Многу, многу наивно.Се работи за синтеза на протеини, основна функција на многу клетки во телото која е одговорна за целокупното здравје на организмот и секоја грешка во таа синтеза е одговорна за многу заболувања. Али друг пат околу тоа.
Еве за тебе неколку прашања.
Во кои клетки ќе влезе таа мРНК ?? Кои клетки ќе ја вршат синтезата на тој спајк протеин ?? Дали е сигурен кодот на мРНК дека нема да има сличност со некој протеин од телото ?? Дали не постои шанса за модификација при синтезата во клетката ??
Како тие синтетизирани протеини во клетките ќе ја напуштат клетката и за разлика од протеините кои нормално се создаваат и не претставуваат антигени, сега овие треба телото да ги препознае како антигени ??
Дали ќе ја напуштат клетката од која се синтетизирани, ќе останат прицврстени на мембраната од клетката како што прави спајк протеинот, или ќе бидат уништени во клетката ??
Пробај за почеток да одговориш на овие прашања.
Наивно или не, принципот на кој функционира месинџер рнк, паралелно е ист со синтезата на протеини во клетката во нормални услови и скроз не е океј да постојат изјави дека може да ти влијае на ДНК - та бла бла бла. Ако нешто се знае и научно е докажано и е неприкосновен факт е градбата и функцијата на клетката и градбата и функцијата на таа гласничка рнк.
Ја нема да ти одговарам на глупи прашања кои се косат со здрава човечка логика. МРНК е нова технологија да, но посакувана преку 20 години (значи самата МРНК и како истата функционира им е многу добро позната на научниците). Веројатно и ова го имам зборено наназад затоа што и мене ми е досадно пишувањето на истото.
Значи скроз ме фати мрза да се објаснувам по 28282828 за некои basic, докажани, научно поткрепени процеси. Па мајка да дојде на темава и да каже мое е детево вие ќе го тупите за некаква си гаранција. Досадно е веќе, отвараш 96, 1096, и 1796 страна на темава и истите фаци истото го зборат. Излишно е веќе секаде да барате гаранција (иако постојат многу добри постови со стварно добри аргументи - igorcemk и сталкерот!), излишно е зборењето за маски, карантини, чуда, врагови кога некои луѓе се онака скроз ограничени и не прифаќаат мислење различно од своето. И не е битно дали сме постапиле ок или не во минатото, битно е да извлечеме поука од сите грешки до сега (вклучително и невакцинацијата, не само од ковид туку и другите вакцини).
Лично сметам дека најголем непријател на пандемијата и причина број еден за понатамошното егзистирање на истата се медиумски небулози, нефилтрирани информации, новинари желни за кликови итн итн.
Разговарав со еден постар човек што многу го почитувам. Се присети на периодот кога Вариола Вера дошла во Југославија па за кратко време се спровела масовна, итна и што е најважно задолжителна вакцинација. Немало сакам/не сакам. Со војска и полиција сите ги вакцинирале. И мислам дека една од поентите на Лестер и Берик кои спомнаа погоре војска и полиција беше таа. Резултатите од таквиот пристап се одлични, а благодарение на таа масивна вакцинација, вариола вера е ерадицирана. Сега чоече све снегулки, се научиле сите да разбираат медицина, информатика, правни науки, економија...па па па. Уште на попот во теологијата остана да му се умешаме и така.