Грешка си нешто за Лаутаро, напоредно со Лукаку овие нуделе, одбиени се зашто Лукаку оди/отиде во Челзи, за ова и Романо и Ди Марцио и секој релевантен и нерелевантен пишаа пред 2 или 3 дена, не дека е битно тоа после фрката со Лукаку.
За црниов не замерувам што си отиде, да не копам сеа по мои постови кога Конте си заминуваше каде убаво си напишав дека постои голема веројатност ова да се одрази и врз Лукаку кој всушност дојде во Интер баш поради Конте. Тоа за кое треба да му се замери е она што го објавуваше и изјавуваше цело лето на тема Интер, грешка у чекори што сеа го прави гомно од човек во очите на многу навивачи.
Резиме за летово до сеа, изгубија главен тренер, главен кондиционен тренер, Оријали, Ериксен за малце ќе умреше, али дефинитивно умре неговата кариера у Интер а мош и у фудбалот, продаден е можда и најдобриот десен бек моментално у фудбалов, топ 3 секако е Хакими, отиде една од најдобрите 9ки у лидер у права смисла на зборот во шампионскиот Интер.
Ова се премногу удари за еден тим од кој вака површно ако се гледа ќе се каже дека нема шанса Интер да се опорави.
Дојде турчинот, се врати Ди Марко, се форсира Сатријано од младинците, Џеко, најверојатно ќе дојде Дамфрис за десно ама уште ништо не е сигурно и дилемата е дали ќе се донесе уште некој во напад, 3 имиња се во игра, Влахович, Запада и Кореа, мој фаворит е Влахович ама тешко дека Фиорентина ќе попушти у барањата, мош да потпише нов договор со откупна клаузула (60-70м), пари кои Интер ги нема. Запата не го сакам, премногу кошта за некој што ќе напуни 31 сезонава, и вака не гарантира многу, играч со една добра сезона у кариерата е и толку, губи го, ич не го сакам, на долгорочен план ќе заглавиме со него, боље или Влахович или Кореа или никој на крај краева, само не Запата.
Треба многу коцки да се поклопат за да и следната сезона бидат конкурентни, на хартија може и нема да се лоши али после вакви удари у модерниот фудбал сите знаеме што следи, ќе бидеме прав уникатен пример и исклучок од цел тој pattern ако дојдеме пак до Скудето зашто искрено не памтам екипа после ваков колапс да дојде до титула во сезоната што следи.