Се што не изигра Шпанија на турнирот а се очекуваше од неа го изиграа на натпреварот со Италија, посед на топка, игра по целиот терен, креирање на шанси, добивање на битката на средина со тотална доминација, но никогаш од кога пратам фудбал активно од 2000 шпанциве да биле без напад, порано можеле да немат играч на ниту една позиција ама имале јаки напаѓачи, на првенството немаа ни полунапаѓач ,Раул, Мориентес, Виља, Торес какви само напаѓачишта имаше Шпанија во минатото и само тоа што им фали, на овој натпревар заслужија победа но во целокупниот настап на турнирот не заслужија да играт во финале.
Италија денес покажа невиден карактер и цврстина, ако натпреварот со Белгија ја покажаа својата италијанска ДНК, овој натпревар го добија на карактер и цврстина, големината е кога не ти оди да го добиеш натпреварот а тоа денес го направија жабарите, цел турнир беа подобри од противниците, денес беа послаб противник но го добија натпреварот, свесно отидоа на пенали и ги добија, нешто што порано била најголемата нивна слабост.
Од кога пратам италијанска репрезентација од ЕП 2004 до денес на хартија тешко да имале послаба селекција, но како тим никогаш не играле толку јако и самоуверено, тимски, дури кога ги имаа фудбалските маестра како Тоти, Дел Пиеро и Пирло, не постои репрезентација која некогаш заслужила да освои некој турнир како што овој турнир го заслужија во целост Италијанците.