Семејно насилство

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Остави ја, зошто да ја тепаш?
Ако ја остави ќе му земе половина имот, ако ја натепа пак проблем ќе заглави по затвори, остануваат опции да ја трпи или ако е поефтино од првата опција да плати да ја ликвидира професионалец :D
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.043
Поени од реакции
11.306
Секси е друго, и во нервозата имаш онака некои што навистина се слатки коа се нервираат ама она умерено во смисла на заебанција. Какви девојчиња сум видел од малешевскиот дел, кратовоско и кривопаланечко, тоа се жени што заслужуваат да бидат тепани и колку сакаат нека ме осудат тоа е така. Самата помисла дека таа утре ќе земе некој маж, а најобично ги земаат баш некои такви мирни деца, ме терало уште сеа да почнам да ги тепам. А за тоа што кажаа погоре, демек на маж не си смеел, зборуваме за жена која ти е во куќа, нормално дека нема да тепаш жена надвор, од каква и да е причина не би удрил женско, но коа глрдаш дека ти го прави животот пекол...
Но сум секогаш против насилство дури и тогаш. Заминуваш и чао пријатно, но те сфаќам што ти е поентата не знам зошто толку хејт ти удрија.
Како не ти беше мака во 5 сабајле сето ова да го навезиш? :несвест:
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.650
Крајно време е да се направи регистар на семејни насилници, без разлика дали се тоа сељачини или т.н. "алфа мажјаци" и слечен џган, како што тоа е случај со сексуалните престапници. Мора да има острацирање на таквите лица.
Никој/а не се најдени на улица па ајде сеа некој ќе ги млати по дома.
Наместо домот да е место каде сопружници се осеќаат најбезбедно, имаме обратни ситуации.

Средината мора да се придвижи кон неосудување на жртвите и острацизам на сторителите.
Исто важи и за насиље врз деца, без разлика дали тепачот е татко или мајка.
Не сфаќам како во денешно време се наголемува бројот на семејно наслиље при овие можности за информирање кои денес се присутни.

Тоа е сосема анахрона општествена појава на која не и не место во денешниот свет. Живи бруки во 2021.
Можеби сум наивен и непоправлив романтичар или пак само така ми се погодило, не можам да замислам да подигнам глас врз significant other ниту вербално ниту физички. Кога можеме ние, сосема просечни луѓе, зошто да не можат повеќето особи да си изградат свој свет во бракот или врската кој ќе служи за добро и среќа за двете инволвирани страни.

Нема оправдување во денешно време, при изобилие на инфо околу брачни ситуации, психолози, психијатри, советувалишта, невладини, соодветна литература, јутјуб исповеди, искуства на познати лица кои минале низ нешто слично и што све не...едноставно нема.
Верувај,така ти се погодило.

Да,да,Марионка од село Папунчево или Ивана од населба Превалец ќе ги седнеш и ќе ги вразумиш гледајќи јутјуб исповеди или слични срања.:D

Брат нели гледате бе општествово колку ни е растроено и просто?
Премногу теоретски зборувате,сосема поинаку е оноа што се случува во пракса.
На 'канцерогена' жена ќе и ја искршиш главата? :unsure:

Не среќо, никој не заслужува да биде тепан и малтретиран. Ако не знаеш да седнеш и човечки да разговараш, тогаш имаш многу поголем проблем отколку канцерогениот соговорник.

Остави ја, зошто да ја тепаш?

Не сте ок. Со тепањето демек ќе и го смениш карактерот и ќе ти го направи животот рај, а не пекол?
Абе животно не се превоспитува со насилство, не па ли човек. И тоа возрасен.
Правиме муабет за ќотек во момент на импулсивност Ацесо.Едноставно ти пука филмот и го правиш тоа што го правиш.
Секој човек на планетава земја има доживеано таков порив да го згази некој од тепање пошто му пукнал филмот.
Со некои луѓе не можеш преку муабет.Како да живеете во некое стаклено ѕвоно,само теоретски зборувате.Ако биле така лесни работите во животот досега мед и млеко ќе течеше на планетава земја.

Да те прашам нешто,јас го спомнав истото и за мажите,зошто само жените почна да ги браниш?
Или во прашање е повторно феминизмот?
А се спомне насилство врз жена,одма го губите разумот и му се нафрлате на човека нереално.
Читајте малку подобро и сфатетете ја поентата на муабетот,а не вака.
И маж истото го заслужува.

Да не се повторувам по сто пати,досадно е веќе.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Правиме муабет за ќотек во момент на импулсивност Ацесо.Едноставно ти пука филмот и го правиш тоа што го правиш.
Поради тебе феминистките почнаа да ме сакаат. Сакаат уште една крупна риба во тимот. :coffee:

пи.ес. Имаш ли филтер? :D
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.043
Поени од реакции
11.306
Да,да,Марионка од село Папунчево или Ивана од населба Превалец
Мислиш село Превалец?
Исто колку Мралино што е населба на Ск толку и ова населба за Велес.

Атер за муабетот, тешки камењарки има од таму.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.650
Мислиш село Превалец?
Исто колку Мралино што е населба на Ск толку и ова населба за Велес.

Атер за муабетот, тешки камењарки има од таму.
Апла е село,ама како населба се води.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
Верувај,така ти се погодило.

Да,да,Марионка од село Папунчево или Ивана од населба Превалец ќе ги седнеш и ќе ги вразумиш гледајќи јутјуб исповеди или слични срања.:D

Брат нели гледате бе општествово колку ни е растроено и просто?
Премногу теоретски зборувате,сосема поинаку е оноа што се случува во пракса.

Правиме муабет за ќотек во момент на импулсивност Ацесо.Едноставно ти пука филмот и го правиш тоа што го правиш.
Секој човек на планетава земја има доживеано таков порив да го згази некој од тепање пошто му пукнал филмот.
Со некои луѓе не можеш преку муабет.Како да живеете во некое стаклено ѕвоно,само теоретски зборувате.Ако биле така лесни работите во животот досега мед и млеко ќе течеше на планетава земја.

Да те прашам нешто,јас го спомнав истото и за мажите,зошто само жените почна да ги браниш?
Или во прашање е повторно феминизмот?
А се спомне насилство врз жена,одма го губите разумот и му се нафрлате на човека нереално.
Читајте малку подобро и сфатетете ја поентата на муабетот,а не вака.
И маж истото го заслужува.

Да не се повторувам по сто пати,досадно е веќе.
Како што напоменав не е само Јутјуб. Освен тоа огромен број села имаат нет конекција. И не е само нетот има мал милион можности. Во најмала рака мора едно општество да најде начин да ги охрабри жртвите да пријавуваат без разлика дали се од Прибилци или Капиштец. А после пријавата правосудниот систем да не ги враќа назад на жими мајка туку да им опне 5-10 години робија за почеток.

Физичкото насилие е најдолна форма на понижување, предизвикување на физичка болка, особено кон лица кои по природата на работите треба да се светиња за насилникот, оставањето лузни и трауми...сето тоа е доволно за да насилниците се праќаат на робија.

И нормално да бидат обележани за цел живот преку регистар, преку медиумска кампања, исто и преку социјални мрежи и низ муабет меѓу раја.
Не може бе, едноставно не смее во денешно време некој кој ја тепа сопругата и децата да останува неказнет. Можеби затоа што имав два тешки случаи во родбина и еден во пријатели каде имаше насилство реагирам поемотивно знаејќи какви трауми имаа/т сопругите и децата.

А што треба да остане статус-кво? Не знам, понекогаш имам впечаток дека млади, здрави, паметни луѓе имаат социјална свест на ниво на рандом слам двелер од Сиера Леоне.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.427
Поени од реакции
11.264
Правиме муабет за ќотек во момент на импулсивност Ацесо.Едноставно ти пука филмот и го правиш тоа што го правиш.
Секој човек на планетава земја има доживеано таков порив да го згази некој од тепање пошто му пукнал филмот.
Со некои луѓе не можеш преку муабет.Како да живеете во некое стаклено ѕвоно,само теоретски зборувате.Ако биле така лесни работите во животот досега мед и млеко ќе течеше на планетава земја.
Ти пука филмот и се контролираш. Затоа си човек, а не животно.
Генерално насилството врз жените не е последица на женското однесување, туку последица од патријархатот и 'маженца' со искривени вредности, кои решиле да ја злоупотребат моќта на својот пол врз физички послабиот пол. Охрабрувано илјадници години наназад, мажите се учени дека треба да доминираат во семејството, а дел од нив под тоа доминантно однесување подразбираат употреба на насилство. И еве ти си пример дека сеуште се спроведува таквиот третман на жалост.

Да те прашам нешто,јас го спомнав истото и за мажите,зошто само жените почна да ги браниш?
Или во прашање е повторно феминизмот?
Не ги бранам ниту едните ни другите. Жал ми е за жртвите (мажи и жени). Ја лично мислам дека психичкото малтретирање е многу поболно, подолго трае и потешко е да се ослободиш од такви психопати. Затоа што потешко се докажува, а и многу потешко и е на жртвата да го препознае малтретирањето и сама себе да си признае што ја снашло.
Ама не е невозможно, дури и да си сам. Битно е само да се сака и да се има желба за тргање на страна од насилникот. А физичкото ваљда доаѓа ко капак на све.
 
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Ауууууу на што налетувам јас во животот човече.
Ај прекини ќе те замолам.
Па цело време ти правам муабет дека злоставувачот треба сурово да се казни,без разлика дали е маж или жена.

Ме читаш ли воопшто како што треба или како слеп за стап се фаќаш само за одредени зборови?
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Како не ти беше мака во 5 сабајле сето ова да го навезиш? :несвест:
Во 4 и пол си идам од работа друже, доле сите спијат, само луѓе од Америка се уклучени, шо попаметно имам да правам?
Најверојатно да спијам зошто не сум видел слободен ден ама тоа е друго :icon_mrgr:
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.722
Поени од реакции
2.237
Секси е друго, и во нервозата имаш онака некои што навистина се слатки коа се нервираат ама она умерено во смисла на заебанција. Какви девојчиња сум видел од малешевскиот дел, кратовоско и кривопаланечко, тоа се жени што заслужуваат да бидат тепани и колку сакаат нека ме осудат тоа е така. Самата помисла дека таа утре ќе земе некој маж, а најобично ги земаат баш некои такви мирни деца, ме терало уште сеа да почнам да ги тепам. А за тоа што кажаа погоре, демек на маж не си смеел, зборуваме за жена која ти е во куќа, нормално дека нема да тепаш жена надвор, од каква и да е причина не би удрил женско, но коа глрдаш дека ти го прави животот пекол...
Но сум секогаш против насилство дури и тогаш. Заминуваш и чао пријатно, но те сфаќам што ти е поентата не знам зошто толку хејт ти удрија.
Едноставно не знам дали вреди да завршиш во затвор за некоја девојка или жена од типот кој го наведе погоре. И јас сметам дека насилството не е решение. И кога веќе знаете да препознаете такви жени и девојчиња бегајте што подалеку од нив. На таков начин нема да се доведете во состојба да ви наштетат на било каков начин, ниту пак да ви го загорчат животот. А ќотекот не е решение.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
Секси е друго, и во нервозата имаш онака некои што навистина се слатки коа се нервираат ама она умерено во смисла на заебанција. Какви девојчиња сум видел од малешевскиот дел, кратовоско и кривопаланечко, тоа се жени што заслужуваат да бидат тепани и колку сакаат нека ме осудат тоа е така. Самата помисла дека таа утре ќе земе некој маж, а најобично ги земаат баш некои такви мирни деца, ме терало уште сеа да почнам да ги тепам. А за тоа што кажаа погоре, демек на маж не си смеел, зборуваме за жена која ти е во куќа, нормално дека нема да тепаш жена надвор, од каква и да е причина не би удрил женско, но коа глрдаш дека ти го прави животот пекол...
Но сум секогаш против насилство дури и тогаш. Заминуваш и чао пријатно, но те сфаќам што ти е поентата не знам зошто толку хејт ти удрија.
А какви се тоа женските во малешевија, кратовско и кривопаланечко?
Што правиме со влаинките :angel:
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
А какви се тоа женските во малешевија, кратовско и кривопаланечко?
Што правиме со влаинките :angel:
Нишо не правиме, не ги земаме за жени :D

Во тој дел на Македонија сум приметил баш таков тип на женски, колку и да не гледаш со стереотипи, сите тие стереотипи не се за џабе. Исто и за Влаинките, тешко се разбираш со нив, тераат инат, не се сите такви но стереотипот е со право. Од друга страна пак многу Македонци во Штип ќе ти кажат дека Влаинките се најчесни, на пример досега не сум слушал некоја Влаинка да и извадат муабет за афера(ова знаеш за која генерација зборувам, сега сме сите Швеѓани :icon_mrgr:)
Така да стереотипите се некогаш злобни но знаат многу пати да се точни и од тоа што сум четал и запознавал нации по странствово, во најголем дел со право биле дадени.
 
Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.397
Поени од реакции
3.820
Ти пишав дека не се јавив на бројот, туку на другиот што беше "Надеж здружение". Не ми треба засега Адвокат ми треба работа ако се разведам каде да одам на улица?
Не можев да ја постирам сликата па ќе го напишам текстот:

Потребен е персонал за продажба
- искуство на каса или
- искуство во пекара
Контакт: 072/272-279

*Пекарата е Дезо во Маџари
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.330
Поени од реакции
4.127
Верувај,така ти се погодило.

Да,да,Марионка од село Папунчево или Ивана од населба Превалец ќе ги седнеш и ќе ги вразумиш гледајќи јутјуб исповеди или слични срања.:D

Брат нели гледате бе општествово колку ни е растроено и просто?
Премногу теоретски зборувате,сосема поинаку е оноа што се случува во пракса.

Правиме муабет за ќотек во момент на импулсивност Ацесо.Едноставно ти пука филмот и го правиш тоа што го правиш.
Секој човек на планетава земја има доживеано таков порив да го згази некој од тепање пошто му пукнал филмот.
Со некои луѓе не можеш преку муабет.Како да живеете во некое стаклено ѕвоно,само теоретски зборувате.Ако биле така лесни работите во животот досега мед и млеко ќе течеше на планетава земја.

Да те прашам нешто,јас го спомнав истото и за мажите,зошто само жените почна да ги браниш?
Или во прашање е повторно феминизмот?
А се спомне насилство врз жена,одма го губите разумот и му се нафрлате на човека нереално.
Читајте малку подобро и сфатетете ја поентата на муабетот,а не вака.
И маж истото го заслужува.

Да не се повторувам по сто пати,досадно е веќе.
Човек во состојба на афект може се да направи, затоа и законодавецот гледа многу поблаго на дела кои се извршени во афект. Погрешно ти го разбраа муабетот па гледам повекето се фатија само за ќотекот и инвалидитетот како зборови а игнорирајќи дека е потенциран поимот ,,пукнат филм,, или афект. Има и жени и мажи кои навистина може да му го пукнат филмот на човек, да го доведат во состојба на непресметливост и да ги здроби од ќотек а после се жалат дека се тие жртвите а другиот е насилникот, притоа прикривајќи и игнорирајќи го фактот дека тие се првите кои започнале со насилство, најчесто психичко а кое насилство го довело ,,насилникот,, во состојба на афект. Но ќотекот во афект треба да биде секако крај на заедницата а не средство за превоспитување на другиот, односно ако некој те доведе во состојба на афект, во состојба да неможеш да се контролираш, тогаш нема повеке што да бараш со тој човек, тука дури мислам дека тој миг, таа мили секунда помеѓу афектот и ќотекот е границата кога веке завршил заедничкиот живот и ќотекот е после заедничкиот живот. Но, скраја да е, треба човек да внимава и избегнува личности кои што може да го доведат во таква состојба, и да делува превентивно, да си заминеш од таква личност пред да те стави во беља....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom