Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.175
- Поени од реакции
- 25.962
Изненадувачки, не повеќе. Може треба подолг пост да пишам на таа тема, сега на кратко. Со најновото интервју пред месец дена де факто владетелот Мухамед Бил Салман рече дека ќе исфрли се што не е во Куранот, притоа мислејќи на хадитите вклучувајќи ги и тие што се веродостојни (сахих) Бухари и Муслим. Логиката со која се правда за оваа одлука пред рајата е дека само Куранот како свето писмо има превласт и ништо друго. Со тоа ќе исече околу 80% од исламските правила. Негирање на суната во Бухари и Муслим е богохулие според Ал Азхар најпрестижниот исламски универзитет во светот. Вистинската причина зошто го прави тоа е фактот што му е јасно колку е саатот, има некои мегаломански планови, 70% од популацијата е испод 30 години и ги боли ташак за ислам се помасовно, така што ова му е превентивна реакција.Најпрво треба да се уништи еден од најголемите пријатели на САД, Саудиска Арабија, затоа што тие се финансиери на сите терористички организации кои потекнуваат од исламскиот свет.
Во моментов главниот финансиер на исламизам на светско ниво е Катар, додека главната логистика и оператива на терен и во пракса ја води Турција. Првите имаат пари немаат manpower и човеки ресурси, другите обратно. Онаа блокада што беше пред 4-5 години од сите заливски земји плус Египет врз Катар беше токму на основа дека овие финансираат радикален ислам и Муслиманско Братство. ОАЕ и Бахреин воспоставија дипломатски врски со Израел со тотално премолчување од Саудиска, која се претпоставува дека е само прашање на време кога ќе го направи истото. Од суштинска важност е да падне Ердоган, односно екстремитетите на исламот. Трупот и главата ќе останат парализирани. Иако состојбата со Авганистан делува како контра од ова што го кажувам, во надолна линија ќе оди политичкиот ислам и неговата моќ. Ќе остане како главен фактор во утепани држави од средниот и далечниот исток каде се радикализираат работите, Пакистан, Авганистан, Бангладеш, Малезија, Индонезија, западна Африка-Мавританија, Мали, Северна Нигерија и секако нашите ни орки. Во арапските земји му помина зенитот и лека-полека ќе се тркала надолу. Исто и во Иран, уствари пред се во Иран, воопшто нема да се изнанедам ако има значајни промени таму следните 5 години, иако од страна делува како најзатуцана земја после Саудиска Арабија.