ЕУРО 2020 - Нокаут фаза

Кои репрезентации ќе стигнат до финалето на ЕУРО 2020?


  • Вкупно гласачи
    129
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.075
Поени од реакции
1.573
Зошто ги мрзиме Англичаниве? :D

Ќе напишам од мој аспект.
Прво, гнасен народ :D Не би можел да поднесам да ги гледам тоа белите фаци како се ваљаат во алкохол и замараат со итс каминг хоум.

Второ, лигата им е финансиски прејака. Влегува тим од Чемпионшип лига, може да си дозволи да ги купи најдобрите играчи на екипите кои играат во ЛЕ од Италија или Шпанија, ги уништија лигиве. Ги направија цените на играчите да скокнат во небо. Купуваат ќор играч од Хуеска, ќе дадат 50 милиони евра. Екипи од Шпанија играат со по 10 позајмени играчи во прва постава откако ќе влезат во прва лига, овие можат секого да си го дозволат. Медиумски исфорсирана лига, конечно после толку фрлени пари, лигата е воглавно најсилна во Европа, иако разликата не е толку евидентна, ако се споредат финансиите.

Трето, Манчестер јунајтед е од Англија :D
Народски кажи, комплекси се во прашање
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.664
Поени од реакции
59.716
Има една изрека што вели: I have nothing against God. It's his fan-base I can't stand.

Исто и јас, немам ништо против англиската репрезентација, ама ПЛ фанс се друга работа :)
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.930
Поени од реакции
30.905
Ајмо Чешка :pijani:
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Епа ај нека не трошат пари оти екипите од другите лиги се за греота. Има се може се, додека Сериа А имаше пари океј беше ама сега кога се сврти играта тогаш не е океј.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Уствари најголемиот успех во фудбалската историја на Англија е оваа пр кампања, што исклучително успешно ја тераат последниве 20 години, дека секоја друга лига освен ПЛ е farmers league. И еден куп на морони низ светот, кои не ги интересира многу фудбал, го проголтаа тоа.

Ич не ја разбирам арогантноста на фановите на ПЛ како лига и на англискиот фудбал генерално. Реално, ПЛ е најдобра лига последниве 2-3 години, пред тоа Шпанците ги газеа на секое поле. Примера доминираше со европскиот клупски фудбал претходната декада. Пред нив, 90ите и 00ите, Италијанците доминираа со клупскиот фудбал. А и овој скок во квалитет последните 2-3 години, е најмногу резултат на светска класа тренерскиот и менаџерски кадар кој го собраа, кој нема врска со традицијата на англискиот фудбал. Тие тренери се таму, ради финансиските импликации кои ги носи со себе работењето во Англија, не ради некаква почит кон фудбалската традиција во Англија. Они ја донесоа со себе културата, стилот на игра, концептите, менаџерски вештини, од континентална Европа, од фудбалски далку поуспешни земји и повлијателни фудбалски традиции.
Погледнете ја играта на Сити и Ливерпул, два тима кои ја издоминираа ПЛ последниве 3 години, или играта на Челзи годинава, како да гледаш тимови од Шпанија или Германија. Нема никаква врска со ништо што продуцирал англискиот фудбал во својата историја. Играчите кои ги играат тие системи, се претежно производи на младински школи од Шпанија, Германија и Франција и нешто помалку Холандија и Италија.

Бизнис моделите на англиските клубови се доминантни во однос на клубовите од сите други лиги, тоа е вистина. Тоа им дава финансиска и корпоративна моќ, која им овозможува да го купат успехот и полека да го филтираат квалитетот во нивните лиги. Иако, и таа состојба е резултат на некои нефудбалски трендови. Пример, финансискиот подем на ПЛ вистински стартуваше откако почнаа да влегуваа странски газди од се побогатиот Исток. А тие се паркираа во УК, ради бизнис моделите во Сити, не оние на англиските клубови. :)
Во секој случај, останува фактот дека ако ги извадиш парите од англискиот фудбал, аnd you strip it down to its core, останува истиот одвратен, негледлив, полу-рагби фудбал, што ние постарите памтиме дека се играше во Англија во 90ите.
Уште посмешно е што локалците, таа арогантност, си ја преземаа и ја применија и на репрезентативно ниво. Самите се сместуваат во некаков елитен клуб на репрезентации, а имаат успеси на втор ешалон репрезентации. Бразил, Германија, Италија, Аргентина, Франција, Шпанија се друга лига за нив. Можеби затоа цел свет превртува со очи, кога почнуваат да го враќаат фудбалот дома пред секое големо првенство.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.189
Поени од реакции
4.028
Не ви ги контам споредбиве англиска и италијанска лига. :toe: Двете лиги се различни и се игра различен стил на фудбал. Некој играч може да се снајде во едната, а да биде пропаст во другата и слично. Некој ќе се снајде и во двете, а некој нигде не може да се снајде па ќе игра за некој си Динамо Киев, Стеауа, Велешта, Хоризонт Турново...
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.527
Поени од реакции
14.996
А и овој скок во квалитет последните 2-3 години, е најмногу резултат на светска класа тренерскиот и менаџерски кадар кој го собраа, кој нема врска со традицијата на англискиот фудбал. Тие тренери се таму, ради финансиските импликации кои ги носи со себе работењето во Англија, не ради некаква почит кон фудбалската традиција во Англија. Они ја донесоа со себе културата, стилот на игра, концептите, менаџерски вештини, од континентална Европа, од фудбалски далку поуспешни земји и повлијателни фудбалски традиции.
Погледнете ја играта на Сити и Ливерпул, два тима кои ја издоминираа ПЛ последниве 3 години, или играта на Челзи годинава, како да гледаш тимови од Шпанија или Германија. Нема никаква врска со ништо што продуцирал англискиот фудбал во својата историја. Играчите кои ги играат тие системи, се претежно производи на младински школи од Шпанија, Германија и Франција и нешто помалку Холандија и Италија.
Нема, но тоа им беше планот. Собирањето на тренери не е случајно и тоа им е одличен потег, а сега ќе излезе и нивна нова генерација тренери кои ќе работат на тој начин и ќе го унапредат.

А и Италија не форсира некој свој фудбалски идентитет, затоа и на ЕП ги собраа сите симпатии, поради тој шпанско-германски стил. И во лигата има промени, дури и во Јувентус, а тие последните децении се правеа најголеми Италијанци, сега менуваат филозофија.

Англија дури и игра поразлично од нивните најдобри клубови.

А промената на работа кај Англичаните, веќе доведе да создаваат свои фудбалери кои ќе ги играат тие системи.

Маунт и Фоден се меѓу најинтересни млади фудбалери, сигурно во топ 5, а тие се целосно нивен производ. А имаат уште неколку...
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Некој на време си ја има консолидирано лигата, некој уште се мачи со местенки и локални олигарси, јбг. Па после ќе плачеме зашто Англичаните најголема финансиска моќ имале и добивале гледаност и инвестиции.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Уствари најголемиот успех во фудбалската историја на Англија е оваа пр кампања, што исклучително успешно ја тераат последниве 20 години, дека секоја друга лига освен ПЛ е farmers league. И еден куп на морони низ светот, кои не ги интересира многу фудбал, го проголтаа тоа.

Ич не ја разбирам арогантноста на фановите на ПЛ како лига и на англискиот фудбал генерално. Реално, ПЛ е најдобра лига последниве 2-3 години, пред тоа Шпанците ги газеа на секое поле. Примера доминираше со европскиот клупски фудбал претходната декада. Пред нив, 90ите и 00ите, Италијанците доминираа со клупскиот фудбал. А и овој скок во квалитет последните 2-3 години, е најмногу резултат на светска класа тренерскиот и менаџерски кадар кој го собраа, кој нема врска со традицијата на англискиот фудбал. Тие тренери се таму, ради финансиските импликации кои ги носи со себе работењето во Англија, не ради некаква почит кон фудбалската традиција во Англија. Они ја донесоа со себе културата, стилот на игра, концептите, менаџерски вештини, од континентална Европа, од фудбалски далку поуспешни земји и повлијателни фудбалски традиции.
Погледнете ја играта на Сити и Ливерпул, два тима кои ја издоминираа ПЛ последниве 3 години, или играта на Челзи годинава, како да гледаш тимови од Шпанија или Германија. Нема никаква врска со ништо што продуцирал англискиот фудбал во својата историја. Играчите кои ги играат тие системи, се претежно производи на младински школи од Шпанија, Германија и Франција и нешто помалку Холандија и Италија.

Бизнис моделите на англиските клубови се доминантни во однос на клубовите од сите други лиги, тоа е вистина. Тоа им дава финансиска и корпоративна моќ, која им овозможува да го купат успехот и полека да го филтираат квалитетот во нивните лиги. Иако, и таа состојба е резултат на некои нефудбалски трендови. Пример, финансискиот подем на ПЛ вистински стартуваше откако почнаа да влегуваа странски газди од се побогатиот Исток. А тие се паркираа во УК, ради бизнис моделите во Сити, не оние на англиските клубови. :)
Во секој случај, останува фактот дека ако ги извадиш парите од англискиот фудбал, аnd you strip it down to its core, останува истиот одвратен, негледлив, полу-рагби фудбал, што ние постарите памтиме дека се играше во Англија во 90ите.
Уште посмешно е што локалците, таа арогантност, си ја преземаа и ја применија и на репрезентативно ниво. Самите се сместуваат во некаков елитен клуб на репрезентации, а имаат успеси на втор ешалон репрезентации. Бразил, Германија, Италија, Аргентина, Франција, Шпанија се друга лига за нив. Можеби затоа цел свет превртува со очи, кога почнуваат да го враќаат фудбалот дома пред секое големо првенство.
Прва работа има повеќе Англичани во поголемите англиски екипи него ли италијанци во поголемите италјански екипи. Тргни ги тие страници во Италија и исто ќе гледаш одвратен фудбал.
Второ, направи дека англиските екипи немале успеси во Европа пред парите, а статистиката вика дека имаат исто успеси како и Италијанците.
Трето. Италијанците беа првите што почнаа да купуваат успех. Во 90 таа доминација дојде откако фрлавте брдо пари за играчи.

Четврто. Повеќе ми делува дека вие сте тие арогантните. Зборите како демек вие сте тие кај што се игра фудбал додека во островот не. Зборите како биле инцести или што ти знам не. Одредени ликови се понашаат како италијанските клубови ја покоруваат Европа а реалноста е друга.
И го извртувате муабетот дека ние викаме дека другите лиги се фармерска, а тоа вие го правите со Бундес и француската лига. А почне компарацијата со Бундес лигата вие сте тие што викате дека лигата им е фармерска со само една екипа Баерн.
Автоматски споено мислење:

Гол од непостоечки корнер, нели ВАР треба да го коригира ова?
Нема Вар за корнери.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.573
Поени од реакции
5.618
Сеа мојот човек Холеш за 1:1
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.604
Поени од реакции
8.275
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.854
Поени од реакции
12.127
Она во што Англичаните и ПЛ се секогаш подобри во однос на другите лиги е маркетингот. Тука Англичаните се многу подобри, дури и кога имаа пад во квалитетот на лигата тие преку одличниот маркентинг и медиумско влијание успеваа да креираат слика дека не само што немаат пад во квалитетот на лигата, туку дека е најдобра лига во светот. Замислите во период кога во Примера имаше ривалство помеѓу двата убедливо најдобри фудбалери во историјата, со тимови кои ги имаа едни од најдобрите средни редови во историјата кои десет години газеа и во Европа и кои во период од нецели 10 години Барселона и Реал севкупно освоија 7 титули во ЛШ, ПЛ фанбојс мислеа дека дека Премиер лига е најдобра во светот.

До тој стадиум им е добра пропагандата, мнозинството фанови од ПЛ мислеа дека Барса со Меси, Нејмар, Суарез, Иниеста и тн или Реал со Роналдо и компанија би се мачеле во лига каде титула освои Лестер. И се уште мнозинството мисли така, и иди објасни им дека тогашната Барса или Реал во една таква лига титулата би ја освоиле уште во Февруари. И тогаш викаа дека лигата била тешка за освојување, а тоа што тимовите немаа никаков успех во Европа го релативизираа со згуснатиот распоред, :pos: ПЛ тимовите играле на Божиќ, и затоа немале успех во ЛШ и Лига Европа.

Сега пак се најквалитетна лига во светот со доаѓањето на Клоп, Пеп и други одлични тренери во Англија, ама пак далеку од тој квалитет што го имаше Примера во период 2009-2018 година. Овој Сити што гази и ја доминира ПЛ е една класа послаб од Пепова Барсeлона или Реал на Зидан.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom