Дали е ова, можна најава за Antibody-dependent Enhancement (ADE)?
... ај да видиме што е АДЕ и велиш „можна најава за антиковид вакцини“,
откако развивме антитела кон некоја болест, нашиот имунолошки систем може да реагира претерано бурно следниот пат кога ќе биде изложено на болеста, ретка појава, но ете можна на засилување на влез на вирусот токму зависно од антитела (АДЕ),
... па зошто би била најава, тоа е само таа заштитната што толку се потенцира, се тестира, се калкулира, толку антитела, па се нема антитела, па се има што е важно нели да не навлезе во телото, ама тука се нашите најважни војници убијци во клетките Т и Б (клеточен имунитет) одговорни да го убие вирусот кај нив нема промашај, барем до сега!
...тоа не е сега најава и ништо ново, затоа вакцините треба да се усовршуваат и да се отстранат тие негативности, слично би требало и за овие нови збиднувања, зашто да се зема трета доза на антиковид вакцина? дај направи нова, модифицирај, острани негативности, АЗ антиковид вакцина пронајдена е молекулата која предизвикува тромбоза, дај модифицирај острани ја молекулата, а не тука антиковид вакцини од 2020 година ќе се применува во 2021 зборуваме за несакани реакции, ако се додаде и мутирање на самиот вирус, џабе овие „стари антиковид вакцини“ па примиле и пет дози, усно уверување не значи и на терен искуствата, а тоа табелите секој може да си ги прави според Х инструкции,
... еве кога веќе се зборува за болеста К19 која поврзано со респираторни заболувања, на пример кај децата пневмонија најчесто ја предизвикува
респираторниот синцицијален вирус (РСВ) и била развиена вакцина со што вирусот го инактивирале и прочистиле со хемиска супстанца- формалдехид, и во самите клиничките испитувања, децата на кои им била дадена вакцината имале поголема веројатност да развијат или да умрат од пневмонија по инфекција со РСВ, отколку без неа, па затоа овој факт во ова клиничка студија го стопирале развојот на ова вакцина,
...истото се случило и со вакцината против мали сипаници (морбили) со инактивирање на вирусот со формалдехид, децата кои биле вакцинирани, а подоцна се заразиле со мали сипаници развиле висока температура, необичен осип и атипична форма на пневмонијаи вакцината веднаш била повлечена од употреба, со што направија нова „послаба“ (да не навлегувам во детали) од 1960 год, кои не предизвикуваат АДЕ и до денес се применува,
... сега со овие антиковид вакцини, дали би имале или има таква појава на АДЕ земајќи го фактот дека се развиени за неполна година, не знам колку се искрени при давање извештај за несакани реакции, но искрено не сретнав барем на Нет такви информации, ама на терен има сомнителни реакции на цитокинска бура, ама кој им знае дали имаме експерти тоа да го разглобат или дали воопшто се замарат со такво следење или поточно дали воопшто се едуцирани и имаат сопствено мислење, вакцина Да! ама со кој ризик, во минатиот век барем имало искреност колку толку, сега све монтирано, човек не знае што е вистина, што не, ни се пријавуват службено несакани реакции ниту се замараат со такви податоци,
... јас ситуацијата би ја споредила со филмот Титаник и моментот како сите се искачувале на врвот на бродот кој тонел вертикално во студениот океан, за да се успее да се преживее во таа студената вода барем да се биде меѓу последните што ќе паднат во таа студена вода, додека дојде помош да се издржи хипотермијата и смрт, ме сфаќаш нели?