Да се биде фер кон Мората.
Мислам дека го знаат како дише и како шутира и каде преферира и каде би шутирал врз основа на тоа како се мести пред самиот шут. Има многу соиграчи од Јувентус, и тоа имаше импакт.
Се виде некако дека Италијаниве повеќе се спремале за пенал сценарио, не дека тоа е одлучувачко, ама може да даде предност во пенал серија.
Мислам дека Шпанија уште у старт и како што одминуваше првенството важеше за многу потценета, а е многу непредвидлива, нема точно утврдени стартни 11, и тоа ги прави ултра незгодни.
Имаат долга клупа и тоа многу ги извади.
Италија многу тешко играше денес, цело време фураат со една иста формација и тоа ги прави прилично предвидливи.