Рамна Земја?

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.798
Поени од реакции
35.476
Лага, огромна лага, богохулие.
Не само што се бара него имаме проблем што на земјата има мал милион на елипсоиди( за висинската престава на земјата) сега по ново и геоиди. После идат трансформации, па имаш Гаус Кригерова, трансферзална меркаторова, универзална трансверзална меркаторова...... кој владетел не дошол и не го мрзело секој свое решение донесол. Па висински нивелмански престави каде секоја земја си зема своја нулта надморска висина. Ние на пример од Јадранско море земаме, грчињата од егејско и се разликуваме 40 сантиметри. Ој усогласи заеднички проект.
Русите имаат неколку зони на трансформации и две висински Балтичка и Тихоокеанска,кои се разликуваат со метри? да беше рамна земјата нит ние со грците ќе се разликувавме нит Русите ќе имаа таков проблем.
Така да не лажи народ, дааалеку си од вистината.
На сето писание дали наведов 2% од барањата што стојат пред геодетите.
Ако ме р'чнеш утре нa комп има да ги наведам сите проекции, елипсоиди и висински системи.
Ќе видиш ти колку е рамна ваа што те држе!
@Lester Freamon ако си послободен деновиве удави го овој рамниов вид виделина да фати.
Имав еднаш губено време да го учам Зоте (иако се сомневам дека Зурлата е истиот лик, дури и Зоте се врати да пишува во темата за корона после долго време), ќе го ставам како цитат истото мислење. Инаку џабе го губиме времето, вакви ликови сакаат прикаски, а не наука.
@ZOTE и останатите стручњаци

Сум наслушнал дека госпо ти ја создаде земјата во 7 дена, ама ете не знаев дека ја направил плоча за полесно да лета.

Прво, гледам дека сте запнале за логото на Обединетите нации, за истата имав пишувано и предходно, али еве ќе изгубам неколку минути па да ви објаснам некои работи:

Логото на Обединетите нации ги претставува Азимуталните проекции. Азимуталните проекции ти се модели за пресликување на Земјиниот елипсоид врз рамнина. Во зависност од условите може рамнината да го сече или тангира елипсоидот, а според нормалата на проекциската рамнина се делат на прави, коси и попречни.
Линеарните размери во правец на меридијаните и паралелите ти се во функција само од географската ширина (истото важи и за размерите на површините и аглите), а тоа е она што тебе те буни зошто е Австралија толку голема. Изоколите ти се совпаѓаат со паралелата на ротацискиот елипсоид (или сфера зависи што се користи при проектирањето и пресметките). Единствено стандардната паралела ти има размер n=1, а се што е на север и југ од таа паралела добива деформации чија динамика зависи од други услови (проектирање врз тангентна, секантна рамнина), ова ти важи за нормалните азимутални проекции, кај косите и попречните имаш мала разлика со тоа што улогата на стандардната паралела ти ја има соодветниот алмукантарат.

За Македонија државната картографска проекција е одбрана во 1924 година во тогашна Југославија (Гаус Кригерова проекција), со апроксимација на земјата со Беселов елипсоид, дефинирање на географските должини во однос на Гринички меридијан, 3 степенски зони на пресликување со централен меридијан λ = 21 и примена на Баумгартеновиот начин за изразување на правоаголните координати во рамнина.
Деформациите се зголемуваат како се движиме кон источниот дел, а тоа произлегува поради што централниот меридијан (λ = 21) поминува низ западниот дел од Македонија, па деформациите на должините во најисточната точка се најголеми и изнесуваат 35.4цм/км, а просечно имаме по 8цм/км.

Да не те замарам со наука, бидејќи не верувам дека ќе ме разбереш, најпросто сакам да ти кажам дека која проекција и да ја погледнеш од твоја гледна точка, ќе гледаш „нелогичности“ во поглед на површини, агли, должини, а тоа се должи на типот на проекцијата, рамнината на пресликување и тн, односно за да пресликаш 3д тело во рамнина (во овие случаи елипсоид или сфера) мораш да имаш деформации, а тие деформации може да се одразат на должини, површина, агли и најчесто за нивно претставување ти се користи елипса на деформации (Тисоова индикатриса), затоа се прават големи анализи и за секоја држава се одбира посебна проекција и соодветен референтен елипсоид се со цел да имаме најмали можни деформации.
 
парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.519
Поени од реакции
20.053
Ѕвезда северница се наоѓа на исто место со милениуми... Туку никој не ми одговори зошто никогаш не се менува лицето на месечината? И не ми се вадете на "gravy tea" :ROFLMAO:
Автоматски споено мислење:

А твоето е за жалење... :facepalm:
Месечина ротира,али споро, у обратан правац од траекторију.Затој увек гледа сс исто лице накуде нас.Еве изгледај га видео,кратко е.

А месечину гу глеамо јасно зшто е голема, пречник ву е окооо 3500 км, иако е далеко просечно 384 000 км.Сателити не ги глеамо зшто су мали, а далеко.Само меѓународна фселенска станица се гледа некад кд ке пројде над Балкан,сфети сјајно од соларни панели и се движи брзо.
Људи пред 3900 године у Кокино су знале поише за месечину од вас рамноземјаши.Срамота.
Месечеф циклус е 18 и пол године.Тој значи дека вечер куде што ке гу видиш месечину у даден момент,на исто место ке биде за 18 ипол године.
 
Последно уредено:

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.626
Поени од реакции
9.212
Добро е што конечно одговори со текст, ама не мораше да го преведеш целиот артикл од збор до збор.

Инаку во артиклот се наведени некои примери од пред неколку векови, имаш некој таков понов пример од лунарна еклипса кој е снимен со камера и зошто не?
Интересно е што постојано ми одговараш со прашање. Би сакал да напишеш твоја теза за лунарна еклипса. Според моделот на РАМНА ЗЕМЈА сонцето и месечината кружат околу земјата и ѕвездите прават кружни движења(за ѕвездите, месечината и сонцето е докажано со TIME LAPS CAMERA).Сонцето и месечината имаат иста големина затоа и постои затемнување на месечината. Во библијата е потврдено дека земјата е стационарна исто така се спомнати сонцето, месечината и ѕвездите. Во библијата нигде не е напишано за некакви "планети". "Планети" не постојат не онакви какви што ги гледате по учебници или прикажани од НАСА (колоритни со чиста слика сплескани во 2д). За т.н. "планети порано се мислело дека се светкави ѕвезди што и така е. PLANE на англиски значи рамно па кога ќе споредиш PLANE со PLANE(T)...
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.297

Планета значи "ѕвезда луталица" и нема врска ни со англиски ни со кинески, туку доаѓа од старо-грчки!!!!!
А зошто е ѕвезда луталица?! Затоа што за разлика од останатите ѕвезди се движи многу побрзо, додека останатите ѕвезди се врзани во паралакса, т.е. ние ги гледаме како заедно (цело небо) се движи.
И бај д веј не ми треба НАСА кога имам телескоп. Кој е твојот извор на информација, ЈТ?!

Едит: Да не беше ти тој што ја бараше песната за Зидан на радио?!
-пролаЗИДАН, пролази ноч, пролазе године..
:ROFLMAO:
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.912
Поени од реакции
8.404
@Red Zurla, те чекам да одговориш зошто на логоата на UN, ICAO и сличните со таква проекција, Австралија е толку многу деформирана.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.626
Поени од реакции
9.212
Добро е што конечно одговори со текст, ама не мораше да го преведеш целиот артикл од збор до збор.

Инаку во артиклот се наведени некои примери од пред неколку векови, имаш некој таков понов пример од лунарна еклипса кој е снимен со камера и зошто не?
„Њутновата хипотеза подразбира неопходност на Сонцето, во случај на затемнување на Месечината, да се биде на спротивната страна на глобуларната земја, да ја фрли својата сенка на Месечината: но, бидејќи затемнувањата на Месечината се случија и со двете Сонцето и Месечината над хоризонтот, следува дека не може да биде сенката на Земјата што ја затемнува Месечината и дека теоријата е грешка “. -Вилијам Карпентер, „100 докази дека земјата не е глобус“ (57)
Автоматски споено мислење:

Планета значи "ѕвезда луталица" и нема врска ни со англиски ни со кинески, туку доаѓа од старо-грчки!!!!!
А зошто е ѕвезда луталица?! Затоа што за разлика од останатите ѕвезди се движи многу побрзо, додека останатите ѕвезди се врзани во паралакса, т.е. ние ги гледаме како заедно (цело небо) се движи.
И бај д веј не ми треба НАСА кога имам телескоп. Кој е твојот извор на информација, ЈТ?!

Едит: Да не беше ти тој што ја бараше песната за Зидан на радио?!
-пролаЗИДАН, пролази ноч, пролазе године..
:ROFLMAO:
Цел си луталица... Ти македонски не знаеш па за "старо-грчки" ќе пишуваш...
Автоматски споено мислење:

@Red Zurla, те чекам да одговориш зошто на логоата на UN, ICAO и сличните со таква проекција, Австралија е толку многу деформирана.
Прво деформации барај си во твојот мозок. Поентата со логото е дека е РАМНА ЗЕМЈА. Е сеа ти можеш да бараш влакно во јајце колку што сакаш тоа не го менува фактот дека изгледот на логото е РАМНА ЗЕМЈА...
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.297
„Њутновата хипотеза подразбира неопходност на Сонцето, во случај на затемнување на Месечината, да се биде на спротивната страна на глобуларната земја, да ја фрли својата сенка на Месечината: но, бидејќи затемнувањата на Месечината се случија и со двете Сонцето и Месечината над хоризонтот, следува дека не може да биде сенката на Земјата што ја затемнува Месечината и дека теоријата е грешка “. -Вилијам Карпентер, „100 докази дека земјата не е глобус“ (57)
Автоматски споено мислење:

Цел си луталица... Ти македонски не знаеш па за "старо-грчки" ќе пишуваш...
Остај ги овие "книги".
Почни си со: Ванчо Николевски, Славко Јаневски, Васил Куновски, Оливера Николова,
Стојан Тарапуза, Глигор Поповски....

Ипак ти треба некоја основа!
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.626
Поени од реакции
9.212
@Red Zurla, те чекам да одговориш зошто на логоата на UN, ICAO и сличните со таква проекција, Австралија е толку многу деформирана.
Исто и светската здравствена организација користи такво лого е сега ти можеш да ја анализираш змијата...
Автоматски споено мислење:

Остај ги овие "книги".
Почни си со: Ванчо Николевски, Славко Јаневски, Васил Куновски, Оливера Николова,
Стојан Тарапуза, Глигор Поповски....

Ипак ти треба некоја основа!
Ипак ќе ти треба сепак...
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.912
Поени од реакции
8.404
Планета значи "ѕвезда луталица" и нема врска ни со англиски ни со кинески, туку доаѓа од старо-грчки!!!!!
А зошто е ѕвезда луталица?! Затоа што за разлика од останатите ѕвезди се движи многу побрзо, додека останатите ѕвезди се врзани во паралакса, т.е. ние ги гледаме како заедно (цело небо) се движи.
И бај д веј не ми треба НАСА кога имам телескоп. Кој е твојот извор на информација, ЈТ?!

Едит: Да не беше ти тој што ја бараше песната за Зидан на радио?!
-пролаЗИДАН, пролази ноч, пролазе године..
:ROFLMAO:
Со оглед дека често споменува Библија во темата, неговиот избор на информации доаѓа од многубројните протестантски секти и нивните водачи, кои покрај другото, на своите заслепени следбеници им ја претставуваат античката хебрејска космологија како стварно устројство на земјата и небото.
Автоматски споено мислење:

Исто и светската здравствена организација користи такво лого е сега ти можеш да ја анализираш змијата...
Автоматски споено мислење:

Ипак ќе ти треба сепак...
Сакаш да кажеш дека не ти е јасно зашто на сите такви логоа Австралија е толку деформирана?
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.626
Поени од реакции
9.212
Со оглед дека често споменува Библија во темата, неговиот избор на информации доаѓа од многубројните протестантски секти и нивните водачи, кои покрај другото, на своите заслепени следбеници им ја претставуваат античката хебрејска космологија како стварно устројство на земјата и небото.
Бог да чува :facepalm:
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.912
Поени од реакции
8.404
Бог да чува :facepalm:
Зошто не можеш да одговориш? Дали си слеп, дали си глупав, дали си нетокму, дали си трол, дали си спамер?
Ако не си ништо од горенаведеното, не гледам причина зашто избегнуваш да ми одговориш.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.626
Поени од реакции
9.212
Со оглед дека често споменува Библија во темата, неговиот избор на информации доаѓа од многубројните протестантски секти и нивните водачи, кои покрај другото, на своите заслепени следбеници им ја претставуваат античката хебрејска космологија како стварно устројство на земјата и небото.
Автоматски споено мислење:

Сакаш да кажеш дека не ти е јасно зашто на сите такви логоа Австралија е толку деформирана?
Зошто не си ги истражуваш BLUE MARBLE твојата "земјина топка" од 1930 па навака и ќе видиш колку тие деформации на различни "земјини топки" од година во година си одговараат со твојот глобус што ти е на рамената...
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.297
Со оглед дека често споменува Библија во темата, неговиот избор на информации доаѓа од многубројните протестантски секти и нивните водачи, кои покрај другото, на своите заслепени следбеници им ја претставуваат античката хебрејска космологија како стварно устројство на земјата и небото.
Го укапирав тоа уште откако се накостреши на @мкд владе ! Му погоди болна точна!
Само што ете јас искрено немам проблем со неговата религија... кога агностички би ги претставил работите. Дури и еден Леметр бил језуит, но врвен теоретски физичар и математичар, професор на језуитски колеџ!

За разлика од тоа... кај Зурла гледам само еден Талибанизам или Телетабизам. Ништо помалку и ништо повеќе! Лета ли кравата? -Лета! Толку!
Ни некаков резон, сенс, логика, дури ни на свои очи не си верува, а верува на ЈТ.
Шта речи...
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.626
Поени од реакции
9.212
Го укапирав тоа уште откако се накостреши на @мкд владе ! Му погоди болна точна!
Само што ете јас искрено немам проблем со неговата религија... кога агностички би ги претставил работите. Дури и еден Леметр бил језуит, но врвен теоретски физичар и математичар, професор на језуитски колеџ!

За разлика од тоа... кај Зурла гледам само еден Талибанизам или Телетабизам. Ништо помалку и ништо повеќе! Лета ли кравата? -Лета! Толку!
Ни некаков резон, сенс, логика, дури ни на свои очи не си верува, а верува на ЈТ.
Шта речи...
Сокриј се негде и ќути...
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.912
Поени од реакции
8.404
Зошто не си ги истражуваш BLUE MARBLE твојата "земјина топка" од 1930 па навака и ќе видиш колку тие деформации на различни "земјини топки" од година во година си одговараат со твојот глобус што ти е на рамената...
Јас ќе ги истражам, туку ти кажи зошто не можеш да одговориш на волку едноставно и очигледно прашање.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom