... све се одвива пребрзо, јас лично го предвидував ова, сега веќе се вакцинираат тинејџери од 12 до 17 години со Фајзер вакцината (07.јуни 2021) во тек е двогодишната студија за деца од 5 до 11 години повторно водена од Фајзер,
...во таа клиничка студија две деца веќе се вакцинирани како волонтери (8 годишен Макс и негова 6 годишна сестра Зои), со истата Фајзер вакцина но со помала доза т.е. за деца од 5 до 11 години им се инјектираат 10 микро грама во секоја доза, наспроти 30 микро грама за тие со 12 и повеќе години,
... некој ќе рече кој тоа родител дава свое дете како волонтер во клинички студии, но ете д-р Yvone Maldonado како главна во Stanford University School of Medicine за Фајзер клинички студии тврди дека имало многу заинтересирани семејства за учество во тие клинички студии,
... Фајзер ги очекува првичните резултати од испитувањата на деца од 5 до 11 години во септември, но пред тие резултати, д-р Nicola Klein, главен истражувач за испитувањата во Северна Калифорнија, се подготвува за следната група на деца на возраст од 2 години, проследени со деца на возраст од 6 месеци доенчиња.
... децата секој ден ќе престојувале по три часа во болницата, па ќе си иделе дома, нивните семејствата нема да знаат шест месеци дали нивните деца биле вакцинирани со вакцина Pfizer COVID-19 или плацебо со физиолошки раствор, но оние кои примиле плацебо ќе имале шанса да добијат вакцина по шестмесечниот период на таа клиничка студија,
... така да, до есен Фајзер се надева во повеќе клинички студии водени под број, изгледајте го видеото со датумите на идни завршени клинички студии и за која возраст, да не се повторувам!
...кога ќе бидат сите возрасти вакцинирани, тогаш би рекле дека пандемијата ќе заврши, ни предвидуваат значи 2023 год!
но пак ќе речам природниот колективен имунитет ќе го стори своето, ова ќе биде во група со сезонската вакцина, ама во повеќе дози дадена!