Заев не бил виновен, Филипче не бил виновен

Е па тогаш баба ми е виновна.
Се што се случува на твоето работно место, е лично твоја одговорност. Во било која работа.
Се што се случува во твоето министерство е твоја ОДГОВОРНОСТ. Затоа си поставен таму. Ако си способен да се носиш со таа одговорност ок, ако не си способен да се носиш со таа одговорност, човечки и доследно е да кажеш „Јас потфрлив и си поднесувам оставка“.
Филипче треба да си сноси одговорност затоа што се случила ваква трагедија, за време додека тој бил министер, т.е. човек одговорен за ресор здравство.
Како што една продавачка е одговорна доколку и фалат 100 денари во каса на крајот од денот. Јбт се случуваат грешки, меѓутоа таа си сноси одговорност на нејзиниот грб.
Едно две научил „истрагата е во тек“.
На родилки им вадат здрави органи, ти умираат луѓе од сепса, живи луѓе ти горат во болница и копуков излегува со изјава „истрагата е во тек, после тоа ќе размислувам дали ќе поднесам оставка“. Скриј се некаде во некоја дупка и не излегувај повеќе на бела виделина.
Кога секоја влада би се водела по принципот на одговорност, ние немаше денес да бидеме тоа што сме.
Кога секоја влада би се запрашала „Што требаше да направиме и дали ние доволно направивме?“
Ете тогаш ние ќе бидеме спремни да кажеме дека сме држава. А до тогаш, ќе бидеме вукојебина во која горат живи луѓе и никој не превзема никаква одговорност.