Ама повторно се враќаме назад. Шансите да починам се 0.01%, да бидам хоспитализиран се под 1%, а симптомите може да ги имам и вакциниран!
Не се работи за мене, се работи за приказната која сакаат да ја продадат. Ако производот ги нема предиспозициите со кои се рекламира, треба да биде тргнат од пазарот додека не се приспособи на тековната состојба. Сега нема време за тоа и треба системот да се ажурира и да ги вметне новите научни истражувања поврзани за ефикасноста на секоја вакцина одделно. Дали и колку штити, и тоа да се имплементира во заклучокот, вклучително со новите нус појави. Така ќе има транспарентност и ќе се намалат препукувањата меѓу докторската елита која се бори за надмоќ. Гледаме и кај нас. Поединци кои не ги знаеше никој жив, сега се барем еднаш неделно на некоја насловна страна и бладаат за својата експертиза! И народот се дели, веруваат во различни факти кои се презентираат како вистина. Така Даниловски смета дека прележаните или не треба да се имунизираат или треба само со една доза, а Филипче оди контра тоа! Значи не е само политиката, туку и самите научници, сепак и Филипче е доктор.
Старите факти не се веќе значајни, лошо е сеуште да циркулираат.