Новак благоречено се обрука со Ѕверев, без разлика која е причината за таквиот огромен пад у втор сет.
Имаше 6-1, топ игра, и брејк предност у втор сет и сервираше за 4-2 при веќе утепан и скршен Ѕверев, у првиот поен од нервоза излупа еден безвезе бекхенд со голема сила и истера винер и тука почна од нигде никаде походот кој траеше 8 освоени гејма у редослед.
Не би рекол дека и ова беше толку клучно колку што беа двете брејк топки што ги имаше Новак у трет сет откако он првично беше брејкнат, два форхенд зицера кои ги удри очајно лошо, во тој гејм мислам дека пропушти 4 или 5 брејк шанси али 2 од нив и со лева рака се освојуваа, страшна шанса тука беше пропуштена да се врати во мечот и да го дестабилизира Саша.
Не бев да иде тука ради шансата да освои 4 слема во година, ова ќе има огромен ефект врз него во негативна смисла, не толку од физички аспект зашто има време за да се спреми и одмори за Америка, али психички ќе е доста пореметен и давам големи шанси некој друг да е шампион таму, ова е шанса и за Рафа пак да се одвои со слемови али не знам он у каква форма ќе е после паузава, а и дел од младиве се кадарни да намирисаат крв и да се з'гнат за тој трофеј.
Ѕверев иначе изигра маестрален тенис од средина на втор сет па све до крај, финалето ако не се лажам се игра во три добиени сета, условите за игра се многу тешки така да не би прогнозирал кој ќе освои, све зависи од тоа кој боље ќе стои на терен при вакви услови, иначе меѓусебните им се 2-2 со тоа што Качанов го има добиено два пати Саша на тврда подлога без да загуби сет.
Новак со Карено Буста игра утре за бронза, за него лично небитен меч колку што е битна играта у мешани двојки каде денес напаѓа финале, тука ќе си брка злато.
Да ги пофалам и хрватите, хрватско финале у дубл, тлеат.