Уствари најголемиот успех во фудбалската историја на Англија е оваа пр кампања, што исклучително успешно ја тераат последниве 20 години, дека секоја друга лига освен ПЛ е farmers league. И еден куп на морони низ светот, кои не ги интересира многу фудбал, го проголтаа тоа.
Ич не ја разбирам арогантноста на фановите на ПЛ како лига и на англискиот фудбал генерално. Реално, ПЛ е најдобра лига последниве 2-3 години, пред тоа Шпанците ги газеа на секое поле. Примера доминираше со европскиот клупски фудбал претходната декада. Пред нив, 90ите и 00ите, Италијанците доминираа со клупскиот фудбал. А и овој скок во квалитет последните 2-3 години, е најмногу резултат на светска класа тренерскиот и менаџерски кадар кој го собраа, кој нема врска со традицијата на англискиот фудбал. Тие тренери се таму, ради финансиските импликации кои ги носи со себе работењето во Англија, не ради некаква почит кон фудбалската традиција во Англија. Они ја донесоа со себе културата, стилот на игра, концептите, менаџерски вештини, од континентална Европа, од фудбалски далку поуспешни земји и повлијателни фудбалски традиции.
Погледнете ја играта на Сити и Ливерпул, два тима кои ја издоминираа ПЛ последниве 3 години, или играта на Челзи годинава, како да гледаш тимови од Шпанија или Германија. Нема никаква врска со ништо што продуцирал англискиот фудбал во својата историја. Играчите кои ги играат тие системи, се претежно производи на младински школи од Шпанија, Германија и Франција и нешто помалку Холандија и Италија.
Бизнис моделите на англиските клубови се доминантни во однос на клубовите од сите други лиги, тоа е вистина. Тоа им дава финансиска и корпоративна моќ, која им овозможува да го купат успехот и полека да го филтираат квалитетот во нивните лиги. Иако, и таа состојба е резултат на некои нефудбалски трендови. Пример, финансискиот подем на ПЛ вистински стартуваше откако почнаа да влегуваа странски газди од се побогатиот Исток. А тие се паркираа во УК, ради бизнис моделите во Сити, не оние на англиските клубови.

Во секој случај, останува фактот дека ако ги извадиш парите од англискиот фудбал, аnd you strip it down to its core, останува истиот одвратен, негледлив, полу-рагби фудбал, што ние постарите памтиме дека се играше во Англија во 90ите.
Уште посмешно е што локалците, таа арогантност, си ја преземаа и ја применија и на репрезентативно ниво. Самите се сместуваат во некаков елитен клуб на репрезентации, а имаат успеси на втор ешалон репрезентации. Бразил, Германија, Италија, Аргентина, Франција, Шпанија се друга лига за нив. Можеби затоа цел свет превртува со очи, кога почнуваат да го враќаат фудбалот дома пред секое големо првенство.