Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Дали е ова првиот меч откако се спречкаа Руни и Роналдо на Светско?

Знам дека го торпедиравме Фулам, но не ми текнува резултатот.
Тоа е, 2006/07 сезона, освоивме ПЛ после "суша" од 3 сезони.

Сушата моментално е 8 години. Да видиме :D
 
Дали е ова првиот меч откако се спречкаа Руни и Роналдо на Светско?

Знам дека го торпедиравме Фулам, но не ми текнува резултатот.

И од тој меч какво партнерство формираа. Го памтам мечов како вчера да беше
 
И од тој меч какво партнерство формираа. Го памтам мечов како вчера да беше
за 10-15 години ваљда ќе збориме после мечот со Лидс 2021 какво партнерство формираа Бруно и Погба...
 
за 10-15 години ваљда ќе збориме после мечот со Лидс 2021 какво партнерство формираа Бруно и Погба...
Доколку ги изигра 85-90% од утакмиците оваа сезона на ова ниво, нека му дадат и 500к неделно за нов договор.
Ќе видиме како ќе функционираме следните месец - месец и пол. Има не така тешки, но доста зафркнати и незгодни утакмици. Доколку ги одиграме првите 6-7 кола на ова ниво, не очекува интересна сезона.
 
Доколку доведеме уште еден квалитетен везњак, Оле ќе има сериозен тим да ротира и тоа ќе е најважен рецепт до борба за титула. Во форот имаме предобри опции, добро ќе биде и Дони да добива пополека шанса и минутажа за да влезе во ритам. Оле да не се ослони само на едни 11 и после да паѓаат во форма на последните 5 натпревари кога е и најважна битката како што се случи минатата сезона.
 
Се согласувам дека ротирањето е важен рецепт но не и дека последните 5 натпревари се најважни, воопшто не се, посебно не беа лани. Дони е играч што единствено ќе крпи кога ќе се отворат дупки, жално ама по се изгледа вистинито.
 
Немој те молам Ајсмен си Сколс да го споредуваш друга димензија е иако е понизок 3 пати е поцврст и подоминантен во воздушни дуели од Ајсмен.

Аман бе луѓе, читајте го цело мислење не туку за една реченица се фаќате, никаде не реков дека Линделоф може да се рамни со Бускетс или со Сколс ... Муабетот беше дека Бускетс, Сколс и ним слични светска класа на деструктивци - не се високи и физички доминанти а се одлични и вредат суво злато. Знам дека Матич е планина и играчиште, ама не мора сите деструктивци да се ко него.
 
Како што рече зодијак има лига куп нека експериментира со него во такви натпреварувања ако се снајде немам против да игра, но како ДМ не ти е работа само да делиш долги топки има доста обрски во кои имам сомнежи за Ајсмен, ќе треба од одбраната да му помагаат и пак имаме ист проблем един играч да покрива позиција на друг за само се најде место да игра Ајсмен.
 
Последно уредено:

Нема сите противници да се ко Лидс и да излагаат, ама Мејсон сосема оправдано ги подгрева очекувањата. Овој дел од играта му е подобар од Марсијал (што практично Марсијал го прави неконкурентен од причина што не нуди ништо повеќе од Кавани или Гринвуд).

Инаку после натпреварот со Евертон ме фати бед дека и сезонава ќе се мачиме со офанзивниот дел од играта, бидејки немаше никаква замисла и беше стандардното вртење од ланската сезона, но вчера ме демантираше Оле. Често беа надвор од позиција играчите, предната 4ка често си ги ротираше позициите. Бруно често беше на лево крило, Погба по централно, Гринвуд се спушташе на крилата и за чудо Џејмс едно време беше на шпиц (но не долго).

Се надевам дека е точен муабетот на Оле дека минатата сезона ради густиот распоред немале простор да вежбаат многу тактики и дека оваа сезона ќе се пее друга песна.
 
Како тоа на Погба му се бројат 4 асистенции? Нели асистенција е ако стрелецот постигне гол “од прва“ после додавањето од соиграчот?
Асистенција е за тој што му ја додал на играчот пред да постигне гол. Значи сите завршни додавања кои претходеа на головите беа од Погба, освен за четвртиот која беше од Линделоф. Ова не е ништо ново, не знам зошто се чудиш. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom