Другар
@Blizzard (Нексус) кога ќе исплатите ручекот со
@therealgrim што го должите уште од времето на мојновац
???
На таа пара што ја направивте срамота е долгови да влечете
. . . Ако немате кеш сам пиво ќе си платам... Може Грими да те повози со новата октавија до Скопје, а и некоја риба ќе ви сместам . . .
14 цели години по форуми се залагам за транспарентност . . . Тоа сум купил, тогаш продадов... Нема ништо почесно и алал да ви се парите...
Се друго е млатење празна слама и навлекување . . . . За после 1,5 година да слушнам дека се продале македонски акциите, се стварала намерна паника за да се купат на пониски нивоа истите македонски акции... Многу евтин трик.
Всушност македонска берза и не падна повеќе од 15-20%. Така да и немаше некоја паника имаше само кратка неликвидност. И после се појави Чифлиганец и го запре падот...
Не знам како заклучи дека СТБ на 800 денари и НЛБ на 12.000 денари пред 1,5 година беа потценети???? Тоа всушност беа најскапите банки во Европа, а највероватно и во свет тогаш... Ако сакаш да се увериш спореди ја НЛБ (и тогаш и сега) со мајката банка и ќе видиш која е потценета????
@Blizzard при толку биткоини, Тесли, Zoom, Moderna, GameStop . . . . ти се врати да играш СТБ и НЛБ на цени кои во европа се незамисливо скапи??? Човек кој извозел биткоини и тесли, не се враќа на MSE.
Нешто ми смрди тука. Или тогаш лажеше или сега лажеш.
И повторно се враќам на првобитната поента. Малку транспарентност при трансакции не е на одмет... Се друго е чалам и навлекување.
Има еден дечко
@Џек Блек гледам го чита форумов години наназад, па би сакал да го прашам дали научи нешто
???
Има ли навлекувачи, навивачи, инвеститори??? Прочита ли нешто паметно или се лук и вода..
P.S.
Инаку бате Боле после година дена патење во странство успеа да си го поврати капиталот дури и да заработи нови 15-20% . . .
За разлика од
@Blizzard не играв биткоини, тесли . . . Туку стандард Societe Generale и Unicredit. И не ми паѓа на памет да се вратам на MSE на овие ценовни нивоа и на купувам КМБ и ТНБ. А пострашно е што на MSE нема игра туку само некој нелогичен раст на неколку хартии.