Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
За Струмица и Куманово не е реален процентот бидејќи најголем дел од тие што живеат таму се вакцинираа во пунктовите на границата со Бугарија и во Србија.

1626795947430.png
 
Наивно или не, принципот на кој функционира месинџер рнк, паралелно е ист со синтезата на протеини во клетката во нормални услови и скроз не е океј да постојат изјави дека може да ти влијае на ДНК - та бла бла бла. Ако нешто се знае и научно е докажано и е неприкосновен факт е градбата и функцијата на клетката и градбата и функцијата на таа гласничка рнк.

Ја нема да ти одговарам на глупи прашања кои се косат со здрава човечка логика. МРНК е нова технологија да, но посакувана преку 20 години (значи самата МРНК и како истата функционира им е многу добро позната на научниците). Веројатно и ова го имам зборено наназад затоа што и мене ми е досадно пишувањето на истото.

Значи скроз ме фати мрза да се објаснувам по 28282828 за некои basic, докажани, научно поткрепени процеси. Па мајка да дојде на темава и да каже мое е детево вие ќе го тупите за некаква си гаранција. Досадно е веќе, отвараш 96, 1096, и 1796 страна на темава и истите фаци истото го зборат. Излишно е веќе секаде да барате гаранција (иако постојат многу добри постови со стварно добри аргументи - igorcemk и сталкерот!), излишно е зборењето за маски, карантини, чуда, врагови кога некои луѓе се онака скроз ограничени и не прифаќаат мислење различно од своето. И не е битно дали сме постапиле ок или не во минатото, битно е да извлечеме поука од сите грешки до сега (вклучително и невакцинацијата, не само од ковид туку и другите вакцини).

Лично сметам дека најголем непријател на пандемијата и причина број еден за понатамошното егзистирање на истата се медиумски небулози, нефилтрирани информации, новинари желни за кликови итн итн.

Разговарав со еден постар човек што многу го почитувам. Се присети на периодот кога Вариола Вера дошла во Југославија па за кратко време се спровела масовна, итна и што е најважно задолжителна вакцинација. Немало сакам/не сакам. Со војска и полиција сите ги вакцинирале. И мислам дека една од поентите на Лестер и Берик кои спомнаа погоре војска и полиција беше таа. Резултатите од таквиот пристап се одлични, а благодарение на таа масивна вакцинација, вариола вера е ерадицирана. Сега чоече све снегулки, се научиле сите да разбираат медицина, информатика, правни науки, економија...па па па. Уште на попот во теологијата остана да му се умешаме и така.
....можеше да се потрудиш да одговориш на некое прашање баш и јас сум заинтересирана за тој сегмент, па ќе се уклучев во муабетот,
...,,многуте добри постови,, на двајцата што ги спомнуваш некако ме става на мислење нивната можеби стимулирана активност на социјални мрежи, па и на форумов претежно само на неколку теми во врска со коронавирусот и ништо друго, без можност некој поинаку да мисли без нивно повратни хехенциња и навреди,
... сите се антиковид вакцини се применливи за итни случаеви поради немање избор на друг лек и тогаш требаше да се применат, а не сега кога веќе се размислува за укинување на пандемијата поради смирување на ситуацијата со инфицирани кога има веќе мутирачки соеви присутни и упорно ги ставаш во ист кош со другите традиционалните вакцини, а не се исти!
...снегулките го прават снегот, а и кај попот ќе се вмешаме ако треба во теологијата, ако мојата молитва за него значи уште еден џип или да ми рече при посета на манастир и црква во негова парохија ,, ај излези, забранет влез ова е приватен имот, а црква среде ,,негов имот,, како да не,, !
 
Последно уредено:
Нема мкд обрт на пари за да седи дома, не може вечно од кредити да се живее.
Плус попис и избори (и двете значајни за IQЗЗ), нема да има никакви мерки, ептен ако испадне да има преполни болници па да има ситуација како минатиот „бран“ и нешто од нешто да мора да направат - мада далеку ќе бидиме од тоа се надевам.

Како и да е, две години се живее со вирусот во светот. Дебилно е размислувањето кон дополнителни ограничувања. Седењето дома нема да реши ама баш ништо. Во право си, вакцинација на постаро население и ризични групи, таму е опасноста и зголемената смртност.
Избори мора да има, за попис ќе се почека. Лично не би ризикувал затоа што ќе наидат на отпор. Макар и сите 6.000 попишувачи се вакцинирани (што е невозможно), сепак и тие можат да го пренесуваат вирусот.

Не може да се прави компарација меѓу претходниот социјалистички режим и справувањето со таа пандемија, со овој режим и со оваа пандемија! Зборуваме и за 2 различни времиња, менталитет, закони, но и за 2 различни пандемии. Има Устав, Кодекс и Конвенција, треба да се придржуваме кон нив. :)

Ама излезот е имунизација на старите и хронично болните. Тоа мора да е во преден план, па убаво е тоа што пристапија кон теренска вакцинација. Така се согласувам со Филипче дека не треба да се трпи затоа што некои се инаетат. Ако воведе рестрикции, ќе им се одрази политички.
 
Не баш. Видовме шо се случува коа ке се изнааполант болниците. За некој ке нема место.
како ментално ретардирани една иста песна у круг - да се пуштеле мерките
и никако у предвид дека ин ноу тајм ќе колабира скоро све така, ко у Индија
Автоматски споено мислење:

Веќе нема размислување, ќе ја откажам реваквцината неделава.
Има ли начин да ни ја исцицаат некако првата доза?
Има.
Зоки фаци знае како. Обрати му се. :D
Автоматски споено мислење:

За Струмица и Куманово не е реален процентот бидејќи најголем дел од тие што живеат таму се вакцинираа во пунктовите на границата со Бугарија и во Србија.

Прегледај го приврзокот 302011
кичево, тетово, дебар и гостивар

кој би рекол?
невероватно

Ваљда чекаат дозвола од Саудијска Арабија. Проблемот е у свинските компонети што ги има у вакцините.
 
Темава прикажана во една слика
e2513b92dd983e48028d19a793589890.jpg

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
како ментално ретардирани една иста песна у круг - да се пуштеле мерките
и никако у предвид дека ин ноу тајм ќе колабира скоро све така, ко у Индија
Абе да се прашувате вие и вечно би држеле мерки, ама работава кошта и има живот за живеење.
 
Абе да се прашувате вие и вечно би држеле мерки, ама работава кошта и има живот за живеење.
Ја ве сфаќам. Не е дека не.
Мора општеството да функционира, до кога вака и сл.

Ама работата што вие не ја сфаќате е - секаде до сега кај што пуштија лабаво изби општествен куршлус и у курац отиде све. У секој ебан пример.

Ми се чини дека од есен нашиве ќе покушаваат нешто такво. Со ова здравство, со ова општество, ќе има многу плачење и брзо враќање на рестрикции.
 
Работата е до сеа имаше аргумент да се почека, сеа после вакцините нема. Натака само полошо ќе станува и финансиски а и здравствено. Што побрзо се заврши работата тоа подобро. Следна година сите ќе бидеме со полошо здравје него сега, статистички бар :D
 
Вака.
Гледај што се деси со индискиот во други земји кај што се рашири. Нигде, во ниту еден случај не продлжи нормалниот живот.
Автоматски споено мислење:

Неќете да се криете?
Океј, еве иде есен и фурајте, не ставајте маски, не се вакцинирајте и сл.

Тоа не иде по моја воља, ни по врски, ни по религија. По физички закони се одвива.
 
Кој те допира да живееш?
Па технички, живеам. Сеа квалитетот на тоа живеење го дискутираме :D

Со разлика што сега вакцините се широко достапни за сите. Така да останува прашањето, што е ендгејм за тебе. Као нели е логочно подобро да го фатиш сега него за 5 год. Вакциниран си, помлад си и тн. Менталното здравје веќе е доста пати спомнато.
 
Со разлика што сега вакцините се широко достапни за сите.
Па што? Јас тоа го земам в предвид. Кај примерите што ги споменав, мислев на Израел, Британија, не само на Индија.
 
Па технички, живеам. Сеа квалитетот на тоа живеење го дискутираме :D
Со разлика што сега вакцините се широко достапни за сите. Така да останува прашањето, што е ендгејм за тебе. Као нели е логочно подобро да го фатиш сега него за 5 год. Вакциниран си, помлад си и тн. Менталното здравје веќе е доста пати спомнато.

Цеца доаѓа у август, што повеќе сакате од тоа?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom