Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 15.514
- Поени од реакции
- 34.559
Не е муабетов дали сме прифатиле или не, едноставно овој сој е далеку позаебан од претходниот.И 70% вакцинирани ко Британија да имаме нема да се врати во нормала и народ како Рон Бургунди нема да бара враќање во нормала туку нови мерки, и трета/четврта доза и ќе бидат криви децата до 10 години зашто мора и тие да се вакцинирани за да имаме 90% и тие што нема да примат трета/четврта доза. Ако тоа им го каже Венко. А и очигледно тој живот им се повеќе допаѓа отколку пред пандемијата.
Веќе е јасно што прави вакцината, а тоа дека во најголем процент штити од тешко заболување. Мене не ми е јасно како така едноставно прифативте фактот дека процентиве што ги објавуваа за ефикасност кое штити од заразување се едно тотално срање и дека за тоа е крив делта сојот. Сега ко што се постират линкови дека трета доза Фајзер(иста ко претходните) помага против делта сојот нели е логично дека всушност заштита со вакцина трае малку, не дека таа трета доза е баш специјално против делта сојот.
Моментално имаме 674 510 вакцинирани барем со една доза според сајтот на https://kovid19vakcinacija.mk/ . Дали во тоа се бројат и овие што се вакцинираа во Србија и Бугарија незнам. Доколку не се бројат тогаш бројката оди над 700 000 па би рекол дека и 50 000 граѓани се вакцинираа во Србија. Имаше викенд каде 10 000 наши се вакцинираа во Србија. Со ова темпо 60% ќе имаме некаде октомври. Јас посакувам да имаме 70% за да знам што би бил следниот изговор на одредена група.
Некако ептен имаме верба во нашиот имунитет , а сме прилично нездрава нација. За разлика од други лесно го поминав(ок има некој афтер шокови) ама би бирал вакцина доколку не го прелегав. Сега тој избор ми е скратен и морав да се вакцинирам иако сум уверен дека тотално не ми треба и дека сум заштитен. 7 месеци откако ме сметат за излечен сеуште имав антитела. И беа намалени за 1/3 од вториот месец после излекување.
Народ повеќе неверува во нашите токмаци и повеќе е инает заради дебилниот начин на терање на вакцинација отколку тоа што може да остави последици вакцината.
@Lester Freamon повеќето земји не ставаат во црвена зона според број на новозаболени, а не вакцинирани. Израел на таа вакцинација имаше пред 2 дена скоро 10 000 заболени. Народот можеш да го обвиниш за тоа што избегнува вакцинација и со тоа се оптоваруваат болниците и неможе да се понуди друга здравствена услуга освен за корона. Ама ако очекуваш дека ќе ти се отворат границите ако има 70-80% вакцинирани грешиш и народот за тоа воопшто не е крив. Австралија не ги примаше своите граѓани, а не пак да ги отвори границите за други.
Јас бидејќи гледам како изгледа и живее нашиов народ, зборувам дека треба да се вакцинираат.
Околу вакцинација за прележаните се согласувам, таа мерка е глупава и примарно треба да се форсира вакцинација на тие што немаат прележано, а потоа со тестирање да им се дава барем една доза на тие што прележале а не развиле доволно антитела.
Народот не го обвинувам примарно поради вакцинацијата, туку поради што е башибозук. И мене ми се шета, и мене ми се оди на журки, и мене ми се седи во меана, арно ама доволно сум свесен дека ако сакам ова да заврши мора троа усул.
Инаку со вакво темпо ќе живееме вака со години се додека не решат да извадат лек, или пак ако вирусот самиот измутира во нешто што нема да опстои. Погледни ја Кина, земја која има страшно голема густина на население и ќе ти стане јасно како дисциплината влијае врз сузбивање на ова срање. На крај на денот прва ја врати индустријата во погон и претрпе најмали економски загуби, за разлика од неа овие „либералните“ и „демократски“ држави сибаа мамицата како никогаш досега.