Мене воопшто не ми се допаѓа тоа што гледам луѓе по фб, вакцинирани, кои тропаат како невакцинираните не требало да бидат примени во болници, а истите се откорнаа одејќи по свадби, дешавки и три одмори годинава. Кое факинг лицемерие.
Ако си вакциниран, не значи дека ти можеш да си се акаш по свадби секој ден, да се гушкаш и бакнуваш по трипати со невестата и да си викаш амин, мене не ме фаќа и не ширам. Глупи ли се, така им одговара, не знам, али многу луѓе што ги сметав за попаметни од грото сега гледам дека си го вртат филмот како им одговара.
Има куп луѓе што од разбирливи причини не можат да се вакцинираат, бремени на почеток и доилки, луѓе со скршеници и разни други болести моментално, кај мене во фамилија имав особа која два месеци одложуваше вакцина ради анемија и докторите и викаа да почека со вакцина ради слаб имунитет. И овие луѓе може се посвесни од првите и не се акаат по свадби и сите можно настани во градот, ама пази, за нив не требало да има кревет во болница. Оукеј.
За меркиве не ми се ни коментира, уште онаа од лани со маска на отворено ми одеше на нерви, и оттогаш ништо асално немаат ко мерка воведено.