@ZOTE и останатите стручњаци
Сум наслушнал дека госпо ти ја создаде земјата во 7 дена, ама ете не знаев дека ја направил плоча за полесно да лета.
Прво, гледам дека сте запнале за логото на Обединетите нации, за истата имав пишувано и предходно, али еве ќе изгубам неколку минути па да ви објаснам некои работи:
Логото на Обединетите нации ги претставува Азимуталните проекции. Азимуталните проекции ти се модели за пресликување на Земјиниот елипсоид врз рамнина. Во зависност од условите може рамнината да го сече или тангира елипсоидот, а според нормалата на проекциската рамнина се делат на прави, коси и попречни.
Линеарните размери во правец на меридијаните и паралелите ти се во функција само од географската ширина (истото важи и за размерите на површините и аглите), а тоа е она што тебе те буни зошто е Австралија толку голема. Изоколите ти се совпаѓаат со паралелата на ротацискиот елипсоид (или сфера зависи што се користи при проектирањето и пресметките). Единствено стандардната паралела ти има размер n=1, а се што е на север и југ од таа паралела добива деформации чија динамика зависи од други услови (проектирање врз тангентна, секантна рамнина), ова ти важи за нормалните азимутални проекции, кај косите и попречните имаш мала разлика со тоа што улогата на стандардната паралела ти ја има соодветниот алмукантарат.
За Македонија државната картографска проекција е одбрана во 1924 година во тогашна Југославија (Гаус Кригерова проекција), со апроксимација на земјата со Беселов елипсоид, дефинирање на географските должини во однос на Гринички меридијан, 3 степенски зони на пресликување со централен меридијан λ = 21 и примена на Баумгартеновиот начин за изразување на правоаголните координати во рамнина.
Деформациите се зголемуваат како се движиме кон источниот дел, а тоа произлегува поради што централниот меридијан (λ = 21) поминува низ западниот дел од Македонија, па деформациите на должините во најисточната точка се најголеми и изнесуваат 35.4цм/км, а просечно имаме по 8цм/км.
Да не те замарам со наука, бидејќи не верувам дека ќе ме разбереш, најпросто сакам да ти кажам дека која проекција и да ја погледнеш од твоја гледна точка, ќе гледаш „нелогичности“ во поглед на површини, агли, должини, а тоа се должи на типот на проекцијата, рамнината на пресликување и тн, односно за да пресликаш 3д тело во рамнина (во овие случаи елипсоид или сфера) мораш да имаш деформации, а тие деформации може да се одразат на должини, површина, агли и најчесто за нивно претставување ти се користи елипса на деформации (Тисоова индикатриса), затоа се прават големи анализи и за секоја држава се одбира посебна проекција и соодветен референтен елипсоид се со цел да имаме најмали можни деформации.