Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Читам во коментарите дека госпоѓава е докторка, ама за вака и јас знам да истресам од ракав информации, оти муабетите ми личат за чаршиски муабети, ама ај. Небитно, не верувам да е до таму дотичната замината, а ги има многу и такви, така да не ме чуди.

Оваа е сопруга на Љупчо Ристовски од Интегра. :tapp:
 
Како рано? Претходно умираа ''само стари и хронично болни". 70-80 годишни претежно. Сега 50-60-70 годишни.
Рано е за било каков заклучок бидејќи пред 2 недели имавме 300 заболени на ден. Нема поента да се прави муабет коа бројот на примероци ти е мал.
 
Абдал. Не знам кој со сиот памет му даде микрофон на него! Работел во сферата на безбедноста, 11-13 години, говорот го започна одлично. Говореше за мерките и потоа залута. За депопулација, за тоа дека немало Ковид и дека децата ги грабнале во соработка со Власта! Тотален идиот. Па една кокошка (говорник бр. 2) почна да му довикува и овој побара 10 редари да застанат да го чуваат. Комедија.

Продолжи да меле и оваа му се сипа. Го удри, настана мешаница и се симна од сцена.

Кокошката која не се претстави (говорник бр. 2) почна да зборува за слободата и за фараоните. Си отидов. Немаше многу народ. Нема ни да има ако микрофоните ги окупираат морони.

Така не се одржува говор. Потребна е реторика, а требаат и факти. Еве сега може вакцина да прими прележано после месец-дена, а претходно беше после 6 поминати месеци! Чичко ми беше вратен, после месец дена по прележувањето, кога отиде на вакцинација! Стави го тоа. Стави ги сите контроверзии, постави ги тезите на страните спротивставени во самата докторска фела и отвори ги прашалниците за вакцините и "науката". Така ќе ги раскараш.

Левица имаше одличен коментар на фб после првичните мерки. Барем дел од опозицијата се залага против мерките на Владата.

И да, не протестирав против вакцинацијата, туку против мерките.

Нешто од атмосферата. Жива маска немаше. :D
IMG_20210819_193902.jpg

Ете има нови забрани!
 
ТЕПАЧКА НА ПРОТЕСТОТ



Говорници се степаа меѓу себе на бината. Почнаа да си дофрлуваат : еби сe! Курво ! Кажи кој тe плаќа

:pos:
 
Како рано? Претходно умираа ''само стари и хронично болни". 70-80 годишни претежно. Сега 50-60-70 годишни.

Ах бе не знаеш ниту да спинуваш. :)

Доволно беше само првиот коментар, без да сугерираш.
 
ТЕПАЧКА НА ПРОТЕСТОТ



Говорници се степаа меѓу себе на бината. Почнаа да си дофрлуваат : еби сe! Курво ! Кажи кој тe плаќа

:pos:
Бруки:facepalm:
 
Абдал. Не знам кој со сиот памет му даде микрофон на него! Работел во сферата на безбедноста, 11-13 години, говорот го започна одлично. Говореше за мерките и потоа залута. За депопулација, за тоа дека немало Ковид и дека децата ги грабнале во соработка со Власта! Тотален идиот. Па една кокошка (говорник бр. 2) почна да му довикува и овој побара 10 редари да застанат да го чуваат. Комедија.

Продолжи да меле и оваа му се сипа. Го удри, настана мешаница и се симна од сцена.

Кокошката која не се претстави (говорник бр. 2) почна да зборува за слободата и за фараоните. Си отидов. Немаше многу народ. Нема ни да има ако микрофоните ги окупираат морони.

Така не се одржува говор. Потребна е реторика, а требаат и факти. Еве сега може вакцина да прими прележано после месец-дена, а претходно беше после 6 поминати месеци! Чичко ми беше вратен, после месец дена по прележувањето, кога отиде на вакцинација! Стави го тоа. Стави ги сите контроверзии, постави ги тезите на страните спротивставени во самата докторска фела и отвори ги прашалниците за вакцините и "науката". Така ќе ги раскараш.

Левица имаше одличен коментар на фб после првичните мерки. Барем дел од опозицијата се залага против мерките на Владата.

И да, не протестирав против вакцинацијата, туку против мерките.

Нешто од атмосферата. Жива маска немаше. :D

Ете има нови забрани!

па што очекуваш да се дискутира освен за фараони, антени, магнети и рамна земја? Такви луѓе си одбрал за дружба :D
 
Дали е ова, можна најава за Antibody-dependent Enhancement (ADE)?
... ај да видиме што е АДЕ и велиш „можна најава за антиковид вакцини“,
откако развивме антитела кон некоја болест, нашиот имунолошки систем може да реагира претерано бурно следниот пат кога ќе биде изложено на болеста, ретка појава, но ете можна на засилување на влез на вирусот токму зависно од антитела (АДЕ),
... па зошто би била најава, тоа е само таа заштитната што толку се потенцира, се тестира, се калкулира, толку антитела, па се нема антитела, па се има што е важно нели да не навлезе во телото, ама тука се нашите најважни војници убијци во клетките Т и Б (клеточен имунитет) одговорни да го убие вирусот кај нив нема промашај, барем до сега!
...тоа не е сега најава и ништо ново, затоа вакцините треба да се усовршуваат и да се отстранат тие негативности, слично би требало и за овие нови збиднувања, зашто да се зема трета доза на антиковид вакцина? дај направи нова, модифицирај, острани негативности, АЗ антиковид вакцина пронајдена е молекулата која предизвикува тромбоза, дај модифицирај острани ја молекулата, а не тука антиковид вакцини од 2020 година ќе се применува во 2021 зборуваме за несакани реакции, ако се додаде и мутирање на самиот вирус, џабе овие „стари антиковид вакцини“ па примиле и пет дози, усно уверување не значи и на терен искуствата, а тоа табелите секој може да си ги прави според Х инструкции,
... еве кога веќе се зборува за болеста К19 која поврзано со респираторни заболувања, на пример кај децата пневмонија најчесто ја предизвикува
респираторниот синцицијален вирус (РСВ) и била развиена вакцина со што вирусот го инактивирале и прочистиле со хемиска супстанца- формалдехид, и во самите клиничките испитувања, децата на кои им била дадена вакцината имале поголема веројатност да развијат или да умрат од пневмонија по инфекција со РСВ, отколку без неа, па затоа овој факт во ова клиничка студија го стопирале развојот на ова вакцина,
...истото се случило и со вакцината против мали сипаници (морбили) со инактивирање на вирусот со формалдехид, децата кои биле вакцинирани, а подоцна се заразиле со мали сипаници развиле висока температура, необичен осип и атипична форма на пневмонијаи вакцината веднаш била повлечена од употреба, со што направија нова „послаба“ (да не навлегувам во детали) од 1960 год, кои не предизвикуваат АДЕ и до денес се применува,


... сега со овие антиковид вакцини, дали би имале или има таква појава на АДЕ земајќи го фактот дека се развиени за неполна година, не знам колку се искрени при давање извештај за несакани реакции, но искрено не сретнав барем на Нет такви информации, ама на терен има сомнителни реакции на цитокинска бура, ама кој им знае дали имаме експерти тоа да го разглобат или дали воопшто се замарат со такво следење или поточно дали воопшто се едуцирани и имаат сопствено мислење, вакцина Да! ама со кој ризик, во минатиот век барем имало искреност колку толку, сега све монтирано, човек не знае што е вистина, што не, ни се пријавуват службено несакани реакции ниту се замараат со такви податоци,
... јас ситуацијата би ја споредила со филмот Титаник и моментот како сите се искачувале на врвот на бродот кој тонел вертикално во студениот океан, за да се успее да се преживее во таа студената вода барем да се биде меѓу последните што ќе паднат во таа студена вода, додека дојде помош да се издржи хипотермијата и смрт, ме сфаќаш нели?
 
Последно уредено:
па што очекуваш да се дискутира освен за фараони, антени, магнети и рамна земја? Такви луѓе си одбрал за дружба :D
Ги гледав на стрим. Додека таа плавата раскажуваше за Фараонот и Египет, у позадина се слуша машки глас како и суфлира : кажи за 5 г-то и рамната земја.

:pos: :pos: :tapp:
 
па што очекуваш да се дискутира освен за фараони, антени, магнети и рамна земја? Такви луѓе си одбрал за дружба :D
Блам. Чекај малку да се спукам во групата. Нека има драма.
Ќе ме избркаат експресно.

:coffee:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom