Иако нерешеново е целосно на душа на Шчезни, мислам дека Алегри ќе има проблем со пристапот кој му носеше резултати претходните сезони. Она класично препуштање на играта на Арслани и Пусетовци не беше проблем кога позади имаше машинеријатата на прајм Киелини и Бонучи + Буфон, и лесно се справуваа со дотичните да зачуваат резултат, ама сега, мислам дека ќе имаат доста проблеми ако се повлекуваат одма при позитивен резултат.
Удинезе имаше минимум уште 2-3 опасни шанси, а реално се доста десеткувани офанзивно сезонава без Де Пол.
Исто така мислам дека на Јуве и сега, а особено лани, му фали point of reference играч во средниот ред, како Пјаниќ, не толку за креација кон напред, колку за ослободување од притисок кога се започнуваат акции од назад. Некој стабилен со топка кој може да повлекува играчи кон себе и после да го префрли на тежиштето со тоа отворајќи му простор на останатите.
Брозо во Интер ми е најдобар пример за ова и мислам дека е многу потценет тој негов придонес во градењето на играта, додека Јувентус нема ниту еден играч во средниот ред за кој би се осеќал сигурно дури е со топка во себе.
Ова вечерва пак ми беше копи пејст од претходна сезона, да, има малце поќе структура очигледно, ама на крајот пак се сведува на индивидуални потези, ако некој убоди, арно, ако не пак арно, а ако замини Роналдо драстично ќе се намалат „убодвањата“ во клучни моменти.