J
joli1
Гостин
Кој мотал џокац почесто знае за што збориш . Најчесто у такви кругови има такви пијавици.Имаме едно "другарче", "стотче" се вика. Го знаете Стотче? Многу добар дечко е, 30+ години и секогаш има 100 денари у џеб. Дали ќе седнеме у кафана, неважно дали ќе дојде на почеток или долета ко падобранец на крај, дали седиме на клупа и цепаме пиво и џокла онака младалачки, дали идеме у казино малку да полупаме на апаратите, Стотче секогаш ама баш секогаш е со точно 100 денари у џеб. А сака да се фали како само што дошол од кафана и се напраил лом, или како вчера фатил/поебал на Book of Ra. Некад ќе го "наместиме" да купи пиво за друштво, кога седиме клупи, и ќе дојде со една пластика за него, втора пластика за другите. Значи пластика, дека со 20 денари ќе направи огромна разлика во сопствениот економски живот. Има Роми кои не се понашаат како Стотче.
Стотче е пеерче, ама па темата е за позајмица на пари, а не кој како се понаша во кафана.
Прошла година традиција ни беше секој ден после работа со едно другарче да чадиме и да пиеме пиво како начин на релаксација после смена. Се беше ОК додека не ни се тутна еден лик кој што беше скоро деценија ако не и повеќе постар од нас и заработуваше повеќе од нас.
Мотаме буксна, ја кинеме, влегуваме во кафич, една тура ја, една тура другачево, една тура после пак јас, една тура после пак другарчево, а овој типов седи и не мрда со прст, ниту пак да се понуди да плати. Сево ова се дешава као недела и повеќе у континуитет, типот буквално денар немаше дадено за ништо.
Го викаме една вечер ја и другарчево, пржиме една палка мрсничка, влегуваме у кафич и почнуваме да нарачуваме јегер по јегер, пиво по пиво, коктел по коктел, сево ова намерно само за да натрупаме сметка. Доаѓа конобаров, ни кажува четирицифрен број за плаќање, еве му викам, овој ќе ти плати и си станав. Типот запрепастен остана, плати, наведна глава и побегна .
Не пројдоја неколку дена одма почна да јаде бурек по луѓе, еве до ден денешен не ми се поздравува.