Политички одлуки и никаква логика.
Од самиот почеток на пандемијата, ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА мерка која беше логична и исправна беше затворањето на Дебар и толку крај.
Година и половина ние имаме не логични и не функционални мерки, за да се справиме со оваа пандемија.
- Започнавме со воведување на фамозен полициски час во одредени часови. Затоа што имавме сознанија дека вирусот дење спие, а ноќе е крајно заразен.
- Мерки за 4 дена по ред строг карантин, затоа што вирусов во исто време ептен религиозен ни испадна. Посебно напаѓаше по христијански празници, уплав и паѓање во несвест добиваше една бањата буржоазија од литија. А да видиш чудо вирусов автоматски исчезнуваше на муслимански празници. Едно време дури и за умрено беше прогласен.
- Мерки за движење според старосна граница, до 18 години да се движеле од 12 на пладне до 21 навечер, а повозрасните над 67 од 5 часот до 11 на пладне.

- Мерки кои се носат во 5 до 12. Се затвора Куманово, мерката стапува на сила утре, тие соопштуваат денес. Па така имавме поплави од луѓе по улици, маркети, банки. Да не се заборави миграцијата и окупацијата на Охрид и слични излетнички места среде пандемија.
- Мерките каде што државната администрација си го ладеше дома, а кутрите текстилни работнички беа напикани во хали по 200 - 300 жени, една до друга. Продавачките во маркети, возењето во ЈСП со преполни автобуси и сл.
Овие скоро донесениве рестриктивни мерки, веќе се црешата на шлагот.
Слободно може да се прошета низ Струга, а верувам дека истото се случува во Дебар, Гостивар, Сарај и слични на нив, пазарен инспектор нема да се најде во радиус од 30 км. Пазарните инспектори се на терен во источна Македонија, спроведуваат ред и закон.
Не се виновни тие што не се вакцинирани, виновен е системот што не функционира, виновна е владата што не знае, не сака и не може да донесе мерки кои ќе допринесат да се справиме со чудово наречено Ковид.