- Член од
- 28 август 2009
- Мислења
- 1.529
- Поени од реакции
- 3.174
Дали имаш некој сериозен извор со какви-такви издржливи „докази“ за рамна земја?
Првиот што го имаш постирано, ти е блог на вордпресс, нема ни веб. Ова е ко ја да напраам блогче и да пишувам за Атлантида дека се наоѓа у Драчево.
Вториот линк ти е блогпост/блогер а креатор на страната е истиот од горе - Ерик. Која е поентата?
Сите објави ти се од ист чоек и исти блогови. Сите линкови, слики, „докази“ од истото лице. Истиот човек сам си вергла. Ти пишале предходно, на нашки тоа се вика култ/секта.
Според тебе (бидејќи си доста навлезен у целава прича и очигледно имаш свои убедувања), што би било поуверливо:
-Да веруваш на еден ист човек кој пишува за рамна земја со извор на докази од 1850 година; или
-Да пробаш да истражиш сам, да прочиташ друг извор, да размислиш самиот што би можело да има повеќе логика па дури и да прочиташ некој „секташ“ како у поново време што е Neil deGrasse Tyson или дури и да изгледаш некој документарец.
За неук како мене, неможе да верувам во еден јога инструктор а да не слушнам други мислења. Океј е, си навлегол у негови теории, ама кој е он да кажува?
Што има истражено? Дали има основа да кажува? Што школо има? Како и на кој начин докажува дека е рамна? Според кои теории/докази, принципи или формули?
Ни едно видео на каналот не е негова изработка да побие факт. НИ - Едно. Неможе ова видео да ти биде извор на информација и да кажеме сите „да така е, сорос не лаже“. За да докажеш или побиеш некаков факт или лага, треба да докажеш. Кропнати (извини, украдени) видеа од други креатори на јутуб, украдени фотографии и снимки без извор, сликички у пеинт и остали глупости не се доказ.
Последно уредено: