Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.289
Поени од реакции
22.986
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.791
Поени од реакции
8.500
Јас не ни знаев дека овој е од Аеродром. Мислев дека е од Струмица и глуми бањат. Каде со овој бе. Тони ако го одбереа победата им беше загарантирана. Со овој не одат апсолутно никаде. Овој во Лисиче кога ќе го видат ќе му се изнасмеат. Метар и желба за тротинет.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.952
Поени од реакции
15.127
Колку и да не го сакам тимчо, реално е најбоље опција од тие тројца што ги прочитав (лилиќ, тимчо и стојановски). Се работи за прилично писмен лик, ипак е професор, колку и да е деградирана таа професија, поготово на јустинијан. Стана професор во време на вмро, по директни ургенции од горе. Со оглед на тоа што е цела кариера во академија не верувам да менаџирал нешто реално во животот ама теоретски верувам дека ги знае работите, особено административните постапки, буџетските постапки и целокупното формално правно функционирање на општината. Ако не се лажам еден краток период беше и министер за администрација и информатичко општество. Помага тоа што е прилично амбициозен, па верувам дека градоначалничкава позиција ќе ја гледа како можност за идна лидерска позиција во вмро и евентуално премиерска позиција.

Се на се, pros му се теоретското познавање и амбицијата, con му е немањето на искуство во реален day to day managment. Ако се спореди со другите кандидати во општината, или генерално во сите скопски општини, мислам дека е еден од подобрите, ако не и најдобриот кандидат од понудата на вмросдсм. Како ќе се покаже е друга работа. Победата секако му е загарантирана.

Мислам дека ќе има доста поддршка и од меѓународната, со оглед на тоа што е еден од погодните ликови за нивните политики.

Куриозитет е што на Димче му е веројатно најомразен лик од ВМРО. Тимчо стана професор на катедрата каде претендирал и апасиев своевремено, а знаејќи го каков суетен лик е, нема да му прости никогаш.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.791
Поени од реакции
8.500
Не се сомневам во неговата амбициозност и подршката од меѓународната за ( Тимчо преспанскиот договор е реалност ). Али овој не оди никаде. Со асален кандидат ДПНЕ имаше реална шанса и во прв круг да победи. Со овој само што ги претворија изборите во вистинска трка и оној мртвиот од СДС го вратија назад во живите.

Не знам што ќе биде посмешно првпат кога ќе отиде во Лисиче и тие таму ќе разберат дека овој е всушност од Аеродром. Или ако има каква било дебата.

Не е ова ДПНЕ од пред 11 години кога ги имаа сите вмровци во заден џеп па и центарец да им кандидираа ќе го избереа. Овој нема ниту еден од старите да мотивира за излезат да гласаат. Ако мисли дека со гласови од кај новите згради позади тобако 2 и касарната може да ги надомести гласовите на старите членови тогаш изгледа во ДПНЕ имаат катастрофални математичари.

10 000 гласови му е лимит на овој.
 
Последно уредено:
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.383
А има кандидат Вмро објавено во Струмица ? Ме интересира баш.. пошто Костадин и не е нешто омилен лик кај струмичани...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
687
Поени од реакции
662
Прашање до битолчани, дали го знаете кандидатот од ВМРО за Битола, некој доктор Коњановски, ми се чини името му е Тони, што човек е?
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.171
Поени од реакции
6.848
Прашање до битолчани, дали го знаете кандидатот од ВМРО за Битола, некој доктор Коњановски, ми се чини името му е Тони, што човек е?
Како чоек мислам дека нема никој лошо да кажи за него, е сеа дали е способен и кадарен за градоначалник тоа е веќе друго. И има уште една тежина, презимето. Коњановски Зоран(мислам дека на тони е брат, ако грешам се извинувам) поранешниот министер за одбрана, заменик за земјоделие не е омилен меѓу битолчани.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.306
Поени од реакции
26.207
Како чоек мислам дека нема никој лошо да кажи за него, е сеа дали е способен и кадарен за градоначалник тоа е веќе друго. И има уште една тежина, презимето. Коњановски Зоран(мислам дека на тони е брат, ако грешам се извинувам) поранешниот министер за одбрана, заменик за земјоделие не е омилен меѓу битолчани.
Браќа се, да.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Прашање до битолчани, дали го знаете кандидатот од ВМРО за Битола, некој доктор Коњановски, ми се чини името му е Тони, што човек е?
Супер чоек е реално докторот, познат е по градот и само позитивни работи има за него...е сега тоа што има ненормално јака конкуренција во Стентонот и плус власта на Сдсм е друга работа....невозможна мисија му е Битола на Дпмне реално....доволно му е да си ги земат Скопските општини шо ги планираат...плус Прилеп и евентуално Велес па ќе испадни топ за нив како што се за нигде...тука ќе освојат чат пат од истоичните општони Кавадарци ти реков ми рече за да си го одржуваат клиентелизмот и да се дособерат до 20тина општини колку да речат еве победивме таму и таму.

Најидеално сценарио за нас би било секаде(освен онаму каде што има Албанци( во сите градој да бидат пата -пата односно 45-45% со Сдсм во поглед на советите и тие другите 10% ( по можност да бидат Левица како најтврдокорни ) да решаваат шо како ќе се прави со општината.

Или уште поперфектно едните да имаат градоначалник, а другите да имаат мнозинство во советот...кој кур..ги видовме двете партии како се понашаат со комплетна власт...вака барем нека му ја мислат шо прават...на пример Вмро нека ги земи сите скопски општини, Шилегов да добие..и со комплетно измешани состави во советите...нека има забава :D
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Најидеално сценарио за нас би било секаде(освен онаму каде што има Албанци( во сите градој да бидат пата -пата односно 45-45% со Сдсм во поглед на советите и тие другите 10% ( по можност да бидат Левица како најтврдокорни ) да решаваат шо како ќе се прави со општината.
Да видиш само како ќе се сложни сдс и дпмне во такви ситуации. :icon_lol:
 
Член од
11 август 2017
Мислења
551
Поени од реакции
495
кој се овие македонска ера нова трета???
ќе имале кандидат во битола, ресен и охрид мислам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom