Судиите за малку ќе ја усереа утакмицата, имаше неколку важни грешки на пример она некоја минута пред крај беше чист фаул од Букер и требаше со 6-ти фаул да искочи надвор да ја слуша „Хит д роуд Џек“... Тренеров на Бакси не знам како успеа во 4-та четвртина да не форсира игра преку Мидлтон/Холидеј стриктно врз Букер, да ловат 6-та лична грешка, и да даваат лесни кошеви врз некој што не смее да ризикува фаул.
Инаку Феникс пак со прљави потези, ситни провокации, и глума вредна за Оскар (посебно Краудер). Ама плејоф е, очекувано е, само јасно е која е попрљавата екипа овде. Па и како може да биде кога ги имаат Крис Пол и Краудер во ист состав (а ете го и Букер им е добар ученик).
Ова беше фин потез на Антето:
Се на се убава утакмица за гледање... Со оглед на можностите на финалистите.
И покрај поразот мислам дека шансите остануваат повеќе на страната на Феникс, потечна игра имаат, а Бакси не прават ништо ако двајцата или барем еден од Мидлтон/Холидеј немаат добра утамица.
Добар пеп-ток на Монти Вилијамс, дури и ако е очигледно дека го спремал од претходно (што значи очекувал дека ќе изгубат):