Воена и Цивилна Морнарица

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.474
И еден куриозитет, бојата што ние си ја викаме тегет-темно сината, така се вика по адмиралот Тегетхоф.
Thanx for reading it mate :)
Во Далмација до ден денешен имало народни песни кои го опејувале Бој под Висом, се проценува дека 2/3 од екипажите и 1/5 од офицерите кај аустриска флота биле далмоши и истријани. Само една од оклопниците била под заповед на хрват.
Интересно е знамето на Австрија, оригиналното, црно-жолто, тек подоцна се појавува црвено белото не знам зошто го промениле.

И покрај победата кај Кустоца и поморскиот триумф кај Вис, поради стравичниот дебакл кај Кенигрец вс. Пруси, аустријанци ја губат Венеција и талијани ни криви ни должни си ја остваруваат целта поради која влегуваат во ратот на страна на Прусија.
Често пати е побитно кој ти е сојузник него сопствени достигнувања :unsure:

Имаше докумнетарец на ХРТ, брод со помош на подводен дрон (не знам како се викаат точно) опремен со камери успеаа да го најдат Палестро на релативно мала длабочина.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.094
Поени од реакции
9.402
И покрај победата кај Кустоца и поморскиот триумф кај Вис, поради стравичниот дебакл кај Кенигрец вс. Пруси, аустријанци ја губат Венеција и талијани ни криви ни должни си ја остваруваат целта поради која влегуваат во ратот на страна на Прусија.
Често пати е побитно кој ти е сојузник него сопствени достигнувања :unsure:
Што мислиш за Италијанската флота во 2 светска војна?

Негде прочитав дека заради недостаток на гориво не можеле да ги употребат бродовите колку што сакале а и покрај сите дебакли во потопена/изгубена тонажа добро се држеле земајќи во обзир кој им била непријател и со што располагал.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.474
Што мислиш за Италијанската флота во 2 светска војна?

Негде прочитав дека заради недостаток на гориво не можеле да ги употребат бродовите колку што сакале а и покрај сите дебакли во потопена/изгубена тонажа добро се држеле земајќи во обзир кој им била непријател и со што располагал.
Реферат pending :angel:

Приказната за талијанска флота во WW2 е тоа што можело да биде а не тоа што било.
Немањето на носачи на авиони било голем фактор во целата ситуација. Доколку имаа 2-3 носачи во 1940 ќе можеа да го исчистат медитеран од сојузнички бродови.
Малку се знае, но талијани поучени од Таранто и остали битки, започнале да градат три носачи, два на трупови на патнички бродови (Акила и Спарвиеро по 33К тони, 250м и 60 авиони) и на труп на тежок крстосувач (Болцано, 15К тони, 215м, 36 авиони)

Друг фактор бил лошата координација на авијацијата и морнарицата. Скоро секогаш авијацијата каснела при акции во кои требало да даде поддршка на флотата, се појавувале над боиштето откако битката завршила.

Бројчано цело време биле надмоќни на британската медитеранска флота во било кој даден период на војната (освен во носачи) но командата била претерано претпазлива кога станува збор за ангажирање на капиталци (6 бојни брода и 10 тешки крстосувачи при стапување во војна).
Огромната подморничка флота, освен неколку чопори на Атлантик, во медитеран не постигнале ништо, потопиле само еден грчки лесен крстосувач и неколку британски разурнувачи и подморници.

Вложувањето во целосна реконструкција на класата Конте ди Кавур од 1915-16 за што им требале 4 години 1933-37. Потрошиле брдо пари за 4 медиокритетни брода. За тие пари можеле да изградат барем 6 средни носачи на авиони (20-30К тони).

Квалитетот и квантитетот на талијанска флота бил голем, но посадата, командниот кадар и стратегијата биле дно.
Најпрагматично би било да им ги дадат бродовите на командување на германски адмирали и офицерски кадар (како отоманите во WW1) и да постигнат нешто.

Кај ртот Матапан на пример, губат 3 капиталци за половина час, некаков си црн рекорд. Британските бојни бродови се прикрале во ноќта на 3км од талијанските тешки крстосувачи и ги разнеле на парчиња. Талијани немале радар па такво нешто било возможно.

Освен релативно успешен систем на конвои и нападите на бомбардерите СМ-79 со по 2 торпеда на нив, талијани не направиле ништо со површинска и подводна флота.

Но, во доменот на специјални операции биле најдобри во светот. Имале специјални подводни возила со кои двајца луѓе-жаби би се прикрале под торпедните мрежи во дадено пристаниште и би поставиле експлозив на некоја витална точка на противнички брод. Александрија и Севастопољ се најпознати такви акции.
Во Александрија 6 (шест!) члена на специјалната единица МАС ги потопуваат британските бојни бродови Квин Елизабет и Валијант и разурнувачот Џарвис заедно со еден флотен танкер. Шака специјалци (кои биле заробени бај д веј) успеале да направат повеќе штета на британци од сите тие Литорио, Виторио Венето и остали мастодонти.

Друг оддел на МАС се бавел со употреба на мали и хипер-брзи торпедни чамци кои се прикрадувале или биле влечени до пред целта од друг брод или чак и симнати од матичен брод по што користејќи ја огромната брзина торпедирале сојузнички бродови.

Може да се каже дека талијанска флота се покажала во слабо светло, имајќи предвид бројчаната а често и технолошката надмоќ комбинирано со "домашниот терен" и базите кои им биле на располагање.
Не знам колку горивото играло улога бидејќи талијани цело време прателе конвои за фронтот во Северна Африка а тука е и Малта чие пристаниште не успеале да го уништат.

Сепак талијани имале само медитеран како театар на бојни дејствија за разлика од Ројал Нејви кои требале својата флота да ја упатуваат буквално по цел свет. Медитеран е прилично ограничено подрачје кое во 1940-43 е скоро целосно под управа на оската или на сателити како Виши.
Земајќи сето тоа предвид, Реџа Марина се покажала ужасно лошо.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.094
Поени од реакции
9.402
Во Александрија 6 (шест!) члена на специјалната единица МАС ги потопуваат британските бојни бродови Квин Елизабет и Валијант и разурнувачот Џарвис заедно со еден флотен танкер. Шака специјалци (кои биле заробени бај д веј) успеале да направат повеќе штета на британци од сите тие Литорио, Виторио Венето и остали мастодонти.

Друг оддел на МАС се бавел со употреба на мали и хипер-брзи торпедни чамци кои се прикрадувале или биле влечени до пред целта од друг брод или чак и симнати од матичен брод по што користејќи ја огромната брзина торпедирале сојузнички бродови.
Ете ја тонажата :D

 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.474
Ете ја тонажата :D
А кое е твоето мислење за Кригсмарине? Долго време се занесувале со планот Z кој требало да се реализира 1938-1948 :angel:и со самото тоа да парираат на Ројал Нејви.
Тука е и најлудата нарачка на најбројна класа воени бродови во историјата, 1340 нарачани подморници од Тип-21 кои имале Шноркел (уред кој овозможува целовремено пловење на перископска длабочина)

Имам деновиве нешто повеќе слободно време пошто клиенти започнаа да одат по мориња и да се печат ко гуштери на сонце :D па ќе напишам нешто и за други битки подетално, пример Јитланд/Скагерак, најголемата битка во историјата на поморството или Мерс Ал-Кебир или Драбек или Цушима.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.094
Поени од реакции
9.402
А кое е твоето мислење за Кригсмарине? Долго време се занесувале со планот Z кој требало да се реализира 1938-1948 :angel:и со самото тоа да парираат на Ројал Нејви.
Тука е и најлудата нарачка на најбројна класа воени бродови во историјата, 1340 нарачани подморници од Тип-21 кои имале Шноркел (уред кој овозможува целовремено пловење на перископска длабочина)

Имам деновиве нешто повеќе слободно време пошто клиенти започнаа да одат по мориња и да се печат ко гуштери на сонце :D па ќе напишам нешто и за други битки подетално, пример Јитланд/Скагерак, најголемата битка во историјата на поморството или Мерс Ал-Кебир или Драбек или Цушима.
Напиши кога ќе можеш.

Не сум читал премногу за Кригсмарине но ми се чини дека за она што го имале, добро се полажале. Интересно би било да успеале да извадат носачи но 2 - 3 носачи не знам колку би ја смениле ситуацијата.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.474
Напиши кога ќе можеш.

Не сум читал премногу за Кригсмарине но ми се чини дека за она што го имале, добро се полажале. Интересно би било да успеале да извадат носачи но 2 - 3 носачи не знам колку би ја смениле ситуацијата.
Започнале класа од 4 носачи од 36К тони и 270м, Граф Цепелин го завршиле и бил спремен за употреба но ниту еднаш не бил употребен во борба иако имал целосно издрилана авионска група со Бф-109Т (од Трегер=носач) ловци, Ју-87 ШтуКа пикирачки бомбардери нормално и Фи-167 торпедњаци, има разни процени од 50 до 80 авиони по носач.
Вториот бил поринат во вода (Петер Штрасер) а останати два не биле положени воопшто.
Исто и со неколку други проекти, еден носач започнале на исти труп како крстосувачите од класа Хипер но не го завршиле.

4 такви носачи во северно море би биле сериозна закана.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.094
Поени од реакции
9.402
Започнале класа од 4 носачи од 36К тони и 270м, Граф Цепелин го завршиле и бил спремен за употреба но ниту еднаш не бил употребен во борба иако имал целосно издрилана авионска група со Бф-109Т (од Трегер=носач) ловци, Ју-87 ШтуКа пикирачки бомбардери нормално и Фи-167 торпедњаци, има разни процени од 50 до 80 авиони по носач.
Вториот бил поринат во вода (Петер Штрасер) а останати два не биле положени воопшто.
Исто и со неколку други проекти, еден носач започнале на исти труп како крстосувачите од класа Хипер но не го завршиле.

4 такви носачи во северно море би биле сериозна закана.
Е тоа би бил филмска битка. Освен Енглезите и Французите ако не си ги изваделе прстите од гз и едноставно да ги затрупаат Германците со број. Но ШББ КББ.

Ако имаш време и воља те молам напиши твое мислење за Јитланд или (на мене фасцинантните) Индиско - Пакистанската војна 1971 поѓто единствени информации ми се https://en.wikipedia.org/wiki/Indo-Pakistani_Naval_War_of_1971

1626518405843.png

1626518123610.png

1626518159168.png
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.474
Е тоа би бил филмска битка. Освен Енглезите и Французите ако не си ги изваделе прстите од гз и едноставно да ги затрупаат Германците со број. Но ШББ КББ.

Ако имаш време и воља те молам напиши твое мислење за Јитланд или (на мене фасцинантните) Индиско - Пакистанската војна 1971 поѓто единствени информации ми се https://en.wikipedia.org/wiki/Indo-Pakistani_Naval_War_of_1971

Прегледај го приврзокот 301684

Прегледај го приврзокот 301682

Прегледај го приврзокот 301683
Деновиве ќе пишам за Јитланд (или Скагерак како што ја викаат во Германија), се надевам нема да преминам лимит на зборови кои се дозволени во еден пост :angel:
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.094
Поени од реакции
9.402

1627038643824.png

Сите знаеме за поразот на Шпанската армада, но да не остане заборавено дека по тој пораз на Шпанската морнарица и Англиската флота имала свој катастрофален неуспех.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.419
Поени од реакции
9.747

Прегледај го приврзокот 302201

Сите знаеме за поразот на Шпанската армада, но да не остане заборавено дека по тој пораз на Шпанската морнарица и Англиската флота имала свој катастрофален неуспех.
ako pamtam dobro, vo knigata so ja postirav na prvata strana (od Martin Page) ima dobri detalji od ovie dve bitki.

prvo Spanija planira invazija na Britanija. nesto od vremenski nepogodi, nesto od iznenaduvanje od Britancite,
dozivuvaat katastrofalni zagubi. Britanija probuva da go iskoristi toa za invazija na Spanija, ili barem osloboduvanje na Portugalija
(Anglija i Portugalija imaat edno od istoriski najdolgite sojuznistva i izmesani kralski lozi).
ne pamtam koj e tocniot ishod, ama generalno toa e istoriski period vo koj Spanija i Portugalija opagjaat,
zemajki vo predvid deka do togas bile vodecki svetski sili. od togas pocnuva jaknenjeto na Britanskata imperija vo
najdominantna pomorska sila.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.474
Уште една битка во која имаме Давид вс. Голиат ситуација а тоа е битката кај заливот Драбак за време на нацистичката инвазија на Норвешка во WW2.

Како дел од плановите за покорување на светот :angel:, Хитлер и друштво се решаваат за настап на север и осигурување од непланирани изненадувања во иднина. На 9-ти април 1940 започнува операцијата Вежби на Везер југ (Данска) и север (Норвешка).
Но ако инвазијата на Данска ќе заврши истиот ден, нападот на Норвешка неочекувано ќе наиде на жесток отпор од страна на малубројната норвешка армија и морнарица. Тоа ќе ги изненади дури и сојузниците кои ќе пратат експедиоционен корпус составен од британски, француски и полски единици за да ја искористат ситуацијата и да вовлечат што повеќе германски трупи на север, далеку од своите граници.
Овие настани ќе имаат особено значење на море каде што ќе се одиграат неколку тешки битки.

Првата битка ќе се одигра во еден од 9-те фјордови кои ќе бидат цел на првичниот напад на нацистите.
Најважниот и најдолг фјорд, 55км долгиот Ослофјорд на чиј крај е сместен главниот град на Норвешка бил прва цел на германската флота. Планот бил да се зароби кралското семејство, главниот штаб и златните резерви на норвешката централна банка и со тоа да се стави брз крај на евентуални обиди за отпор.

За таа цел од Вилхелсхавен испловува германската ударна група составена од тешките крстосувачи Дојчланд и Блихер, лесниот крстосувач Емден и 3 разурнувачи. На бродовите се наоѓале и 1000+ припадници на морнаричка пешадија и стотина Гестаповци кои требало да го заробат кралот на Норвешка.

Одбраната на Ослофјордот била скромна, се потпирала на старите тврдини од 19.век Хортен и Оскарсборг, неколку торпедни станици и разурнувачот Олаф Тригвасон.
На копно се наоѓала една ескадрила прастари торпедни авиони Даглас ДТ-2 со скромни можности.

Германската команда направила план по кој сите бродови требало под закрила на темнината на ноќта да се прикрадат до Осло и да ја растоварат десантната група која би била поддржувана од бродската артилерија. И така во раните утрински часови на 9-ти април 1940, групата бродови во која се наоѓал најновиот германски капиталец Блихер, тргнува во акција. Блихер (18,5К тони, 215м) влегол во употреба во Кригсмарине на 5-ти април 1940 што значи само четири дена пред нападот!

Не се знае како германците замислувале да пловат 55км без да бидат забележани. А од што би требало да се плашат воопшто?

Во темнината на ноќта, пловејќи без светла и со радио-тишина, германците минале крај Хортен и биле забележани, но командантот на таа тврдина решил да не ја нарушува норвешката неутралност и да не отвара оган врз непознатите бродови. Нацистичката агентура и локалните фашисти предводени од Видкун Квислинг, ликот според чие презиме до ден денес се нарекуваат колаборантите на странска окупација, ширеле гласини и дезинформации со цел да предизвикаат несигурност и хаос кај бранителите.

Втората тврдина Оскарсборг била командувана од 65 годишниот полковник Биргер Ериксен кој имал само неколку месеци пред пензија.
Освен три прастари тешки топови од 280мм, обраната имала и 3 топа од 150мм и 4 од 57мм.
Посадата била составена од "гуштери" т.е. новостигнати регрути кои биле во процес на учење како да ракуваат со опремата. Само еден од трите 280мм топови имал посада од веќе обучени артилерци.

Околу 4 часот наутро некакви сомнителни силуети биле забележани како пловат по фјордот. Веднаш бил обавестен полковник Ериксен и главниот штаб во Осло. Немајќи никакво инфо околу тоа за какви бродови се работи, одлуката околу тоа што да се прави била оставена на арбитрарната процена на полковникот.
А тој откако лично се уверил дека бродовите се германски, решава да отвори оган.

Трите тешки топови за среќа веќе биле полни. Првиот топ отвара оган од далечина од 2км и веднаш го погодува првиот немачки брод Блихер по средината прекинувајќи го доводот на струја низ бродот.
Втората граната го пробива оклопот под втората топовска кула и паѓа во магацин каде се складирани гранати од 105мм за ПАА на бродот. Тоа предизвикува експлозија која пак прави пожар.
Третиот топ не успеал да пука кон Блихер бидејќи овој излегол од зоната на дејство на топот од 280мм само за да излезе на нишан на 150мм топовите. Нишанејќи кон светлината по средина на фјордот, норвежаните забиваат 15 гранати од 150мм и 37 од 57мм во Блихер кој не можел да отвори оган поради немањето струја која би ги движела топовските кули. На тој начин големиот брод можел да се брани само со ПА артилерија од 37мм и 20мм кои биле на рачен погон и средните 105мм топови кои имале двоен погон.

Пукајќи хаотично наоколу, непрецизниот оган на германците не направил никаква штета кај бранителите. Во тие моменти доаѓа до кризта на битката. Имено, три од шесте торпецни цевки од 457мм јавуваат дека се спремни за дејство. Ериксен наредува да истрелаат торпеда кон противникот.
Старите торпеда од Австроунгарско производство биле единствените со кои располагале станиците.
Првото торпедо го промашува Блихер.
Второто го погодува по средина правејќи скромна штета.
Но третото погодува на истото место каде што паѓа втората граната и предизвикува огромна експлозија со детонацијата на 105мм гранатите кои се наоѓаат таму. Тоа е крајот на патот за Блихер. Сите обиди да се изгасат пожарите се залудни и некои половина час од почнувањето на битката на бродот се случува голема експлозија која ја запечатува судбината на тешкиот крстосувач.

Блихер започнува да тоне во фјордот а неговата посада се обидува да се спаси. Нова серија експлозии ставаат крај на битката. Загинуваат околу 900 нацисти бидејќи бродот е преполн со десанта екипа од Вермахт и Гестапо. Оние морнари и војници кои стигнуваат на брег се заробени од норвешката Кралска гарда а тоа биле преку 1000 на број. Кампањата започнува со срамен пораз на нацистите.
Дојчланд и Емден добиваат наредба да се повлечат од фјордот откако неколку гранати од 150мм прецизно го погодуваат Дојчланд.
Морето е исчистено од немачки бродови, норвешкото кралско семејство и главниот штаб веднаш се преместуваат во внатрешноста на земјата од каде ќе раководат неколку месеци со борбите на бранителите против нацистите и домашните предавници.

Иако нема да има решавачка улога поанатаму, оваа битка има огромно значење за моралот на бранителите. Од технички аспект, ова е единствен случај било кога да копнени торпедни станици потопуваат противнички брод. Самите станици биле идеја од 19-ти век, сосема застарени во 1940 но во сплетот на околностите тие придонеле кон тешкиот пораз и блам на нацистите.
Трупот на Блихер останува до ден денес на дното во темните и длабоки води на фјордот.

Норвешките загуби во оваа битка биле нула загинати и нула ранети.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.474
За почеток е потребен вовед во битката кај Јитланд бидејќи се работи за најголемата конфронтација на поморска техника во историјата на човештвото. По вкупен депласман оваа битка ја надмашува славната битка во заливот Лејте (во реалност серија од битки опфатени под еден чадор) со голема разлика.
Се работи за нестварни бројки на капитални бродови кои земаат учество. Кај Британци тоа се 46 брода, пратени од 105 други а кај Германци тоа се 27 капиталци пратени од 72 други пловила.

За разлика од Лејте тука немаме мали бродови како 48-те амерички торпедни чамци од 40-50 тона (глисери на стероиди) кои вребаат во Суригао теснецот и лансираат торпеда по јапанци, ниту пратечки корвети, миночистачи, тендери за хидроавиони и транспортни бродови.
По број на бродови Лејте има повеќе, но како што споменав, битна е тонажата која е основно мерило во поморството а во случајот со воени пловила тоа е депласманот на бродовите т.е. колку вода истиснува секој брод, стандардизиран метод кој се применува за одредување и класификација на воен брод.

Поради прегледност, ќе ја поделам битката на вовед, почеток, криза на битката, приквечерна и ноќна фаза, крај на битката и заклучок.

Од каде да се тргне? Почетокот на оваа битка не е во Големата војна туку датира назад едно 25 години пред тоа. Развојот на поморската технологија е толку брз што морнариците имаат сериозно тешка задача да во неколку години ги променат основните постулати и тактики за водење на флотна акција на море.
Поринувањето на Дреднот во 1906 година ги прави сите бојни бродови во светот застарени, вклучително и оние кај сопствената, британска флота. Појавата на бојните крсташи отвара нови можности за спроведување на нови тактики. Појавата на разурнувачот исто. На подморниците никој не обрнува особено внимание...

За апсолутен почеток може да се земе 1889 година. Тогаш, Британскиот адмиралитет, загрижен од растечката моќ на вториот немачки Рајх, новата програма на америчката морнарица, подемот на Јапан и ефектите од "новата школа" во Франција = се одлучува на драстичен чекор.
Се воведува "Стандард на двете сили" што значи дека Ројал Нејви мора да биде појака во депласман од било кои две морнарици во светот сметани заедно!
Во тоа време на второ место била Франција а на трето Русија и за неколку години, што во служба што во изградба ќе имаме повеќе бојни брода и крстосувачи кај Британија отколку кај Франција и Русија земени заедно!

Но со тек на време тој стандард ќе биде изложен на притисок, особено од германската "Идеја на ризикот" и нивната Поморска лига каде што граѓанството со доброволни донации ќе финансира изградба на воени бродови за немачката Империја.
Поради неможноста за реалистично одржување на тој стандард, подоцна има ревизија која говори за двојно повеќе депласман од втората најјака флота во светот.
На почетокот на Големата војна Британија сепак ќе има ако не баш двојно, барем приближно толкава предност, како што и се гледа по бројот на капиталци кај Јитланд (46-27).

Водечките поморски теоретичари на времето предвидувале дека одлука на море ќе биде донесена во една мамутска битка помеѓу главнините на две спротиставени флоти.
Во тоа светло е и изјавата на тогашниот прв Лорд на британскиот Адмиралитет (министер за воена морнарица), никој друг него Винстон Черчил кој изјавил дека најнеблагодарно работно место во Англија во тој момент било главен командант на флотата бидејќи тој човек би бил единствен во обата завојувани табори кој би можел да ја загуби војната за едно попладне :unsure:

Битките кај Вис, Јалу, Жолтото море, Порт Артур и Цушима ќе бидат показатели за тоа како да се оствари пресудна победа на море.
Сеуште линиската тактика била основна, исто како во времето на едрениците.
Како основен маневар на флотно ниво излегол "вкрстување на Т" при што низ разни маневри требало едната страна да излезе во линиски строј пред противникот при тоа имајќи ги сите главни топови на располагање да отворат оган додека противничката линија не би била во можност да плови во паралелен курс туку би можела да отвори оган само со 1/3 до 1/2 од артилеријата.



Плавите бродови на сликава се оние кои остваруваат вкрстување на Т а црвените се оние кои се во неповолна положба поради тоа што не можат да ги вперат сите топови кон плавите, настрана тоа што си сметаат еден на друг при нишанење.

Германската надеж ќе биде во стварање услови да се концентрира најголемиот дел бродови на одсудниот дел на бојното поле каде би имале помал бројчан недостаток и со тоа да се искористи реалната германска техничка предност во квалитет на артилерија, оклоп, нишански справи, меѓусебна комуникација, брзина и обука на посадата.
Од почетокот на војната до пресудниот 31.5.1916, се одиграле десетина битки со учество на бојни бродови, бојни и оклопни крсташи. Новостекнатите искуства ќе играат улога при самата битка иако британците ќе пропуштат една важна лекција поврзана со крсташите.

Но за тоа потоа :)
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.474
Идемо даље :)

Трката во поморско вооружување ќе биде еден од факторите кои ќе допринесат за избивање на WW1. Германија од 9.место во време на "Стандардот на двете сили" за 25 години ќе избие на второ место во светот! Пред САД, Јапан, Франција, Русија, Италија...

Британската флота ја пречекува војната со триесетина флотни состави дислоцирани по бази по сите мориња и океани во светот. Главнината на флотата кај Ројал Нејви се нарекува Великата Флота и официјално е организирана уште првиот ден на војната. Нејзин командант е Адмирал Џон Џеликоу а заменици Вицеадмирал Дејвид Бити и контраадмирал Хорас Худ.
Имајќи позитивен скор во тодогашните борби со германците, имајќи го германскиот код уште од 1914 кога лесен крстосувач Магдебург се насукава на спруд во Балтикот при што руска пешадија ја запленува книгата со шифри и копија од неа дава на британското дешифрантско биро Соба-40 каде што дешифрантите ќе имаат можност да ги пробијат сите немачки пораки. Германците живееле во блажено незнаење за ова се до 1917 година.

Од што се состоела Големата флота, најсилниот поморски состав до тогаш виден?

Базирајќи се во базите Скапа Флоу, Фирт оф Форт и Росајт, Големата Флота располагала со следниве бродови :

Капиталци :

28 Бојни бродови-дредноти :
Ворспајт, Валиант, Берам, Малаја, Орион, Монарх, Конкверор, Тандерер, Белерофон, Суперб, Темерер, Колосус, Херкулес, Нептун, Ерин, Ајрон Дјук, Бенбоу, Марлборо, Кинг Џорџ V, Ајакс, Сентурион, Ривенџ, Ројал Оук, Сент Винсент, Колингвуд, Венгард, Аженкор, Канада.

9 Бојни крсташи :
Инвинсибл, Инфлексибл, Индомитабл, Њу Зиленд, Индифатигебл, Квин Мери, Лајон, Принсес Ројал, Тајгер.

8 Оклопни крсташи :
Минотаур, Шенон, Дифенс, Кохран, Вориор, Дјук оф Единбург, Блек Принс, Хемпшир

1 Носач на хидроавиони :
Енгадин

Останати бродови :

26 Лесни крстосувачи :
Калиопи, Констанс, Комус, Керолајн, Ројалист, Будика, Актив, Бланш, Белона, Кентербери, Честер, Галатиа, Фаетон, Инкостант, Кордилиа, Саутемптон, Бирмингем, Нотингем, Даблин, Фалмаут, Јармут, Биркенхед, Глостер, Фиерлес, Чемпион, Кастор.

79 Разурнувачи

Тотал - 151 брод.

Воздушни сили - 12 Хидроавиони

Германците уште од почетокот на војната се обидувале да намамат делови на Големата флота на мегдан во неутрални води. Со таа цел но и за да го омекнат моралот на британците, германските бојни крсташи десетици пати дрско се прилижувале до неколку наутички миљи од брегот, на очиглед на жителите на градовите кои ќе бидат ѕверски бомбардирани со 280-305мм гранати кои тежат по 300-450кг секоја.
Целта била да се примами Великата флота да исплови и да ги гони брзите германски бојни крсташи кои пак би се повлекле со максимална брзина во правец каде што 30-тина германски подморници би направиле сачекуша на британските бродови и би ги "омекнале" пред завршниот чин а тоа била средба на Великата флота со Хохзефлоте (Флотата на Отворено море, како што се нарекувал германскиот пандан на Великата флота во Кригсмарине)
Ваквите напади не успеале ниту еднаш во својата цел. Останале само ијладници загинати цивили, илјадници ранети и осакатени и десетици илјади бездомници.
Тоа бил голем удар по престижот на Германија и пропагандата не пропуштила да ги нарече германците = Хуни, злосторнички орди кои разнесуваат на парчиња жени и деца.

Главниот Адмирал на Флотата на отвореното море, Адмирал Хуго Пол доживеал неуспех. На негово место во Јануари 1916 доаѓа помладиот Контраадмирал Рајнхард Шер, живописна особа, лик кој не се плашел од предизвици. Шер веднаш започнува план за успешна употреба на толкавата флота која му стои на располагање и веднаш започнуваат разни планови за намамување на британците во Северно море и конечно наметнување на битка на целата Велика флота со цел да се уништи со што блокадата на Германија од страна на сојузниците би била доведена во прашање ако не и сопрена, британскиот морал би бил срозан а немачките бродови би имале отворени раце да делуваат по северот па чак да преминат и на Атлантик.

На што ги базирале своите надежи Шер и неговиот прв помошник Адмирал Франц Хипер?
На силата и брзината на своите бродови од Флотата на отворено море, базирајќи се во базите во Вилхелмсхавен, Кил и Куксхавен а тие биле следниве :

Капиталци :

16 Бојни бродови-дредноти :
Кајзер, Кајзерин, Принцрегент Луитполд, Фридрих дер Гросе, Хелголанд, Остфризланд, Тиринген, Олденбург, Насау, Вестфален, Рајнланд, Позен, Кениг, Гросер Кирфирст, Маркграф, Кронпринц.

5 Бојни крсташи :
Дерфлингер (најдобриот капиталец во WW1, ќе видиме и зошто), Лицов, Зајдлиц, Молтке, Фон Дер Тан.

6 Бојни бродови-предредноти :
Дојчланд, Хановер, Померн, Шлезвиг-Холштајн, Шлезиен, Хесен.

Останати бродови :

11 Лесни крстосувачи
Штетин, Минхен, Фројенлоб, Штутгарт, Хамбург, Рошток, Франкфурт, Елбинг, Пилау, Визбаден, Регензбург.

61 Разурнувач.

14 Подморници (одделот за заседа)

Тотал - 113 бродови.

Воздушни сили - 11 Цепелини

Во овој состав ќе се судрат двете флоти во најголемата поморска битка евер.
Предноста на британците била традицијата, историјата, бројчаната надмоќ, искуството.
Предности кај немци биле технолошката супериорност, појак оклоп при иста дебелина и тежина (Круп имал супериони начини за лиење на оклопни плочи во споредба со Рејнам или Бритиш Стил или Вулич Арсенал (за фановите на ФК Арсенал, оттаму е името:D) попрецизни нишански справи (Карл Цајс), подобра артилерија (Круп и Рајнметал Борзиг), пример после војната биле извршени тестови каде немачки топ од 305мм пробивал најјак оклоп на купола на британски боен брод од 8000м додека британски топ од 343мм пробивал немачки оклоп на купола тек на 6000 метри и покрај потешката граната!
Друга германска предност бил командниот кадар, имено Шер и Хипер биле поборници на активни дејства за разлика од претходникот Хуго Пол кој скоро ниту еднаш не излегол во целосен флотен состав од устието на реката Јаде. Не само тоа, за неколку месеци од доаѓање на чело, издрилале неколку евазивни маневри за избегнување на гранати или торпеда, заедно со маневри за да се измами противникот како и маневри да се прифати или напушти битката, нешто кое ќе одигра голема улога кај Јитланд.

Хохзефлоте била под огромен притисок на јавноста, буквално од скифлениот цар Вилхелм цвај до продавачи на цвеќиња, луѓето биле бесни бидејќи со децении донирале пари за да се изгради таа велесила од флота, пропагандата пред ратот трубела за феноменалните немачки бродови...само за да кукавички чмае зад насипите на Јаде? Не, тоа не било прифатливо и државниот врв конечно реагирал после скоро две години.
Уште во Април, Шпер наредува на флотата да се собере на устието на реката Јаде и да започне активно со барање борба со противникот. Британците имајќи го немачкиот код, лесно ги пратат наредбите и започнуваат да се припремаат за надоаѓачка голема битка. На неколку наврати Великата флота испловува од базите и плови во висина на Норвешкиот и данскиот брег со цел да ја открие и уништи Флотата на отворено море.

Допрва ќе видиме кој кого ќе уништи :)
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.474
Одиме понатаму :)

Вицеадмирал Шер решава да ја тестира британската одлучност за водење на флотна акција а при поволни услови и да излезе на мегдан со Големата флота, што да не.
Први испловуваат подморниците кои треба да вребаат во заседа околу британските бази а мамец кој ќе ги натера британците да ангажираат голем флотен состав е германската дивизија на бојни крсташи составена од сите 5 крсташи, 5 лесни крстосувачи и 16 разурнувачи под команда на Франц Хипер.
Овој состав испловува на 28.5.1916 и се упатува кон северот на Англија со цел да гранатира некои крајбрежни градови.
Неколку часа подоцна испловува и главнината на Флотата на отворено море која ќе биде на некои 3-4 часа позади германските брзи крсташи.

Шер не верувал дека ќе успее да ја навлече на себе целата Велика флота. За неколку дена ќе биде демантиран што за малку ќе има кобни последици по неговата флота.

Поради опасност од минско поле кое било забележано на патот на дивизијата на Хипер, германците се откажуваат од бомбардирање но успеваат да бидат приметени од еден британски лесен крстосувач.
На околу 80 наутички миљи (отсега понатаму НМ) на југоисток пловела главнината на Хохзефлоте, 16 дредноти поделени во 4 дивизии по 4 брода заедно со една дивизија од 6 пре-дредноти, 6 лесни крстосувачи и 45 разурнувачи.

Надежите полагани во Цепелините се покажале залудни. Иако повремено низ маглата успевале да приметат пртивнички брод, лошото време ги натерало да се вратат во базата. На смена, 11 цепелини упорно се обидувале да бидат очи и уши на флотата но за жал временските услови си го направиле своето.

Улогата на picketts ќе ја преземат подморниците.
На враќање од задачата, германците добиваат извештај од една од подморниците дека британски бојни крсташи веќе испловуваат од базата во Росајт. 9-те британски бојни крсташи се поделени на 3 дивизии со по 3 брода. Кон нив е додадена дивизијата на 4 од новите брзи бојни бродови од класата Квин Елизабет Две дивизии по полна пареа се упатуваат во гонење на германската дивизија крсташи.
Неколку часа подоцна испловува и главнината на Великата Флота,

Дознавајќи за ова, Шер наредува насвоите бродови окрет за 180 степени и правец на пат на двете британски дивизии. Иако британците имаат двојна предност во капиталци (10-5) во тој момент, Шер останува амбициозен за конечно да се освети за Догер Бенк и Хелголанд.

Интересно е што двата штаба немале поим дека покрај крсташите на море се испловени и главнините на двете флоти! Радио извештаите на британските лесни крстосувачи кои приметиле огромни столбови чад на југ биле блокирани од страна на германците кои со себе носеле jammers кои служеле за "давење" на британските радио-фреквенции. На тој начин Џеликоу, Бити и Худ биле сосема лошо обавестени за реалната сотојба на терен.

Околу 14.20 часот на 31.5.1916, еден неутрален дански трговски брод под име НЈ Фјорден е забележан како мирно плови према полуостровот Јитланд. Гусарскиот инстинкт кај Германците веднаш проработува и Шер го праќа лесниот крстосувач Елбинг да го заплени бродот. Истовремено, британскиот лесен крстосувач Галатеа од своја страна го забележува данскиот брод и се упатува да испита дали овој брод носи контрабанда.
И така, сосема случајно, имајќи сосема ограничена идеја за присуството на противникот, двете флоти за прв пат во 14.25 воспоставуваат визуелен контакт. Во 14.30 се истрелани првите гранати, во случајов 102мм од Галатеа кон Елбинг. А првите погодоци ќе бидат четири гранати од 105мм кои Елбинг ќе ги забие во Галатеа од огромна раздалеченост за тој калибат, правејќи скромни штети кај британскиот крстосувач.

И така, во 14.30 на 31.5.1916 започнува најголемата пресметка во историјата на поморството.

Дознавајќи дека започнала артилериска престрелка, Џеликоу наредува да носачот на хидроавиони Енгадин лансира неколку летала со цел откривање на точната положба на противникот. Тоа е прв пат во историјата да еден носач на летала на вода лансира авион in anger. Авионите јавиле за горе-долу прецизен распоред на германската дивизија брзи крсташи.

Привремено, германците билле во поповолна позиција бидејќи сонцето било во зенит што значи дека британските бродови биле добро видливи. Германците имале предност и со природната камуфлажа која ја пружала данската брегова линија.

Тежината на плотунот на главната артилерија (234-380мм) била 151 тон додека на германската (280-305мм) била само 61 тон. Поради тактичката грешка на германците кои во Хохзефлоте ја вклучуваат и втората дивизија стари и спори бојни бродови-предредноти, флотната брзина кај нив е 18 јазли додека кај британците е 21 јазол, факт поради кој ќе има извесни последици по Хохзефлоте.
Британците ја делат флотата на 3 дивизии со по 8 бојни брода, три дивизии со по 3 крсташи, две дивизии со по 4 оклопни крсташи, сето тоа поддржувано од лесни крстосувачи и разурнувачи.

Пловејќи во северозападен правец, Шер оди директно на 9-те брода на противникот.
За тоа време главнината на Хохзефлоте се доближува на 45 НМ од Шер што значи дека можат да влезат во борба за два и пол часа ако има потреба.
А таа потреба сеуште е мистерија. Дали Великата флота испловува цела или како во претходни случаи на битки во WW1 тоа се само крсташи и лесни крстосувачи?

Одговорот ќе дојде подоцна на голем шок на Шер и Хипер.

Конечно, во 15.48 часот, после маневрирање од двете страни, адмиралскиот (главен) брод на Флотата на отвореното море Лицов, нестрпливо отвара оган од 15км иако прописите не предвидувале гранатирање од толкава далечина. Битката влегува во почетната фаза, позната како пресметката помеѓу брзите бродови на двете страни. Тек некој час подоцна ќе се приклучат бојните бродови и битката ќе прерасне во мамутска конфронтација на најмодерните бродови кои светот дотогаш ги видел.
Кај британци "сефте" прави Принсес Ројал која отвара оган од 14км но без резултат.

Шесте крсташи кај британци се распоредуваат во една линија а малку на запад од нив (2-3 НМ) четирите брзи бојни брода со најтешка артилерија во оваа битка (380мм) се распоредуваат исто така во линија.
Малаја, Ворспајт, Берам и Валијант ќе одиграат спасоносна улога во наредните два часа.
Одлуката оваа дивизија да се приклучи кон брзите крсташи ќе биде една од најдобрите одлуки кај британците.

Имајќи предност на прва линија од 6-5 британците имаат можност да одберат сите по еден брод за цел, плус еден кој ќе дуплира со некој друг. Но наместо тоа, поради лоша комуникација со знаменца наместо со рефлектори, 6-те брода ќе се концентрираат на само 4 немачки брода, оставајќи го Дерфлингер "слободен" да ровари и неометано да си бира цел.

Првата крв ја леат британците. Крсташот Лајон е погоден од две гранати од 305мм една од нив пробива палубен оклоп и експлодира внатре во бродот убивајќи 30-тина морнари.
Пресметката се одвива неполни 15 минути за кои Тајгер е погоден 9 пати од 280 и 305мм гранати. Сериозно оштетен Тајгер бара засолниште кај дивизијата брзи бојни бродови во позадина.

Лајон повторно добива неколку тешки гранати една од кои пробива оклоп на магазинот за 343мм муниција. Започнатиот пожар не помага во мизеријата на Лајон.Друга граната од Дерфлингер погодува подножјето на куполата на Лајон и ги убива сите 40-тина морнари кои полнеле муниција таму.
Гледајќи како огнот се приближува до муниционата комора, капетанот наредува да се отворат Кингстоните (вентили за потопување на одреден дел од бродот) и така морската вода ги гаси пожарите и го спасува овој брод кој веќе има 100+ мртви на себе.

Спас у задњи час. Буквално две минути фалеле да Лајон се претвори во огнена топка.
Но таква среќа нема да има крсташот Индифатигејбл. Во 16.00 часот Фон Дер Тан го концентрира огнот на погореименуваниот британски крсташ. Иако има само 8 топа од 280мм, тие гранати се прецизни и пробиваат британски оклоп кој се покажува инфериорен при иста дебелина!
Но тоа е разликата меѓу теорија и пракса. Не секогаш сувите бројки имаат некакво значење во реалноста.
Погоден со уште три гранати од 280мм а неуспевајќи да го погоди противникот ниту еднаш, пожарите беснеат на Индифатигејбл правејќи го голема осветлена цел во приквечерието.
Фон Дер Тан испалува уште еден плотун од 8 гранати од 280мм и 24 од 150мм.

Една тешка граната и 5-6 полутешки го погодуваат несреќниот британски крсташ баш онаму каде што оклопот е најтенок. Гранатата пробива испод куполата и влегува директ во муниционата комора за гранати од 305мм.
Следува левијатанска експлозија која го дели Индифатигејбл на два дела. Бродот тоне за 128 секунди (!) повлекувајќи 1019 морнари и офицери на оној свет.
Се спасуваат само двајца морнари!

А тек што следи понатаму, какви бламови тек ја очекуваат Големата флота останува да прочитаме утре :)

Работава станува сериозна, британците се во бунило, како тифусарите кај Неретва во филмот, не знаат што е проблемот, ароганцијата со која влегуваат во битка имајќи предвид дека Германија никогаш не била поморски фактор, немаат традиција, не знаат да пловат по океани, ќе бидат лесен залак...сето тоа паѓа во вода (pun?) за неколку часа.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom