Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Брејтвајт не е Суарез, ама е коректен напаѓач, па дури и одличен! Има издржани решенија во момент и ако успеат да го запослат навреме сешто може да биде! Е сега она боранијата што остана во Барса дали е кадарна да застане зад него, друг муабет! Де Јонг? Уште му престои адаптација, тешко дека ќе видат аир од него!
 
Сега коа ќе му ја "дупниме глаата" и дома и на гости - ќе видиме колку се коректни Брајтвајт и Де Јонг со 10-те гола во Севиља.
 
Последно уредено:
И ја не знам што толку се напаѓа Брејтвајт, не е некое име ама не е ни бос. Баш го пратев со Данска и сосема солиден беше.
 
fresh-prince-room.gif


Кун кој ќе се врати од повреда одкако дојде у Барса да игра со Меси и Гризман :icon_lol:
 
Лук де Јонг и Брејтвајт во навалната линија на Барселона :pos:
замена за фати, мемфис, агуеро и дембеле ко ќе одат на тутун...... не се пали ко млад бабун
 
Толку ли е пропаднат ликов? Или Барса е премногу очајна да избрка непотребни играчи ?
19/20 во Јуве добар, стабилен играч.
20/21 во Барса не добива реална шанса да се покаже.

Пјанич мислам дека и на Јунајтед одлично ќе му легнеше ако го земеа на позајмица. Баш таков тип на играч ви фали. Може у форма да е паднат многу, со оглед на тоа што не играше баш во Барса ама квалитети си има дечково, топ техничар е. :)
 
Толку ли е пропаднат ликов? Или Барса е премногу очајна да избрка непотребни играчи ?
Има договор од минатата управа, зима 10милиони по сезона, а не е во плановите на тренерот.
Лапорта овој трансфер рок прави чистка на играчи со огромни плати.
 
Муабетот ми е до толку ли не можеше да си најде подобар клуб, макар и на позајмница да оди ...
 
Муабетот ми е до толку ли не можеше да си најде подобар клуб, макар и на позајмница да оди ...
Цело лето имаше информации дека ќе се врати во Јувентус ама пропадна таа работа.
Моментално треба да одбере од седење на трибини до Јануари со намалена плата или било кој клуб што може да го земе на позајмица.
 
Муабетот ми е до толку ли не можеше да си најде подобар клуб, макар и на позајмница да оди ...
Работата е што е на висока плата од која Барса треба да се откачи, а он зошто би прифаќал намалување. Му понудиле раскинување на договорот уште пред некој месец и ги одбил, нормално. Сега претпоставувам му е кажано дека нема да игра, па ќе најдат компромис.
 
Беше нуден на сите топ 5-6 екипи у Италија, чак и на Фиорентина ама никој не сакал да му ја дава целата плата.

Е сеа не веруем ни Бешикташ дека е толку моќен финансиски пошто глеам и Галата све скоро скупи играчи им раскина договори.
Сигурно прифатила Барса да дава дел од платата што не беше случај у преговорите со Италијанските екипе
 
Работата е што е на висока плата од која Барса треба да се откачи, а он зошто би прифаќал намалување. Му понудиле раскинување на договорот уште пред некој месец и ги одбил, нормално. Сега претпоставувам му е кажано дека нема да игра, па ќе најдат компромис.
Од спортски аспект глуп е. Место да играше у Јуве, Интер, Рома за помала плата, вака ќе игра у Бешикташ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom