Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.232
Поени од реакции
84.222
може и таа била Данела
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Ако анкетава е репер, мириса на предвремени. Ни Зајко не можи да изменаџира ситуација кај што има помалку од 30% од општините и уште да е на власт. Што одлучија, ќе се одлучува директно 1 круг или ќе има втор? Пошто ако има втор очекувам ВМРО да направи џандар збира со гласовите од Левица.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.135
Поени од реакции
2.320
Левица нема да даде гласови на Вмро сигурно

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Левица нема да даде гласови на Вмро сигурно

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk
Левица нема стабилно лојално гласачко тело. 2 круг ќе излезат и ќе гласаат за советник Левица и некои за градоначалник ВМРО. Тие некои се доволни, 500-600 гласа во Прилеп на пример ќе сменат многу.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.232
Поени од реакции
84.222
Не разбирам уопште како може толку луѓе да има што ќе гласаат за СДСМ (па и за ВМРО).
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Не разбирам уопште како може толку луѓе да има што ќе гласаат за СДСМ (па и за ВМРО).
Добар дел од населението ни е "го сакам КАМ во поштенско сандаче", па затоа и не ме изненадува што Заев е политичарот со највеќе доверба покрај сите гомнарии што ги има направено.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.868
Поени од реакции
36.915
Не разбирам како на ваква професионално реализирана личност би и било предизвик да се расправа со асфалтирање улици и комунална хигиена.
 
Член од
11 август 2017
Мислења
550
Поени од реакции
494
Левица нема стабилно лојално гласачко тело. 2 круг ќе излезат и ќе гласаат за советник Левица и некои за градоначалник ВМРО. Тие некои се доволни, 500-600 гласа во Прилеп на пример ќе сменат многу.
во втор круг се гласа само за градоначалник. Советниците се избираат во прв круг :)
Ќе биде неизвесно во Центар, Аеродром и Карпош.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
во втор круг се гласа само за градоначалник. Советниците се избираат во прв круг :)
Ќе биде неизвесно во Центар, Аеродром и Карпош.
Не знаев. Како и да е, мислам дека ќе загризат дел од нив и втор круг да нанесат удар на СДС.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Не разбирам уопште како може толку луѓе да има што ќе гласаат за СДСМ (па и за ВМРО).
Затоа што со текот на времето начинот на живот станува менталитет. Нешто слично као приказната со кубурот за зло време. На пример ја сум убеден дека Гоце да стане и да им рече дека не треба повеќе да гласаат за Мицкоски 90% ќе речат абе остај ти тоа вмро си е вмро. За овие другиве не ми текнува некоја споредба во моментов ама гласачите на вмро се тие кои се глупи, оние на сдс во глобала се малцинства, шпиони и кодоши, луѓе кои ја мразат Македонија, стари удбаши и нови соросоиди, луѓе кои бе се продале за 5 евра, така да за кого би гласале тие освен за сдс.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.030
Поени од реакции
1.149
Не разбирам како на ваква професионално реализирана личност би и било предизвик да се расправа со асфалтирање улици и комунална хигиена.

И мене истото не ми е јасно.

Да имам таква кариера како дотичната јас би бил презадоволен, на позицијата на која е дотичната таа си има деловни контакти и познанства со лица и организации од разни држави низ регионот и светот.
И јас на ова гледам симнување од коњ на магаре. И лично не би ја менувал позицијата која моментално ја има дотичната во Стопанска комора за да водам град во кој има хоџштаплери на секој чекор.

Можно е да има некои затскриени кулоарски игри и интереси, интереси кои може се преклопуваат над нештата за кои ние обичните смртници немаме поим, и може и ќе ја гледаме дотичната во кампања за градноначалник.
 
M

Macedon1um

Гостин
Град Скопје има годишен буџет од 100+ милиона евра, за какво симнување од коњ на магаре правите муабет
:D
функцијата градоначалник е менаџерска позиција и е далеку од само замарање со асфалтирање улици и јавна чистота, ама добро гледајки ги делата на минатите градоначалниците така излегува
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.232
Поени од реакции
84.222
Град Скопје има годишен буџет од 100+ милиона евра, за какво симнување од коњ на магаре правите муабет
:D
функцијата градоначалник е менаџерска позиција и е далеку од само замарање со асфалтирање улици и јавна чистота, ама добро гледајки ги делата на минатите градоначалниците така излегува
Ми се чини дека многумина го занемаруваат финснсискиот ќар од сојузот политичари-градежна мафија. Исто така, за жал, ги занемаруваат далекусежните ефекти по животот во градот, кои ги произведува тој децениски сојуз.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom