Проектанти, ревизор, надзор, обични работници што одржуваат.
Ако имало проектна програма, тогаш проектантите се чисти.
Надзорот и ревизорот може да го јадат што го одобриле проектот и дале употребна дозвола на самиот објект.
Сите од погоре ќе имаат олеснување ако тој што ја одржува не ја одржувал по пропис.
Тие ти се фигурите што ќе имаат било каква одговорност, иако треба да летаат глави многу повисоко во самите министерства и врвот на државата.
Инаку треба да се прочешлаат и CV-ата на вработените вклучени во одржување, проектирање/изградба. Ако има вработени кои се без соодветни квалификации да летаат глави на директори, самите вработени + на тој што ургирал за нивно вработување, и конечно да си ја чукнат главата дека не треба да се вработуваат луѓе според партии/етничка припадност, туку по квалификации.