Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Ти праша што да правиш, јас ти предложив опции, ти ако се секираш за своите одбери си. Не мора таа со мавањето да ја одбереш. Додуша знам дека не би ти ни сметало, бидејќи ти би и посурови работи да направиш, ама по можност друг да ги направи наместо тебе.

Зашто ја за другите да му мислам ? Тој што плаќал со децении здравствено, нека се запраша каде му е загарантираното право на лекување... Косоварите немаат проблем да се лекуваа во нашиот здравствен систем.

Неам јас косовари во општинава. Без рестрикции, ќе треба со комшија или роднина или другар да се замерам.

Ти можеби имаш да си платиш на приватно, ама најголем дел од народот нема. Ќе треба да си умрат.
 
Така е, Уставот го поништуваме, Кодексот на медицинската етика го ставаме на страна и мижиме пред Женевската декларација за лекари. Потоа применуваме присилни мерки за имунизација. (y)
 
MnKI.gif
 
Како ќе го спроведат тоа што го зборам, нека не ги ни примаат што е до мене. Секој си прави избор и си ги сноси последиците. И верувај не се нешто многу загрижени. Вас не ве разбирам од друга страна.
Имаш ограничен број на луѓе што може да се заразат, и после тоа нема да мора да се секираш дали местата за твоите се зафатени. Може тоа да се заврши на есен, или истото да го развлечеш 3 години и да ни се поебе уште толку од животот. Вакцината е достапна за сите така да и на глава да се качиш ќе го има истиот епилог.
Слушај те разбирам шо сакаш да кажеш. Ама тој шо "нема да го примат" е веќе во лоша состојба. Нема лекар шо ќе му каже болен си - оди си дома.

Од друга страна неговите нема да седат со сккрстени раце. Проблеми ќе прават. Нешто шо се случување веќе коа немаше места во одредени болници.

Постои ризик да треба да однесеш човек итно во болница, да речеме удар добил, секоја минута е важна, а некој серко ти го замара лекарот. Или па не ти ја пропушта колата, те блокира. Пошто пуши курац, он не добил за негов човек, ти не можеш за твој.

Бетер сме направиле.
Автоматски споено мислење:

Цена?
 
Срамота што нема хаљаљ вакцина на понуда

Најголем процент вакцинирани во Кавадарци, Охрид и Гевгелија, најмалку во Дебар, Тетово и Кичево

Наивно или не, принципот на кој функционира месинџер рнк, паралелно е ист со синтезата на протеини во клетката во нормални услови и скроз не е океј да постојат изјави дека може да ти влијае на ДНК - та бла бла бла. Ако нешто се знае и научно е докажано и е неприкосновен факт е градбата и функцијата на клетката и градбата и функцијата на таа гласничка рнк.

Ја нема да ти одговарам на глупи прашања кои се косат со здрава човечка логика. МРНК е нова технологија да, но посакувана преку 20 години (значи самата МРНК и како истата функционира им е многу добро позната на научниците). Веројатно и ова го имам зборено наназад затоа што и мене ми е досадно пишувањето на истото.

Значи скроз ме фати мрза да се објаснувам по 28282828 за некои basic, докажани, научно поткрепени процеси. Па мајка да дојде на темава и да каже мое е детево вие ќе го тупите за некаква си гаранција. Досадно е веќе, отвараш 96, 1096, и 1796 страна на темава и истите фаци истото го зборат. Излишно е веќе секаде да барате гаранција (иако постојат многу добри постови со стварно добри аргументи - igorcemk и сталкерот!), излишно е зборењето за маски, карантини, чуда, врагови кога некои луѓе се онака скроз ограничени и не прифаќаат мислење различно од своето. И не е битно дали сме постапиле ок или не во минатото, битно е да извлечеме поука од сите грешки до сега (вклучително и невакцинацијата, не само од ковид туку и другите вакцини).

Лично сметам дека најголем непријател на пандемијата и причина број еден за понатамошното егзистирање на истата се медиумски небулози, нефилтрирани информации, новинари желни за кликови итн итн.

Разговарав со еден постар човек што многу го почитувам. Се присети на периодот кога Вариола Вера дошла во Југославија па за кратко време се спровела масовна, итна и што е најважно задолжителна вакцинација. Немало сакам/не сакам. Со војска и полиција сите ги вакцинирале. И мислам дека една од поентите на Лестер и Берик кои спомнаа погоре војска и полиција беше таа. Резултатите од таквиот пристап се одлични, а благодарение на таа масивна вакцинација, вариола вера е ерадицирана. Сега чоече све снегулки, се научиле сите да разбираат медицина, информатика, правни науки, економија...па па па. Уште на попот во теологијата остана да му се умешаме и така.
Немаш ти појма, не одговори на ниту едно прашање и се вадиш тука со реферати за извртување на темата. Бла,бла, досадни сте.
МРНК вакцина се развива долго време, но се развива за уништување на канцер во телото. Канцерот се победува со уништување на клетките кои се зафатени со него. Крајниот ефект на вакви вакцини по таа логика, би бил значи уништување на одредени клетки во организмот кои ќе бидат таргетирани со таа МРНК. Која е логиката на која се повикуваш со користење на МРНК вакцини за вакви банални инфекции во споредба со ракот. Ко на убод од комарец некој да каже ампутирајте му раката за секој случај, не се знае шо може да биде.
Која е логиката да правиш паралела на вакцина за вариола вера со МРНК вакцини !!
Бла,бла на озбилни теми е одраз на ниска интелигенција.
Постара особа која ја цениш, ти дава ум и те води во животот.
 
Океј, не гледам проблем ако покрај уништувањето канцерски клетки, мрнк вакцината се користи и за уништување на сарс-ков-2 вириони.
Уште сто пати ќе повторам, принципот е ист. Инјектираш мрна, се чита кодот, се продуцираат протеини за специфичните мутации на туморот и после истите се препознаени од имуниот систем на пациентот. Исто е, само во прашање кај вакцината за корона наместо код за мутации на туморот имаш код за спајк протринот на сарс ков 2 вирусот.

Не знам зошто да се уништат клетките во кои навлегла мРНК, кога клетките се тие што ја уништуваат мРНК пред се заради тоа што е прилично нестабилна, а и со присуството на ензими РНАзи во серумот и плазмата. И друго, самиот организам ги препознава како туѓи, па имаш и непосредна имунолошка реакција (затоа се тие несакани реакции, црвенило, оток, болка, температура итн).

Компарација на вакцина за вариола вера и мрнк не направив, туку се повикав на искуството со тоа смртоносно инфективно заболување и како благодарение на вакцините сме успеале да го елеминираме. Реков, треба да учиме од грешките, посебно кога е во прашање невакцинација. Па и од постарите. Искуството во комбинација со младоста, железни порти отвара. Да, не би имала проблем ако постара особа која ја ценам, ми дава ум и ме води во животот. :)

Ниско ниво на интелигенција е обраќање со 'немаш ти појма' и да мислиш дека со тоа си поентирал во дискусијата. Не е убаво за читање ни за едната ни за другата страна, искрено. Тоа и беше поентата на мојот реферат, досадно е да се читаат такви непродуктивни дискусии.
 
Последно уредено:
Делта го прогласувам за умрено. :popce:
Се согласувам во целост со твојот коментар. Ама треба да ги видиме и црните статистики од УК од само невакцинираното население кое заболело од Делта сојот, статистиките не им се така црни, и за хоспитализациите и за починатите.

Кај нас ќе коси, иако се очекува помал бран (но тоа никогаш со сигурност не може да се знае, туку само се претпоставува). Независно од вакцината, клучен е животниот стандард. Погледни ги државите каде стапката на смртност е значително голема- Перу, Мексико, Индија, Босна, Македонија, а тука некаде се и Бугарија и Унгарија.
Покрај животниот стандард, условите во нашите државни болници се лоши, а улога игра и загадувањето!

Ако се земат како пример УК (каде имаа 120 К) и САД (600 К), најголемиот дел кај нив беа по старските домови. Персоналот беше редуциран и заболените се ставаа во самите домови! Тука нагло се зголеми стапката на смртност. Ние, барем, таков проблем немавме.

Иако имаме ~30% имунизирано население (до есен можеме и до 35% преку сила) нема потреба од нови мерки. Ама ете, види колкав процент се имунизирани над 50, 60 и 70 години! Зошто воопшто да трпиме поради нив? Ако седиме дома, ќе седиме и за есенскиот и за зимскиот бран, ќе загубиме уште 6-7 месеци во празно и повторно од почеток!
 
Кој цар е Зоте, свака част, цензурира вакцина и корона во пишувањето на форум, трауматизиран е кутриот од фејсбук, 200 постови му имаат избришано/обележано ко фејк њуз :love:
 
Срамота што нема хаљаљ вакцина на понуда

Најголем процент вакцинирани во Кавадарци, Охрид и Гевгелија, најмалку во Дебар, Тетово и Кичево

Рекордери сме да си ибиме векот.

Струмица е сумњива, да не населил Заев таму хаљаљ граѓани?

Sent from my SM-A217F using Tapatalk
 
Се согласувам во целост со твојот коментар. Ама треба да ги видиме и црните статистики од УК од само невакцинираното население кое заболело од Делта сојот, статистиките не им се така црни, и за хоспитализациите и за починатите.

Кај нас ќе коси, иако се очекува помал бран (но тоа никогаш со сигурност не може да се знае, туку само се претпоставува). Независно од вакцината, клучен е животниот стандард. Погледни ги државите каде стапката на смртност е значително голема- Перу, Мексико, Индија, Босна, Македонија, а тука некаде се и Бугарија и Унгарија.
Покрај животниот стандард, условите во нашите државни болници се лоши, а улога игра и загадувањето!

Ако се земат како пример УК (каде имаа 120 К) и САД (600 К), најголемиот дел кај нив беа по старските домови. Персоналот беше редуциран и заболените се ставаа во самите домови! Тука нагло се зголеми стапката на смртност. Ние, барем, таков проблем немавме.

Иако имаме ~30% имунизирано население (до есен можеме и до 35% преку сила) нема потреба од нови мерки. Ама ете, види колкав процент се имунизирани над 50, 60 и 70 години! Зошто воопшто да трпиме поради нив? Ако седиме дома, ќе седиме и за есенскиот и за зимскиот бран, ќе загубиме уште 6-7 месеци во празно и повторно од почеток!
Нема мкд обрт на пари за да седи дома, не може вечно од кредити да се живее.
Плус попис и избори (и двете значајни за IQЗЗ), нема да има никакви мерки, ептен ако испадне да има преполни болници па да има ситуација како минатиот „бран“ и нешто од нешто да мора да направат - мада далеку ќе бидиме од тоа се надевам.

Како и да е, две години се живее со вирусот во светот. Дебилно е размислувањето кон дополнителни ограничувања. Седењето дома нема да реши ама баш ништо. Во право си, вакцинација на постаро население и ризични групи, таму е опасноста и зголемената смртност.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom