, пошо се праат многу манипулации.
Pa i bitolko isto ti se proizveduva u Srbija, aj da ne otkrivame mnogu tajni.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
ај добро сите пишите на веро бил грк газда,на рамстор турчин,на тинекс Тодоровиќ,на кам орце а на стокомак кој е никој не кажа?

@Almeida дека ги спомна Кит-го, одприлика пред 4-5 години во Гевгелија има обрт/промет од 500к еуро само за месец Декември,замисли од кој се..
Иначе Кит-го, Тера Маркет и Супер кит-го ( бивш Туш ) се на еден газда а и да Тера се најевтини од сите 3:)
Штипска фирма се Кит-Го, во мое маало почна првата продавница, газдите тука живеат.
Не им е одеднаш растот, не се чудете.
 
M

Macedon1um

Гостин
Инаку се стаписав кога видов на пакувањето на јогуртот на Кораб Трница дека се произведува во Ниш.
Не е лошо чоек да читнуе на амбалажа што стои, пошо се праат многу манипулации.
Добра си беше кампањата порано Made in Macedonia со сонцето, барем за тие што преферираме домашни производи да знаеме одма. Вака на некој им текнало да купат користење на бренд/име од Македонија и ќе форсираат Српски производи, и јас истото го приметив и затоа сега избегам од кораб трница кога можам
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Инаку се стаписав кога видов на пакувањето на јогуртот на Кораб Трница дека се произведува во Ниш.
Не е лошо чоек да читнуе на амбалажа што стои, пошо се праат многу манипулации.

Ехеее....среќа кашкавалот, а не јогуртот им го прогласија за Бренд на година или како беше тој наслов.
Барем тој објект им е долу под патот кај Трница, ако и таму не работат само паковање.Никогаш не си начисто со нашиов "систем".
Битолска павлака или јогурт произведена во Белград, а едно време некои серии од млеко некаде во Босна го работеа (ист сопственик е на таа, ИМБ, Имлек Београд и Суботичка Млекара).

Маестро производите (млеко, зденка, фета итн.) исто се марка на Монтенегро Гостивар, а тие откупија некој погон за производство за млеко и такви работи некаде во Србија.

Отидовме ОТ :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Дел од производите на Кораб Трница се од Србија, па затоа стриктно само мешаниот кашкавал го купувам од кај нив, јогурт и кисело млеко Бучен Козјак, а ако не земам канта сирење, тогаш од Кораб сирењето исто не е лошо.
Многу пазам каде што имаме квалитетни наши производи, да не купувам увозни (млеко и млечни производи, вода!, фармацевтски производи..)
Да не бидам скроз офтопик, еве конкретно за кашкавалот на Кораб трница, во Веро е 412 денари, додека во Стокомак е мислам околу 360-370.
Мене на 500м ми се сите маркети, најблиску ми е Стокомак, Кам, Зур и Кипер, големи пазарења во првите 2 маркети, Зур за работи што ги нема во првите 2, а Кипер го избегнувам од принцип, не сакам да читам 3 јазици за да купам производ за иста цена како во Кам/Стокомак.
Пазарам и од Веро/Рамстор за специфични работи зашто стварно имаат избор, особено првите.
 
Член од
27 јуни 2018
Мислења
218
Поени од реакции
609
Киселото млеко од Трница е лудила исто и мешаното сирење, двете се македонски.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Кој каков производ пласира има многу врска со "евтиноста", така да, не знам зошто ова како офтопик го третирате. И ако евтиноста има врска со ниските плати на вработени и лошиот третман и тоа како не е офтопик.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.950
Бидејќи сум човек од навики и не сакам многу да се заебавам со постојано студирање на рафтовите во маркети јас пазарам по некоја ваква листа:
КАМ:
Млеко, сирење, урда, вода, тонус леб, ако начекам свеж зеленчук и овошје, компири, павлака, замрзнато зрнесто овошје (малини, јагоди, мешан микс), леќа, грав конзерва, доматно пире, веге паштети, филети ослич, филети полок, зачини, тестенини (синото паковање), сладолед на лето, туна цели парчиња, свеж стек житница, какао, ореви, дел од јаткастите плодови (индиски, бадеми, ореви, лешници, леблебија), ленено, чиа, ориз...
Стокомак:
јајца, кафе турско (гранд), мусли, семки од тиква, дел од јаткастите плодови (индиски, бадеми, ореви, лешници, леблебија),темно чоколадо, свежи шампињони, црни маслинки (конзерва), јаболков оцет, шеќер, ретко замрзнати пастрмајлии, чат пат сирење, влажни марамици, салфетки, сјај...

Свежо месо најчесто од Веро.

Се што нема да најдам во тие 2 маркети, или нешто поспецифично го дополнувам во Веро и ретко во Тинекс (најчесто кога ми затребува greek yoghurt или свеж зеленчук влегувам и кај овие).
Зависно кои производи ми требаат влегувам во соодветниот маркет еднаш во неделата (не секогаш во викенд, некогаш во најрандом време кога нема гужва (често пред затворање на пола саат) и сум раат цела недела.

Имам и Рамстор, Рептил и Жито ама ги избегнувам, првите ми имаат погрда локација, кај вторите имаат високи цени а нагнетени се да нема каде да се свртиш, третите имаат најбавни касиери на планетава (ако ти текне да бараш и да ти сецкаат сувемеснати производи/кашкавал ти се еба векот, не ти бега саат време за 3 продукти).
Китго копилињата ги банирав за стално откако на почеток од кризава ми наплатија скоро 300 денари за 1кг лимони (а цената им беше намерно тргната од рафт).
Не се замарам многу каде се произведени ако ми се допаѓа производот.
Сум купувал и поскапи производи од тинекс/рамстор/веро во однос на тие од кам/стокомак али не сум видел некоја драстична разлика во квалитет.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Штипска фирма се Кит-Го, во мое маало почна првата продавница, газдите тука живеат.
Не им е одеднаш растот, не се чудете.
Од Пехчево се најточно.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Нема грешка. Газдите живеат на 1 мин до мене, од Пехчево биле.
Или јас живеам во Пехчево, а да не знам, ти шо викаш?
Од Пехчево се по потекло, можат и во Зимбабве да живеат ако сакаат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom