Тоа ти е дел од мерките за смирување на сооб. меѓутоа има за цел да го предупреди возачот а не да го принуди да ја намали брзината, затоа се ставаат во приод на одредени делови како пешачки премини на фреквентни точки на сообраќајници.
Секоја сообраќајница во основа служи да овозможи пристап или мобилност пред се, иако во пракса се работи за одредена оптимизација помеѓу тие два постулати, е сеа према ова булеварите имаат основна цел како дел од сооб мрежа да овозможат мобилност, и сеа нема смисла да се оди на пасивни мерки за смирување на сооб. ако сообраќајницата има за цел да обезбеди висок проток на возила, додатно на ова е тоа ако има проектиран зелен бран во фазите на семафорите во текот на цел ден или во врвен час ако фазите се променливи, се со цел да ја амплифицира таа мобилност, значи буквално е идиотизам да се оди на поставување на лежечки полицајци.
Значи не е така едноставен проблемот и тоа од повеќе аспекти, не можеш сите возачи да ги ставиш во ист кош заради одредена група на олоши кои да бидеме реални низ секој град се познати на уќуматот, меѓутоа уживаат одредена политичко-криминална заштита. Факт е дека МВР како и сите други институции се кадровски екипирани по партиска линија.
Пример, решение може да се гледа во поставување на фиксни точки за мерење на брзина, било преку комбинција на пиезоелектрични сензори или доплер радари, во комбинација со камери опремени со софтвер при што се што ќе се движи над дозволената брзина ќе го регистририра и идентификува автоматски системот преку регистарски таблички и лицето на возачот. Има системи кои може и возачот да го идентификуваат врз основа на постоечки бази на биометриски податоци, а ако го нема во базата подоцна може да сe утврди индетитетот врз основа на снимка итн.
Е сеа пак доаѓаме до суштинскиот проблем, а тоа e заштитата која ја уживаат тркачите и се враќаме на почеток со цел муабет, да се разбереме дека ако немаш заштита, нема долго да издржиш со такво сооб. поведение.
Едноставно нема политичка воља за решавање на сообраќајните проблеми, исто како за скоро сите други општествени проблеми, примери за справување со вакви проблеми имаш купишта кои се применети низ светот, само треба да се копира нешто и да се прилагоди за наши услови. Има и кадар, само шо одлуките ги носат по партиски штабови гледано исклучиво низ личната и/или теснопартиска призма на оние кои имаат моќ да носат или влијаат на носењето на одлуките.
Јас разбирам дека има решенија за цивилизиран свет и решенија што се скоро како казни, сами по себе, како лежечките. Дали Скопје ти личи на град во кој се живее цивилизирано? На што личат зградите, тротоарите, дворовите? Самите улици се со толку лош квалитет, да овие што ги зборам, нема никаква разлика да напраат...
Како ќе се разбереш со мајмун "синче" на некој небитен директор што е у филм дека го држи господ за муда? Корупција е составен дел од животот. Не е појава. Bateman пишуваше погоре за камери - кога некое привилигирано шмокле прави сообраќајка - нема снимки. Баш тогаш нема. Таков беше случајот со сообраќајката на Гологанов, кога тој адвокат или јебемлига што беше, уби фамилија на мотор - мажот загина, а жената го загуби плодот...и уште колку други такви случаи имаше. "Паднал системот".
Јас разбирам дека има 10-15% "будали" што возат по книга, ама другиот огромен процент се убијци, самоубијци, садисти. Доставувачине на стока по маркети и сите службени возила и покрај огромните казни се општа опасност по живот, што би рекло дека многу веројатно не ги ни стига ни закон, ни казни плаќаат. Што ако е систем што праќа казни по дома....дури мислам дека така уште повеќе ќе избегнуваат.
И јас сакам да гледам утописки и се' е супер што си напишал, ама ова е све само не држава и поредок. Збориме за град во кој има десетици случаи, може стотици каде не отидоа во затвор луѓе што направија сообраќајки со жртви. Милиони евра се вложуваат во софтвер, набавки, срања, за кога ќе ти притреба нешто како граѓанин, некоја рамковна или партиска њушка да ти каже "паднат е системот". Овде султан владеел 500 години, а со него разноразни бегови...не доаѓа памет у скоро време. Не знам дали да се нарече "политичка воља". Секои избори, нов турнус багра се пика во мвр, без квалификации, без интелигенција, превработено, криминогено, склоно кон корупција...што може да се реши со таков кадар? Само поголем хаос се ствара.
Инаку, овие препреки се вградуваат во многу поцивилизирани средини. Ги има и во трло-градови, оние заливски нафташки творевини, ама и низ метрополи во Европа и Америка. Колку и да е ефикасно гонењето и казнувањето, мислам дека поефектно е да се избегне лошиот настан воопшто да се случи.