- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 3.725
- Поени од реакции
- 12.127
Поранешна вработена? И нема доказ..океј.Ете за да докажеш дека поранешната вработена од Фајзер лаже треба да земеш едно шишенце и течноста да ја однесеш на хемиска анализа и таму да утврдат кои состојки ги има во течноста исто како што се испитува бунарска вода дали е за пиење или не.
Доста бе веќе го труете народот со вакви дезинформации и глупости. Нели ви се смачи?
Истражувањето на кое се повикуваш од некоја си наводна поранешна вработена во Фајзер, не може да биде научен доказ затоа што не е објавено во ниту една научна студија ниту пак е прегледано од медицинската заедница.Ниту пак јас сум таа која може да докажува дали некој лаже или не. Значи, постои нешто што се вика научна рецензија.
Еве да ти кажам, дека авторот кој што ја анализирал течноста на нешто што наводно треба да биде Фајзер вакцина, признал дека епруветата со течност ја добил со достава и дека наводно му била испратена од Рикардо Делгадо Мартин. Изгуглај го ова име и презиме и ќе видиш кој е човеков кога станува збор за антивакцерски информации.
Графен оксидот не е на официјалната листа состојки на вакцините. Споделив горе сриншот, или ако сакаш еве и тука може да си провериш, на македонски јазик. Значи, станува збор за нешто што е официјален документ!
Официјална веб-страница за вакцинација против КОВИД19

Еве и тука:

Pfizer-BioNTech COVID-19 Vaccines
Comirnaty, Pfizer-BioNTech COVID-19 Vaccine and Pfizer-BioNTech COVID-19 Vaccine, Bivalent
Навистина не знам како имате толку слободно време за да секоја една работа ја вадите надвор од контекст. Како имате време да манипулирате со секоја една информација за да создадете вештачка конструкција за евентуална депопулација на планетата?! Види, ако некој сакаше да го истреби човечкиот вид, воопшто немаше да има потреба од вакцини, туку едноставно ќе си го оставеше вирусот да циркулира, да одзема животи и полека полека ќе се намалеше бројката на светската популација. Или па едноставно, ќе си ги искористеа другите вакцини и инјекции кои се ставаат секојдневно во амбулантите. Немаше ни да забележиме. Значи, вакцините не одземаат животи, туку спасуваат. Ковид 19 одзема животи.