Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Што е со прашалников тука? Да не не е човек Фаучи?
Да не е...

Не е саркастичен бе, зошто смешно?
Мене на пример многу од сценаријата во Блек Мирор ми се допаѓаат и би сакал да се десат.
Два примери ќе набројам.
Едната епизода беше кога имаа уред што овозможуваше да се снима све и едни пар дечко и девојка се докажуваа кој како што правел/кажал изминатите денови/недели. Ох, да има такво нешто колку дискусии и ситуации од реалниот живот ќе ги имав победено...
Втора епизода е онаа со рангирањето/бодовите, некоја верзија на тоа нели шо се деси и дешава во Кина.
Тоа е одлично!
Пример: поминуваш на црвено, одма минус бодови нема што да играме игри на среќа дали ќе те фатат џандари или не.
Плукаш на улица, одма минус бодови.
Крадеш макар ситно нешто, минус бодови.
Не рециклираш - минус бодови.
Не миеш заби - минус бодови.
Тролаш по форуми - ми- oh wait...
Итн.

Ова е најезива епизода. Језив си ко епизодата. Демн забораив дека и вакви луѓе има
 
Ниеден народ не се изборил за нешто со спуштање на глава и слушање наредби. Тоа што би можел да добиеш ќотек не значи дека не треба да се бориш за слобода.

Ќе видиш што е протест и сплотеност доколку им забранат нешто на браќата.

А можеби после 6 месеци и некој од вашиот "табор" ќе се префрли кај нас кога ќе види што се измислуваат, ма да чисто сумњам, не сте способни да размислувате сами...
Не знаев дека ова е борба за слобода? Борба против окупатор?!
...аууу не! За вакцинирање зборуваме... :facepalm:
Иначе може и ќе се префрлам во вашиот табор. Сериозно!
Прво би ви препорачал да почнете со помали битки, како на пример увозното пилешко и говедско месо полно со хормони и хемикалии! Со канцерогените конзерванси, бои и вкусови во кондиторските производи!
Со фабриките и голф четворките што чадат ПМ честички и NOx и се главни предизвикувачи на астма и рак на бели дробови...
Итн итн итн
И откога ќе бидеме како Норвешка, тек тогаш ќе дискутираме за штетноста на вакцините ;)
 
Листа со одобрени Ковид вакцини во Македонијава може да ми прати некој линк?? Поточно од руските вакцини само Спутник е одобрена??

Имале уште две:

1.CoviVac,
2.EpiVacCorona
 
Добро де, пак не ми одговараш на прашањево, како мене ми ова помага како индивидуалец или не мене, на општество ако закачам заебан вирус кој константно мутира, без разлика од кај е вирусот, без разлика со која цел и зошто. Треба да се вакцинирам или не? Треба да носам маски или не? Треба да се дружам или не? Како да се заштитам себе си и најблиските, да не се вакцинирам и да не излегувам од дома бидејќи се кова завера против мене?
Не ве сфаќам вас просветлениве најискрено, еве мене конкретно гајле ми е дали е направен во лабораторија или природен вирус, дали е завера или не, јас не сакам да се разболам или мои најблиски и тоа ме само интересира, тоа ве прашувам дали вакцината ми помага или не, до сега се покажа дека помага така да не знам што е со констатново форсирање теории на заговор и просветлување, не сфаќате главна поента, ГАЈЛЕ МИ Е. Живејте како сакате, никој ништо не ви рече, не се вакцинирајте, бидете просветлени и читајте книги од екс директори, преседавачи и не знам какви ама не форсајте како сте вие попаметни или не знам што, сите други се глупи.

Што сакаш прај си бе брат ако си толку испаничен бустни се сигурно има некој слој на заштита. Нус ефектите ќе ги видиме за пар години. Всушност така било секогаш.

Никој од никој не е попаметен само различно ги апсорбира, анализира и обработува информациите што ги прима според негово искуство во животот.

И пак викаш теории на заговор. Па се што постирав се факти како може теорија на заговор да е факт кој на кого му е татко и мајка.

Жал ми е ако не веруваш во агенда 2030 тоа не е заговор тоа е агенда како да ти објаснам:
1629559127280.png
Црпко си знае убаво кај дува ветрето ама тука...
 
8.192 тестирани
1.250 нови случаи

22 :popce:

Бројката на тестови е карактеристична, таа е 2^13.
13 е баксузниот број.
Коинциденција?
I think not.
 
Да бидам попрецизен, заради Тетово, Гостивар, Куманово, Струга и Кичево кои имаат стапка на имунизација од 25% кај населението над 18 години.

Затоа што секаде на друго место стапката на имунизација е некаде 50% кај населението над 18 години.
Ете ти логично објаснување зошто во Тетово, Гостивар, Кичево и другите градови кај што има низок процент на вакцинирани, има толку голем број на заразени.
 
Помош да расудиш сам со своја глава.

Пример:

1.Тој шо измислил ПЦР тест вика дека е премногу сензитивен и дека луѓе? како Фаучи не треба да бидат на таа позиција дека можат со доволен зум да створат перцепција дека секој околу нас е заразен. Умира 3 месеци пред пандемијава?

2. Клаус Шваб ( има книга има напишано дека ова се користи за Agenda 2030). Значи не романче или нешо небитно Branding Guide (Road Map) како ке се одвиваат работите. Инаку он преседаваше со форумот у Давос на Г7.
Прегледај го приврзокот 304277

You own nothing and you will be happy.

3.Kреаторот на мРна вакцината си кажа дека е против се ова што се прави.

4.Баба Ванѓа
Прегледај го приврзокот 304278
Брат не се труди , џабе е , толку му сече паметот. Неможе тој обичен Калкулус да разбере, па ќе ја свати политиката во светот
 
Другар работи у кладилница не помислува да се вакцинира, праам муабет со него на на телефон му доаѓа муштерија слушам му бара сертификат дали е вакциниран. Епа пошизофрено од ова нема затоа и се одјавувам.
 
Кај виде дека ги има сите вакцини кај тие хоспитализирани? Кај пишува кај е објавено?
... па за разлика од тебе јас не мора да се информирам со читање по портали каде пишуваат тоа што ќе им се наложи, хоспитализирани има и невакцинирани и вакцинирани и тоа ги има со сите антиковид вакцини некои со само една доза, некои после две дози и пак ќе кажам хоспитализирани се сите со средно тешки и тешки симптоми кај кого им е потребна кислородна подршка, додека другите на кои не им треба кислородна подршка се лечат во домашни услови!
... до денес сеуште нема пациент хоспитализиран кој ја прележал порано инфекцијата со коронавирус, па сега повторно се заразил со средно тешки симптоми и со потреба од кислородна подршка,
така да, ако ова инфо не ти се допаѓа, не сум јас крива :toe:
 
Не знаев дека ова е борба за слобода? Борба против окупатор?!
...аууу не! За вакцинирање зборуваме... :facepalm:
Иначе може и ќе се префрлам во вашиот табор. Сериозно!
Прво би ви препорачал да почнете со помали битки, како на пример увозното пилешко и говедско месо полно со хормони и хемикалии! Со канцерогените конзерванси, бои и вкусови во кондиторските производи!
Со фабриките и голф четворките што чадат ПМ честички и NOx и се главни предизвикувачи на астма и рак на бели дробови...
Итн итн итн
И откога ќе бидеме како Норвешка, тек тогаш ќе дискутираме за штетноста на вакцините ;)

Од утре ако престанеш да ги купуваш сите тие канцерогени конзерви, пилешко и говедско со хемикалии, ќе ти воведеме мерки. Буџетот за пазарење ќе ти биде 50% за органска, и 50% за штетна храна. Ако не почитуваш, казни.

Ако бегаш на село или во природа за да не дишеш ПМ честички, ќе те најдеме ќе те фатиме за врат и ќе ти ја набутаме фацата во ауспух од голф 3ка.

Вака од прилика паралелно изгледаат мерките против тие што несакаат да се вакцинират.
 
Добро де, пак не ми одговараш на прашањево, како мене ми ова помага како индивидуалец или не мене, на општество ако закачам заебан вирус кој константно мутира, без разлика од кај е вирусот, без разлика со која цел и зошто. Треба да се вакцинирам или не? Треба да носам маски или не? Треба да се дружам или не? Како да се заштитам себе си и најблиските, да не се вакцинирам и да не излегувам од дома бидејќи се кова завера против мене?
Не ве сфаќам вас просветлениве најискрено, еве мене конкретно гајле ми е дали е направен во лабораторија или природен вирус, дали е завера или не, јас не сакам да се разболам или мои најблиски и тоа ме само интересира, тоа ве прашувам дали вакцината ми помага или не, до сега се покажа дека помага така да не знам што е со констатново форсирање теории на заговор и просветлување, не сфаќате главна поента, ГАЈЛЕ МИ Е. Живејте како сакате, никој ништо не ви рече, не се вакцинирајте, бидете просветлени и читајте книги од екс директори, преседавачи и не знам какви ама не форсајте како сте вие попаметни или не знам што, сите други се глупи.
Nisto tebe nitu pak opstestvoto ne go spasuva ako namerno protiv tebe i opstestvoto golemite sili vodat bioloska vojna...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom