Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 август 2017
Мислења
567
Поени од реакции
514
Се повторувате со правање на грешки и грешки кои доаѓаат од тоа што не правите разлика во структура на гласачи на партии и целта за кои таа е основана.

ГРОМ направи јаки структури уште од самиот почеток на партијата но тоа го направи поради тоа што таа се појави како клиентистичка партија која отвори многу работни места во приватниот сектор, имаше доста јак финансиски бекраунд а и нивна цел беа луѓето кои би биле некоја средна класа а не работничка, така да ГРОМ собра доста бизнисмени кои се од малите бизниси и со логистичката и финасиска поддршка тогаш на портокаловите многумина видеа дека своите лични интереси ќе ги оставарат преку ГРОМ, маливе бизнисмени да се ослободат од притисокот и да ќарат а доста од нив добија доста за возврат од државата, додека нивните активисти повеќето беа вработени на солидни позиции во приватниот сектор кој беше и главниот мотив да се вклучат во ГРОМ.
Значи ГРОМ не ги изгради своите локални структури од идеолошки принципи како што тоа треба да го прави нели Левица, туку ги купи тие локални структури, кога се припоија кон ДПМНЕ партијата истиот ден згасна бидејќи таа ги изгуби своите клиентистички предности кои ги имаше пред тоа, доколку Молња не патеше од лични комплекси со сдсм и да не беше лојален на портокаловите до смрт денес ќе беше трета партија со сигурност на тој капацитет што го изгради клиентистички првите две години.
Гром тогаш на изборите 2014 освои еден пратеник во ИЕ 1, повеќе од половината гласови во кецот ги доби во Карпош бидјеќи тогаш Стевчо беше актуелен градоначалник на општината. Во ие 4 му избега мандатот на Минов за 100- 200 гласа, исто и кај него, повеќе од половина гласови од Кавадарци, бидејќи таму беше градоначалник неколку години. Веднаш после изборите Гром исчезна како партија и денес имаат органоци само низ скопските општини...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.290
Ристо Пенов 1996 победи со подршка на Вмро, а 2000 победи со подршка сдс
Епа нека победи кандидатот на Апасиев со поддршка на ВМРО.
Локални избори 96та, град Скопје:
1629497133648.png

Либерална партија (Ристо Пенов) + Демократска партија (Петар Гошев) имаат повеќе гласови од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Ѕинго има 2 советника. Ако погледнеш по други градови, добри 35% од советничките места во големи градови се од помали партии. Стварно не разбирам од кај иде фантазијата дека Левица со два освоени пратеници направила нешто досега невидено во последниве 30 години.
Автоматски споено мислење:

 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.382
Поени од реакции
18.525
Стварно не разбирам од кај иде фантазијата дека Левица со два освоени пратеници направила нешто досега невидено во последниве 30 години.
Автоматски споено мислење:
1. Тоа било одамна,најголем број од подржувачите на левица возраст 20 30 и во време на пенов,тупурко биле многу мали. Од поново време сите биле привезоци.
2. Апасиев е play to win, односно нема да се задоволи со некаква споредна улога во опозиција, министер или градоначалник. Од тоа што го глеам Левица цели кон замена на вмро, а потоа вајда и преземање на власт.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
1. Тоа било одамна,најголем број од подржувачите на левица возраст 20 30 и во време на пенов,тупурко биле многу мали. Од поново време сите биле привезоци.
2. Апасиев е play to win, односно нема да се задоволи со некаква споредна улога во опозиција, министер или градоначалник. Од тоа што го глеам Левица цели кон замена на вмро, а потоа вајда и преземање на власт.
Доцнат само 30 години за промовирање на социјализам и комунизам, пред 30 можеби ќе ја заменеа и СДСМ.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Се повторувате со правање на грешки и грешки кои доаѓаат од тоа што не правите разлика во структура на гласачи на партии и целта за кои таа е основана.

ГРОМ направи јаки структури уште од самиот почеток на партијата но тоа го направи поради тоа што таа се појави како клиентистичка партија која отвори многу работни места во приватниот сектор, имаше доста јак финансиски бекраунд а и нивна цел беа луѓето кои би биле некоја средна класа а не работничка, така да ГРОМ собра доста бизнисмени кои се од малите бизниси и со логистичката и финасиска поддршка тогаш на портокаловите многумина видеа дека своите лични интереси ќе ги оставарат преку ГРОМ, маливе бизнисмени да се ослободат од притисокот и да ќарат а доста од нив добија доста за возврат од државата, додека нивните активисти повеќето беа вработени на солидни позиции во приватниот сектор кој беше и главниот мотив да се вклучат во ГРОМ.
Значи ГРОМ не ги изгради своите локални структури од идеолошки принципи како што тоа треба да го прави нели Левица, туку ги купи тие локални структури, кога се припоија кон ДПМНЕ партијата истиот ден згасна бидејќи таа ги изгуби своите клиентистички предности кои ги имаше пред тоа, доколку Молња не патеше од лични комплекси со сдсм и да не беше лојален на портокаловите до смрт денес ќе беше трета партија со сигурност на тој капацитет што го изгради клиентистички првите две години.
Човече како збориш за гром, ко да е CDU, а е човек-партија практично. Собрани се 100 будали околу него што го товеа додека беше градоначалник во првите мандати. Да не го гураа дпне со гласови, немаше да види фотеља. Затоа и организираше блокади на уставен суд и глумеше поголем комита и тогашната влада.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.683
Поени од реакции
5.315
Докторов Пановски преку ЛДП за град Скопје ќе биде добар кандидат и интересна опција... мада не ми се свиѓа тоа користење на актуелнава ситуација за политички цели.
Иначе на таа пара што ја има Пановски, а цепа со точачето нон стоп низ градов ми праи мерак.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.031
Поени од реакции
7.145
Гром тогаш на изборите 2014 освои еден пратеник во ИЕ 1, повеќе од половината гласови во кецот ги доби во Карпош бидјеќи тогаш Стевчо беше актуелен градоначалник на општината. Во ие 4 му избега мандатот на Минов за 100- 200 гласа, исто и кај него, повеќе од половина гласови од Кавадарци, бидејќи таму беше градоначалник неколку години. Веднаш после изборите Гром исчезна како партија и денес имаат органоци само низ скопските општини...
Тоа е муабетот, јаки локални структури ти носат шанса да дојдеш до советници/пратеници, и не беше само Кавадарци ИЕ4 освоиа доста гласови и во Струмица и Прилеп, а пред избори имале некоја поделба во Прилеп каде што им се намали бројот на гласови од претседателските избори за парламентарни и не влезе Панчо Минов.

Човече како збориш за гром, ко да е CDU, а е човек-партија практично. Собрани се 100 будали околу него што го товеа додека беше градоначалник во првите мандати. Да не го гураа дпне со гласови, немаше да види фотеља. Затоа и организираше блокади на уставен суд и глумеше поголем комита и тогашната влада.
Ако си прочитал воопшто што сум напишал со разбирање, глава сечам, потенцирано е доста јасно првите две години, а после коалицирањето партијата е згасната денес или меѓуредови е човек-партија, чити внимателно што е напишано пред да реплицираш, посебно што убаво сум потенцирал : со логистичката и финасиска поддршка тогаш на портокаловите, па се чудам како воопшто ја напиша оваа реплика.


п.с. И тоа би било тоа гледам и така 90 % си реплицирате и дебатирате без ни да ги прочитате во целост мислењата на другиот учесник во темата/дебатата па и не планирам да си го трошам времето во дополнителни дискусии од кои гледам нема некое фајде.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.290
1. Тоа било одамна,најголем број од подржувачите на левица возраст 20 30 и во време на пенов,тупурко биле многу мали. Од поново време сите биле привезоци.
2. Апасиев е play to win, односно нема да се задоволи со некаква споредна улога во опозиција, министер или градоначалник. Од тоа што го глеам Левица цели кон замена на вмро, а потоа вајда и преземање на власт.
И Пенов и Гошев се мислеле така. После изборите 96та, Либералната партија и Демократската партија се спојуваат и ја формираат Либерално Демократската Партија.

И теоретски треба да го заменат ВМРО-ДПМНЕ како главна опозициона сила. Зошто на тие локални во унија имаат повеќе гласови.

А тоа што повеќето поддржувачи на Левица не биле родени кога Ристо Пенов се бавел со политика не е нешто за фалење.
 
M

Macedon1um

Гостин
А зошто мора Левица да биде замена за Дпмне ? Дуи со 10-20 освоени пратеници секои избори има главен збор во влада па зошто да не и Левица..

Единствено што треба Левица е да биде доследна на своите ставови, да не прави компромиси кога се во прашање правда корупција урбанизам итн и со тек на време верувам ќе успеат да им превземат солиден број од гласачите на Дпмне и Сдс - кои гласаат за нив а немаат директна корист во вид на вработување и сл
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.382
Поени од реакции
18.525
И Пенов и Гошев се мислеле така. После изборите 96та, Либералната партија и Демократската партија се спојуваат и ја формираат Либерално Демократската Партија.

И теоретски треба да го заменат ВМРО-ДПМНЕ како главна опозициона сила. Зошто на тие локални во унија имаат повеќе гласови.

А тоа што повеќето поддржувачи на Левица не биле родени кога Ристо Пенов се бавел со политика не е нешто за фалење.
Па не е и нешто трагично, збориме за демографија до 40 години. Мислам дека повеќе пати е потенцирано дека тука се грото нивни подржувачи.
И од повозрасните ретко кој го памти зашто има пројдено 25 години, освен ако не е ептен по политика.
Така да за повеќето од нас ова е невидено, доаѓа после долг период кај што мали партии не можеа да земат пратеник. За моја генерација пример, политиката започнува од груевски. Ја ете бев по политика од мал, па ги памтам тито петковски и нсдп(неспоредливо со левица). Ова што го збориш, било 10 години пред тоа.
Инаку и ја мислам дека нема да успее левица, не ради нив, туку едноставно такво е општеството кај нас. Припадноста на луѓето кон двете партии е начин на живот тука, не верувам да се смени било кога. Прашање е кога вмро ќе си го прибере членството и левица ќе стане ДОМ.
Автоматски споено мислење:

А зошто мора Левица да биде замена за Дпмне ? Дуи со 10-20 освоени пратеници секои избори има главен збор во влада па зошто да не и Левица..

Единствено што треба Левица е да биде доследна на своите ставови, да не прави компромиси кога се во прашање правда корупција урбанизам итн и со тек на време верувам ќе успеат да им превземат солиден број од гласачите на Дпмне и Сдс - кои гласаат за нив а немаат директна корист во вид на вработување и сл
Мое мислење е тоа, дека гласачите кога тогаш се групираат во две партии. Ќе дојдеме до ситуација ко во 2016, и поголемата ќе ја преземе помалата.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.290
Па не е и нешто трагично, збориме за демографија до 40 години. Мислам дека повеќе пати е потенцирано дека тука се грото нивни подржувачи.
И од повозрасните ретко кој го памти зашто има пројдено 25 години, освен ако не е ептен по политика.
Така да за повеќето од нас ова е невидено, доаѓа после долг период кај што мали партии не можеа да земат пратеник. За моја генерација пример, политиката започнува од груевски. Ја ете бев по политика од мал, па ги памтам тито петковски и нсдп(неспоредливо со левица). Ова што го збориш, било 10 години пред тоа.
Инаку и ја мислам дека нема да успее левица, не ради нив, туку едноставно такво е општеството кај нас. Припадноста на луѓето кон двете партии е начин на живот тука, не верувам да се смени било кога. Прашање е кога вмро ќе си го прибере членството и левица ќе стане ДОМ.
Автоматски споено мислење:


Мое мислење е тоа, дека гласачите кога тогаш се групираат во две партии. Ќе дојдеме до ситуација ко во 2016, и поголемата ќе ја преземе помалата.
Ама тоа што луѓето не помнат, не значи дека нешто што не се случило. Туку значи дека тие луѓе поим немаат што зборат.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.256
Поени од реакции
43.006
Додека Левица не коалицира со некои од овие партии ќе продолжи да освојува гласови, али ако Апасиев одлучи да се зближи со некоја од нив, значи ја удрил лопатата и прашање на време е кога Левица би постанала едно ништо како многу партии во минатото. Иначе мал ребрендинг добро би му дошол на Апасиев ако сака да ги придобие повозрасните гласачи. Они не се палат на левица како младиве че геваровци.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.382
Поени од реакции
18.525
Ама тоа што луѓето не помнат, не значи дека нешто што не се случило. Туку значи дека тие луѓе поим немаат што зборат.
Добро, не се случило изминатите 20 години :D При тоа условите се доста различни, двете партии се подобро позиционирани него тогаш и шансите за мали партии се помали. Така да прилично голем успех. Па ќе видиме дали ќе заврши како Пенов или нешто поразлично.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.290
Добро, не се случило изминатите 20 години :D При тоа условите се доста различни, двете партии се подобро позиционирани него тогаш и шансите за мали партии се помали. Така да прилично голем успех. Па ќе видиме дали ќе заврши како Пенов или нешто поразлично.
Како Љубчо. :D
 

mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
1.003
Поени од реакции
2.798
Епа нека победи кандидатот на Апасиев со поддршка на ВМРО.
Локални избори 96та, град Скопје:
Прегледај го приврзокот 304243

Либерална партија (Ристо Пенов) + Демократска партија (Петар Гошев) имаат повеќе гласови од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Ѕинго има 2 советника. Ако погледнеш по други градови, добри 35% од советничките места во големи градови се од помали партии. Стварно не разбирам од кај иде фантазијата дека Левица со два освоени пратеници направила нешто досега невидено во последниве 30 години.
Автоматски споено мислење:
Од ВМРО имаат повеќе но од сдс не
 

Attachments

Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom