Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Не те разбирам @Ron Burgundy. Муабетот мене ми беше дека секогаш ќе има еден случај. Значи логично е дека треба да бидеме подготвени за нови селективни локдауни како начин на живот, затоа што кога ќе им прдне без разлика и 90% да имаат три дози фајзер. Дали конташ што се случува.

Другата страна е знаеш што се случува но ќе верглаш додека не се напраи сите да примат, а притоа знаејќи дека е невозможно и си го оправдуваш твојот фашизам и злоба и затоа што ти киснеш дома сакаш и другите да киснат за ете ти купиш некој ден?
 
За сите што сте ПРО, гледам дека сте OUT OF LOOP.

ЗНАЧИ МУАБЕТОТ ЗА ИМУНИТЕТ НА СТАДО, ПОВЕЌЕ НЕ ВАЖИ.

Заврши таа приказна, финито, енде ...

Новата реалност е дека секој ќе треба да го прележи.

Така да стратегијата на Австралија и Нов Зеланд во моментов е многу климава, барем со постоечките вакцини, на кои му паѓа газот на 6 до 8 месеци.

Сега можат вака да тераат до изнајдување на лек за короната, што мислам не е далеку, но сепак ќе помини уште една година.

секоја држава си има свои тактики, за нив тоа работи и не ги уништува економски ете. Нивен проблем. Мене ми е од интерес све што се тиче јавно здравје, и можноста некој сам слободарски граџанин да одлучува за сите ја газам како пикавец.
 
Никој нема умрено, те лажат илуминатите и масоните.
Кој знае до каде оди зајачката дупка....не е чудо да се зелените криви за се, па дури и за нашето верување дека може да се умре.
 
Не те разбирам @Ron Burgundy. Муабетот мене ми беше дека секогаш ќе има еден случај. Значи логично е дека треба да бидеме подготвени за нови селективни локдауни како начин на живот, затоа што кога ќе им прдне без разлика и 90% да имаат три дози фајзер. Дали конташ што се случува.

Другата страна е знаеш што се случува но ќе верглаш додека не се напраи сите да примат, а притоа знаејќи дека е невозможно и си го оправдуваш твојот фашизам и злоба и затоа што ти киснеш дома сакаш и другите да киснат за ете ти купиш некој ден?

ти разбираш дека у нов зеланд немаше ниеден? Они беа единствена ковид фри држава, и ете им се појавил некој. И логично е да затворат све. Имаат стратегија и доколку нешто се коси со неа превземаат мерки.
 
Не се нервирај зашто си штетиш на имунитет, а ќе ти треба затоа што по се изгледа вакцината не штити толку од заразување и ќе си го прелегаме сите.
 
Класична автократија е ако ги одземеш сите слободи и права и ги пикнеш сите дома. Притоа да го вклучиш и целиот државен апарат во спроведувањето на автократските мерки. Тоа не е грижа ниту за народот, ниту за државата, ниту за економијата. Имам другари кои викаат дека се психички истроштени од сите мерки. Доста беше. Ако некој сака, нека си седи дома. :)

Дамби, луѓето како луѓе. Драма прават, биле психички истоштени, тоа е кога не можат да се адаптираат. Човекот треба да ги прифати околностите во кои се наоѓа. Оние у затвор што се им е убаво? Не, им е. Они ги прифатиле околностите и не се замараат. Сега ако некој поседел дома некој ден голем курац.
 
Јас после вакцината качив температура и спиев добри 15 саати и кога се разбудив, фацата ми беше 3 пати поголема од нормална што ми е. Очите не ми се гледаа од потечените образи, 4 дена бев на боледување. Сега сум во ред.
Среќа моја и со короната лошо поминав а и со вакцината бетер.
Денес за уште петмина слушнав со тешки нуспојави после вакцина, незнам зошто не ги објавуваат и тие случаи со симптоми, едноставно ти велат дека им се познати сите тие контраефекти и нема проблеми, а има и многу што лежеа и во болница...но не им се битни тие податоци, паниката кај народот е на највисоко ниво, вакцината е присилна па ти бирај дали магаре ке ти го бапне или змија да те апне.
Страшна работа... Сакав да те прашам после колку време од прележување се вакцинираше и со која вакцина???
 
секоја држава си има свои тактики, за нив тоа работи и не ги уништува економски ете. Нивен проблем. Мене ми е од интерес све што се тиче јавно здравје, и можноста некој сам слободарски граџанин да одлучува за сите ја газам како пикавец.

Твоето силење дека сите треба да се вакцинираат не е во ред, затоа што не се знае кој ќе излези најпаметен на крај.

Еве го Science Magazine од вчера, веќе на сите му станува јасно.
И тоа со наслов не карактеристичен за научно списание.

Мрачно предупредување од Израел: Вакцинацијата го отежнува, но не ја победува Делта

И тоа насловот е малце безобразен, затоа што сега сите се вадат на Делта.

Но, во документот што го објавив вчера, Фајзер потврдува дека имунитетот паѓа кај тие над 60 години после 6 месеци, а кај останатите после 8 месеци. Тоа значи дека и со соевите лани пред алфа т.е. британската верзија, знаеле дека паѓа имунитетот.

Тоа значи дека некаде во декември (голем број од 18-60 се вакцинирани во март-април) најголем број на луѓето во Израел кои примиле вакцина нема да бидат заштитени.

Е тоа е тоа што му ја еба стратегијата на сите со вакцините.

НАЈБИТНОТО е што за жал сеуште се водат испитувања за безбедност на Фајзер, затоа што премногу работи скратија лани и не се сигурни колку е безбедна.
 
Последно уредено:
Дамби, луѓето како луѓе. Драма прават, биле психички истоштени, тоа е кога не можат да се адаптираат. Човекот треба да ги прифати околностите во кои се наоѓа. Оние у затвор што се им е убаво? Не, им е. Они ги прифатиле околностите и не се замараат. Сега ако некој поседел дома некој ден голем курац.
Тропаш глупости. Со ништо, чесниот граѓанин, не заслужил да биде затворен (нема да речам да биде во затворски услови, сепак е дома). И не е некој ден, туку се работи за месеци во Австралија. Беше драма кога се наполни психијатриската болница во Битола со пациенти кои имаа пост-Ковид трауми? Треба да се грижиш и за менталното здравје на народот. Доста беа глупости. :)
 
Ако носиш маска си признаваш сам на себе дека вирусот е опасен....со тек на време почињаш да веруваш дека ако го фатиш ќе си ебеш матер. Од друга страна веруваш дека маската те штити.
Тоа објаснува два феномени, тешко се разболуваат тие што носат маска заради плацебо и дел затоа што има некоја заштита, и другиот што кога ќе се разболи некој што се пазел го јаде стапот.
The mind is everything. What you think you become.
 
Денес за уште петмина слушнав со тешки нуспојави после вакцина, незнам зошто не ги објавуваат и тие случаи со симптоми, едноставно ти велат дека им се познати сите тие контраефекти и нема проблеми, а има и многу што лежеа и во болница...но не им се битни тие податоци, паниката кај народот е на највисоко ниво, вакцината е присилна па ти бирај дали магаре ке ти го бапне или змија да те апне.
Страшна работа... Сакав да те прашам после колку време од прележување се вакцинираше и со која вакцина???
Декември лани прележав, пред 5 дена се вакцинирав. Не ме ни прашаа за прележан ковид, го прашав тој што ми земаше податоци дали има врска што сум прележала, не не воопшто не е битно ми рече, ни праша кога, значи сум можела и пред 5 дена да ја прележам, тотално небитен податок им беше тоа.
Кога потеков и бев кај матичната ми рече супер значи дека вакцината кај тебе делува позитивно и поради прележан ковид сум имала изгледа високи антитела па затоа "малце" се искомплицирало. На себе не личев воопшто. Во боледувањето ми пиша причина уртикарија.Не знам што е тоа, не сум ни изгуглала. И така. Болки немав, раката само нели што боли, уморна бев и ова што потеков 3 дена.
Со Фајзер.
 
Тропаш глупости. Со ништо, чесниот граѓанин, не заслужил да биде затворен (нема да речам да биде во затворски услови, сепак е дома). И не е некој ден, туку се работи за месеци во Австралија. Беше драма кога се наполни психијатриската болница во Битола со пациенти кои имаа пост-Ковид трауми? Треба да се грижиш и за менталното здравје на народот. Доста беа глупости. :)

Зошто глупости? никој не ги лимитира луѓето во државава да се дружат. Вие не разбирате дека животот претходно и сега не е ист. И додека не го сфатите тој факт ќе имате психички растројства и проблеми. Самиот проблем на луѓето е неприфаќањето на околностите во кои се наоѓа. Тоа оние што протестираа не можат да го разберат исто како и вие. Едноставно не ги разбирате работите и гледате многу површно. Џабе сите дипломи и докторати кога не можете да имате реална слика за ситуацијата во која се наоѓате.

Мислиш мене ми е супер вака? И мене ми фали животот порано што сум го имал и што сум се дружел многу повеќе со луѓе. Али тоа е новата реалност.
 
Кој знае до каде оди зајачката дупка....не е чудо да се зелените криви за се, па дури и за нашето верување дека може да се умре.
Батка, на другар почина мајка му на 54 години, жената немаше никакви посериозни болештини, едноставно во рок од 10 дена ја кутна во кревет и не успеаа да ја дигнат ни на приватна клиника, белите дробови вода.
На колега од работа почина дедо му, ми кажуваше дека платиле 24 000 евра за лекување во Филип Втори, 60 и нешто години, ни парите не го спасија иако ги имаше доволно.
Во маало кај мене имаше три случаи што починаа од корона, од кои најмладиот дечко под 40 години, 3 месеци го влечкаа по клиники и не се спаси.

Можеби смртноста не е висока, но има луѓе кои изгубија блиски од ова и да сум на твое место би припазувал со муабетите.

Политичарите се виновни само и само со глупите мерки, да беа паметни нашиве ќе убрзаа со изборите и заедно со нив требаше да стават и референдум (ем ќе имаа повисока излезеност). Ако народ одлучи дека сака да се тргнат сите мерки, пушташ соопштение дека имаш 1000 места слободни капацитети и кој ќе преживее нека раскажува.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom