Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Лани на темава имаше повеќе вируолози и инфектолози од Сорбона-Кембриџ комбинирано.
Годинава гледам со стручњаци за вакцини и имунолози сме тука некаде.

Пуна е нашава северна со разноразни експерти и тоа мене многу ме радува :)

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Што би рекле северните соседи: све мој до моега :D
 
Лошо е што полна ефективност на Астра Зенека се стекнува две недели по втора доза. Ако некој утре ја прими првата доза тогаш полна заштита би имал околу 12 октомври. Тој што би ја примил на 25 јули полна заштита би имал на почеток на ноември.
Од тој аспект задоцнето е многу за Астра.

А има информации зошто толку се чека за ревакцинација ? Постари комшии што ги пријавував добија термин уште во јуни а ревакцинација тек во август им рекле
 
Од 1000 и кусур страни уште не научи дека ревакцинација е после 21 ден!??
 
А има информации зошто толку се чека за ревакцинација ? Постари комшии што ги пријавував добија термин уште во јуни а ревакцинација тек во август им рекле

обично ти даваат картонче и на него имаш термин за втора доза. Мене ми беше околу дваесе дена од една до друга.
 
Грешно разбрале.
Не разбрале грешно, за АЗ повеќе е од вообичаениот период од 21 ден кај кинеските.

Инаку, денес ПОВТОРНО бев до пункт за вакцинација како придружба и повторно видов кај што колабира жена (дали паничи народ или од тоа жешкото појма немам - кој знае дали им е од вакцини, кој ќе ти каже...), повторно видов кај што се чуваат вакцините извадени од фрижидер (неколку паковања буквално - во едно паковање по колку дози има НЕ знам) и си стојат така на маса во пунктот (кабината) за вакцинација кај што ги дува обичен вентилатор на собна температура и ИМ аплицираат на народ.
Што беше тоа нараквици, памук чист натопен со алкохол - кој претходно не го развлекувале по тоа масата или не знам каде.

Министерот за смрт добро ова го организирал, свака част. Маестро.
 
Фајзерот мислам дека беа познати по тоа дека треба да се чуваат на минус седумдесет.
Господ знае овие што ги примивме како биле чувани кај нас.

Може попосле да се напраи тест за антитела па да се види.
 
нема врска тоа, може и у обичен фрижидер, тоа беше на почетокот
 
Фајзерот мислам дека беа познати по тоа дека треба да се чуваат на минус седумдесет.
Господ знае овие што ги примивме како биле чувани кај нас.

Може попосле да се напраи тест за антитела па да се види.

Се чува така ама откога ќе се извади, во обичен фрижидер и на маса, рок на траење е шест часа.
 
Фајзерот мислам дека беа познати по тоа дека треба да се чуваат на минус седумдесет.
Господ знае овие што ги примивме како биле чувани кај нас.

Може попосле да се напраи тест за антитела па да се види.
да не те чуди да биди пиши пропало на фајзерот кај нас, мајка ми минатиот понеделник прими прва доза досега никакви симптоми воопшто нема,ниту болки во раката,отоци,температура итн итн
 
Има доста луѓе кои примиле Фајзер на разни места (тука при првата пратка, во Србија и тн.) и немаат никакви симптоми (освен првиот ден мала болка во раката, со акцент на мала). А знам и за некои кои имале.
 
да не те чуди да биди пиши пропало на фајзерот кај нас, мајка ми минатиот понеделник прими прва доза досега никакви симптоми воопшто нема,ниту болки во раката,отоци,температура итн итн
Сигурно и дале од камперски фрижидер

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom