Thanks a lot
@wot за
Yesterday.
Уживав во филмот иако да не ги сакав Битлси ќе му дадев 2/10
. Но филм со нивни песни не може да биде така лош, а свет без нив е бесконечно полош свет, да ја цитирам тетката во филмот.
Инаку филмски гледано според мене премногу промашувања, од главниот актер и неговите актерски способности, до прекрасната идеја со која можеа да направат далеку подобар филм. Сценаристот ми е еден од омилените, цар е во овој жанр (Love actually, The boat that Rocked, 4 Weddings and a Funeral, About time...) но романсата во филмот беше преслаба, немаше никаква хемија помеѓу Малик и Ели, претерано неубедливо но тоа е, Let him be, или Leave it be, сеедно
Секако за респект е тоа што филмот е сатира за денешната музичка сцена во која има малку талент а и тоа што има талент е убиено од продуцентските куќи кои диктираат се (Hey, Dude).
За уживање беше музиката, средбата со старецот (да не расипувам) при крајот и глумата на Ed Sheeran која критичарите ја оценија како „не најлоша“, со оглед на тоа дека истиот беше и во GoT.
Се на се, прекрасен лош филм, вредеше да се потроши време да се изгледа.