Саутгејт колку и да е добар за оваа Англиска репрезентација, толку многу знае и да се изгуби на битни мечеви. Неверојатно ме потсеќа на глупите грешки што ги прави Солскаер во битни мечеви.
Стерлинг цела утакмица му изигра на позиција од каде има 0 голови и 0 асистенции, само со цел да му игра Маунт. Наместо во второ да го турне тимот понапред зашто Италијанциве не играат контри, продолжи таму каде што и заврши полувремето, со голот во воздух. Прашање на време беше кога ке примат гол. Дури и со истото позиционирање, направи измени прекасно.
Пеналиве прав дебакл, и искрено, жал ми е за Сака, неверојатно е дека го оставија последен да шутира, со целиот притисок на него, а има само 19 години.
Со ваков пристап, тешко дека би освоиле ЕП или СП. Не можеш да браниш 1-0 водство.