Македонска берза

Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
Уште една работа што стига точно како швајцарски часовник, пиар објави дека директорите на АЛК, КМБ, МПТ „стекнале“ акции у својата компанија за да се изведе заклучок дека „сигурно знаат нешто што други не знаат“. Овој па Живко алтруистот да ти работел „без надомест за членство во УО“, а прво нешто што треба да прашаат акционерите на собрание е да им се достави менаџерскиот договор за да видат колкави права и надоместоци добива секоја година!

Ова е она што треба Слободан да го прави. Затоа Живко ја има таа репутација, а Слободан ја има репутацијата на сељак од Галичник и има заебанции за него по други Собранија на акционери.
Живко сето она што го работи го прави by the book, и затоа и компанијата и акцијата има таков раст. За разлика од него Слободан се бави со најразноразни сплетки и глупости, и има корпоративно управување од пред два века.
И да го викаат на интервјуа и му поставуваат мелозвични прашање само новинари кои му се “пријатели“ кои претходно дебело ги преплатил.

И со таков однос не може да излезе ни до Србија, а Алкалоид е скоро на сите пазари и релативно добро им оди.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886

У тој Живко колку има вложено, веројатно теле да влечел на јаже по него, и оно за овие 40 години ќе се ишлифувало :pos: Тоа исто да било вложено у било кој ученик или студент на генерација, сигурно ќе станел подобар директор на Алкалоид, компанија којашто расте пониско од растот на пазарот на фармацевтстки производи, т.е.цело време заостанува зад конкуренцијата. Странците толку многу му го креваат имиџот, такашто веројатно ќе му се укаже прилика у животот да се покаже како премиер, освен ако нема среќа и он како Свето Пивара да му помине „дежурството“ без потреба да биде разигран.

А што се однесува до Кутревци, сигурно се свесни дека имаат слаба домашна конкуренција којашто без проблем ја издоминирале, ама сега играат у Балканска премиер лига со Карнекси, Пивци и Златиборци, а за таму ќе мора сериозно да се поработи на брендот и маркетингот. Ова особено важи за синовите школувани „на страна“ коишто особено би требало да знаат дека цел 21. век е маркетинг.

Добар показател за успешноста ќе им биде кога на пребарувањето „Незапирливо инвестираме“ ќе излезе пред „Ода на алчноста“

Screen Shot 2021-07-13 at 08.32.51.png
 
Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635
Во првиот квартал од 2021 година, остварувањето на кредитниот ризик е нешто повисоко, што се согледува преку повисокото ниво на нефункционални кредити. Ова главно беше концентрирано кај кредитите на домаќинствата, додека нефункционалните корпоративни кредити останаа речиси непроменети. Притоа, стапката на нефункционални кредити бележи минимално влошување и изнесува 3,5%. Во првиот квартал од 2021 година, соодносот меѓу нефункционалните и вкупните корпоративни кредити минимално се намали до ниво од 5,1%. Спротивно движење е забележано во кредитното портфолио составено од домаќинства, каде што стапката на нефункционални кредити се влоши за 0,4 процентни поени и на 31.3.2021 година изнесува 2,0%. Ваквите движења произлегуваат од кредитите кај коишто претходно им била привремено одложена наплата поради пандемијата. Покриеноста на нефункционалните кредити со исправка на вредност забележа намалување за неколку процентни поени, до ниво од 69,7%, коешто, и натаму, е солидно.
https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-izvestaj-za-rizicite-vo-bankarskiot-sistem-na-republika-severna-makedonija-vo-prviot-kvartal-od-2021-godina.nspx
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Еве интересен начин за перење на биографии преку фондации како „Илија Камчев“, „Трајче Мукаетов“ или овој „Никола Јанчев“ којшто сигурно странските добронамерници им го сипале у глава на младите благонадежни среќни добитници на транзициски миљончиња:

Меѓутоа, сепак најдобар начин е катарзата да се постигне додека некој е жив и здрав, а не децата да му го рибаат животното дело додека истовремено оштетените страни еднакво силно ќе мо.аат врз таквите напори.
 
Wau

Член од
5 јули 2021
Мислења
55
Поени од реакции
62

Врска немаш.
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Ova so fondaciive malku mi e nejasno samo Orko e vo zatvor ili toa nema vrska :)
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Кога сме на тема местење огласи у банки, Бугариве од УНИ стопати постручно го прават тоа од Власите од КМБ. Ставаат плата за информатичар од 17.000, никој не се пријавува, па си примаат кого планирале и му даваат педесетина бона плата колкушто е и нормално за таква позиција:

Screen Shot 2021-07-13 at 22.11.39.png

Со оглед на тоа што повеќе пати од ПКБ спомнувале дека им е потребна квалификувана работна сила, ме чуди зошто немаат постојани огласи што ќе се вртат низ медиумите. На тој начин остваруваат двојна корист: ем се рекламираат како успешна компанија што напредува и вработува, ем ја зголемуваат побарувачката за работните места и обезбедуваат поквалитетен кадар за пониска цена на труд.

Отсекогаш сум се сомневал дека огромен број компании даваат огласи за вработување токму заради градење имиџ на успех и напредок. Не е дека некој трудов инспектор иде и проверува дали стварно некого вработиле на тие огласи, а и секогаш можат да кажат дека не нашле соодветен кандидат.
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Denes poeftinile KMB pominaa 2000 akcii kako da ke nema utre :)
Do 25ti juli ke treba da se spodeli izvestsjot a izgleda e ubav cim vaka letaat akciive ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom