Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Споредува заразени вакцинирани и невакцинирани, тоа што си го пишала ти му е контролната група. Груба пресметка, али плус минус тука е
Убаво си пишуваше во текстот.
Вкупно 9881 граѓани заразени за периодот 6 - 19 август, целосно вакцинирани 1507, остатокот (8374) невакцинирани.
1507/9881 * 100 = 15.25% вакцинирани од вкупен број заразени.
8374/9881 * 100 = 84.74% невакцинирани од вкупен број заразени.

Е сеа за да одредам процент на ефикасност на вакцината, логично би било да пресметам број на вакцинирани заразени за периодот 6 - 19 август, а во игра да го земам бројот на целосно вакцинирани од 6 - 19 август.

Или па ако сакам да сметам за до денешни бројки од сам почеток.... бројот на вакцинирани заразени од сам почеток до сега и бројот на целосно вакцинирани од сам почеток до сега.
 
Лол не. Зашто се убедувате за нешто што не разбирате. Ај пресметај со бројот на вакцинирани од 6-19 август, да видиме што ќе добиеш:pos:
За да пресметаш ефикасност ти се потребни две контролни групи, во овој случај вакцинирани и невакцинирани. Не мериш ефикасност со пресметување на заболени од вакцинирани, туку со споредба на заболени вакцинирани наспроти заболени невакцинирани. Нормализирани за ист процент на популација. Тоа ти што го збориш, не ти иде во прилог. Само ќе ти ја спушти ефикасноста, зашто на 6ти групата вакцинирани била помала од 19ти, соодветно на тоа коа ќе нормализираш ќе имаш помал процент.
 
Последно уредено:
Убаво си пишуваше во текстот.
Вкупно 9881 граѓани заразени за периодот 6 - 19 август, целосно вакцинирани 1507, остатокот (8374) невакцинирани.
1507/9881 * 100 = 15.25% вакцинирани од вкупен број заразени.
8374/9881 * 100 = 84.74% невакцинирани од вкупен број заразени.

Е сеа за да одредам процент на ефикасност на вакцината, логично би било да пресметам број на вакцинирани заразени за периодот 6 - 19 август, а во игра да го земам бројот на целосно вакцинирани од 6 - 19 август.

Или па ако сакам да сметам за до денешни бројки од сам почеток.... бројот на вакцинирани заразени од сам почеток до сега и бројот на целосно вакцинирани од сам почеток до сега.
Ооооооо, браво, браво си научила дека е многу битен периодот на пресметка :D
 
15% од заразените се двојно вакцинирани, наместо 24% колку што е бројката на целосно вакцинирани, разликата е 9 процентни поени, или ефикасност од 37.5%.
Од тие што се хоспитализирани 9% наместо 24% или ефикасност од 62.5%.
Чисто информативно, да пресметаш без малолетните лица кои се невакцинирани и не завршуваат со хоспитализација, за орентационо да имаме претстава.
 
Лол не. Зашто се убедувате за нешто што не разбирате. Ај пресметај со бројот на вакцинирани од 6-19 август, да видиме што ќе добиеш:pos:
lol da.

Ефикасност на вакцината се заснова на тоа колку луѓе што се вакцинирале развиле болест, во споредба со тоа колку луѓе што не се вакцинирале (добиле плацебо во рамките на клиничкото испитување) развиле ист таков исход. Ама не може да земам дека 15% се заразени вакцинирани (од 9881, за период 6 до 19 август!) и да правам споредба во однос на 495 803 целосно вакцинирани до сега. Нон сенс.

Ако речам дека 15% се заразени од тие 495 803, тоа се 74370.45 заразени вакцинирани.
Ако речам дека 15% се заразени од 9881, тоа е 1507.
 
Чисто информативно, да пресметаш без малолетните лица кои се невакцинирани и не завршуваат со хоспитализација, за орентационо да имаме претстава.
Затоа најдобро е по години, ама неаме такви податоци, па ова е некоја груба пресметка.
 
Нека мерат постојано сатурација како еден од главните показатели за состојбата а ако немаат оксиметар нека си купат.Од искуство со мајка ми која го прележа дома на 71 година за 3 недели да не отиде под 87,88 и тоа со почетна фаза на дијабетис и хронична опструктивна болест.И ако слободно можат да дишат нека си останат дома.Нека прочитаат малку повеќе за дишењето според Вим Хоф метода ќе им помогне.
Над 90 редовно им била сатурацијата, така да изгледа вакцините помагаат во случајот
 
Чисто информативно, да пресметаш без малолетните лица кои се невакцинирани и не завршуваат со хоспитализација, за орентационо да имаме претстава.
Тогаш да ги одземеме и прележаните па вакцинирани, зошто и тие не завршуваат?
 
lol da.

Ефикасност на вакцината се заснова на тоа колку луѓе што се вакцинирале развиле болест, во споредба со тоа колку луѓе што не се вакцинирале (добиле плацебо во рамките на клиничкото испитување) развиле ист таков исход. Ама не може да земам дека 15% се заразени вакцинирани (од 9881, за период 6 до 19 август!) и да правам споредба во однос на 495 803 целосно вакцинирани до сега. Нон сенс.

Ако речам дека 15% се заразени од тие 495 803, тоа се 74370.45 заразени вакцинирани.
Ако речам дека 15% се заразени од 9881, тоа е 1507.
Дај не се резили факултетско лице си и доктор вајда. Точна е пресметката, гледаа сооднос а не апсолутен број.
 
Затоа најдобро е по години, ама неаме такви податоци, па ова е некоја груба пресметка.
Кога немаме, next best thing е да се тргнат тие што ги спомнав, сигурно има негде податок колку се малолетни лица (ако веќе оперираме со 2м народ)
Автоматски споено мислење:

Тогаш да ги одземеме и прележаните па вакцинирани, зошто и тие не завршуваат?
Прележаните да од вкупниот број, како и тие кои се прележани и вакцинирани од вакцинираните, ако знаеме.

Е де, направи една пресметка, нема да ја ставиме кај Филипче на профил
 
Сериозно И, споредуваш вкупно вакцинирано население од day 1 до сега, со 15% инфицирани вакцинирани од 06.08.2021 до 19.08.2021 и така пресметуваш намалена ефикасност на вакцината :D
Споредувам колкави би биле бројките при нормална дистрибуција, споредено со тоа колкави се сега, откако вакцините ја денормализираат дистрибуцијата. И да, така се пресметува ефикасност.
Автоматски споено мислење:

Прележаните да од вкупниот број, како и тие кои се прележани и вакцинирани од вакцинираните, ако знаеме.

Е де, направи една пресметка, нема да ја ставиме кај Филипче на профил
Дај ми бројки на прележани дупло вакцинирани, и прележани невакцинирани, и ќе направиме. Плус, самиот Заев вчера кажа дека 17 му годишниот син му е двојно вакциниран. Ама ок, еве нека се бројките 45% со 75%.
 
Последно уредено:
60dena
 
Attachments

  • Screenshot_20210820_161226_com.facebook.katana.jpg
    Screenshot_20210820_161226_com.facebook.katana.jpg
    438,6 KB · Прегледи: 71
А јас што зборам?

Не мериш ефикасност со пресметување на заболени од вакцинирани, туку со споредба на заболени вакцинирани наспроти заболени невакцинирани.
Ефикасност на вакцината се заснова на тоа колку луѓе што се вакцинирале развиле болест, во споредба со тоа колку луѓе што не се вакцинирале (добиле плацебо во рамките на клиничкото испитување) развиле ист таков исход.

Нормализирани за ист процент на популација.
Ама не може да земам дека 15% се заразени вакцинирани (од 9881, за период 6 до 19 август!) и да правам споредба во однос на 495 803 целосно вакцинирани до сега.

Значи дај вкупен број на невакцинирани и пресметај колку од нив развиле корона.
Па после дај вкупен број на вакцинирани и пресметај колку од нив развиле корона.
 
Не знам каде да пишам па ајде тука, имал некој ваков проблем при регистрација на вакцинација мк received_283026950296829.jpeg
 
Влегов во филмот на еден наш форумџија (или форумџика) и ќе гледам малку да комплицирам.

Не можеме да правиме груба ефикасност на вакцината затоа што се вакцинираме со повеќе вакцини, за разлика од УК и Израел каде доминира една. УК користи и Фајзер, Јансен и Модерна, но повеќе од 100 мил дози се на АЗ.

Потоа не знаеме со кој сој биле заболени позитивните, хоспитализираните и починатите. Некаде прочитав дека 2/3 од новозаболените се со Делта. Значи веќе е доминантен. До пред некоја недела имаше 40тина пријавени случаи на Делта.

Процентот на ефикасност на вакцините е во пад. Тоа беше и очекувано. Само не можам да видам пропуст во математиката на Акесо за двонеделниот пресек (па и логиката за мерењето на не/ефикасноста на вакцината) . Логиката и на другата страна ја разбирам, ама рано е за такви калкулации, како што е рано да се вадат статистики за тоа кои старосни групи подлегнуваат на Делта сојот. Немаме доволно информации.

Од друга страна одредена вакцина е модифицирана да делува и против Делта сојот.

пи.ес. Многу сте нервозни и напнати. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom