Не знаев дека се снимало ново продолжение на Suspiria.
Ми се свиѓа тоа дека не прават римејк и не е приказната за балерини, туку веројатно покрај окултното, ќе има многу политички интриги и заткулисни трилер моменти.
Исто ми се свиѓа дека ја задржале палетата на бои од оригиналот. Создава некое чувство на немир, на исчекување, има uncanny valley квалитет и не знаеш што се крие зад аголот.
Најмногу од се, ми се свиѓа тоа дека излегле од комфорт зоната, па главниот антагонист не е жена како во оригиналните три филма од серијалот, од кои ја памтам само Mother Suspiriorum. Овојпат лидер на култот е маж. Вештер. Father Covidorum.
Веројатно ќе биде претставен како Татко на Пестиленцијата, Чумата...ама нешто у стил на Omen тројката, каде вештерот се искачува на врвот на светската хиерархија и од таа позиција го гради, го шири култот и сее болест, цензура и смрт.
Едно само не ми се свиѓа, тоа дека го откриваат father Covidorum уште во трејлерот и не го оставаат за финалето, како мистерија, ама веројатно има причина за тоа и ќе биде проминентен лик во филмот, а не скриен. Исто кастингот е невообичаен, оти актерот малку личи на Winnie the Pooh, не е некоја застрашувачка појава, ама сигурно и за тоа има причина.
Концептот, битно, е добар, мене ми падна во око, мислам дека има потенцијал и сум внимателно оптимистичен!